Лосион е. Сите нè збуни шишето ама е лосион што се нанесува со прскање. Штом се прснеш, густо е и си го размачкуваш.
Од Белина правам нарачка така што си правам скриншотови од производите, им пишувам на белина на инста во порака, име и презиме, адреса и телефон за контакт. Секогаш е во ред и за ден два стига пратка и си плаќам при достава.
На многу од производите кои се на попуст рокот им е краток, да знаеш... Не можам да тврдам за сите, но досегашното искуство така покажало кај мене.
Ја пробав кремава од тестер и ми се допадна. Убаво упива, хидрира и дава суптилен здрав сјај без да е мрсно лицето. Има ли некој што ја користел подолго или во комбинација со некој друг производ од истата линија?
Поделени се сега на две. Белина е кај што беше првата продавница во Капиштец. Биошоо е во Ист Гејт. Не знам дали имаат исти производи.