Имаат и гел за миење лице од истата колекција. Тој ќе го купам деновиве. Го гледав и тој со витамин Ц. Ама незнам дали е за мрсна кожа. Серум наутро, а крема навечер? Или едно по друго веднаш
Да и гелот го имам користено и го потрошив баш пред некое време, убав беше. тој со витамин ц не сум го пробала, а мислам дрка е за сите типови кожа, според составот овој зелениот би одговарал повеќе на мрсна кожа. Јас и сабајле и навечер ставам серум , па потоа крема (сабајле по дневната крема нанесувам и крема со спф фактор).
Здраво мила, баш ме радува. Вака наутро и навечер, најнапред измиј со гелот за миење, односно чистење на пори, потоа серумот и на крај кремот од Конопка. Доколку имаш време навечер направи и некоја масажа на лицето (дали со помош на прстите дали со ролер или гуа ша). Ова ќе и помогне на кожата во регенерацијата и во подобрување на изгледот и еластичноста. Во едно од моите видеа имам покажано кои точки треба да се стимулираат на лицето за да се подобри состојба со акни и проблематична кожа. Поздрав и обавезно пиши за резултати. п.с. правам едит на ова што го напишав јас мислев дека е гелот за миење на сликата, ова другово го немам пробано еве @koritsaki знае подобро за овој производ. Ти препорачувам да го земеш гелот феноменален е.
@Biodevojka gua sha каде го имаш купено? Инаку и јас го немам пробано пилингот , туку само гелот за лице
Го има во Тесори ди Маре од марката Оливал. Може да го земеш онлине на нивниот сјат или во продажното место одма после Т.Ц. Буњаковец во уличката од лева страна пред автобуската станица (не ми текнува како се вика). Поздрав
Здраво девојки, како да ги комбинирам овие два производи во текот на денот, блогот на биодевојка не можам да го отворам..
Еве линк од постот за овие производи на Биодевојка http://biodevojka.blogspot.com/2021/02/natura-siberica.html Инаку пилингот можеш два пати неделно да го користиш , по миењето на лицето. Серумот се нанесува на чисто лице откако ќе го измиеш , пред кремата за лице
Денес утре. Денес утре, и никако да најдам време да пишам. Од прочитани толку позитивни критики за козметиката на белина. Решив да земам. Ги користам веќе десет дена. Пилингот го користам еднаш на ден, бидејќи и така пишува. Еднаш дневно. Го користам со магичната ракавица на Божен, бидејќи немам четка за масажа. После ставам серум па крема. Јас неможам да верувам колку оваа козметика е погодена за моја масна и проблематична кожа. Ја држи хидрирана и под контрола цел ден. И покрај сите активности околу мало дете и долгите прошетки. И најважно и неверојатно од се. МОИТЕ ФЛЕКИ ОД ЛИЦЕ ГИ СНЕМА Јас повеќе од 13 години имам ужасно испигментирано лице. Цело речиси покриено со грди темни флеки, кои штом пркнеше прво сонце, никнуваа ко печурки на лице. Незнам што не пробав. Но ете, оваа комбинација ми ги избриша сите флеки. Јас сум стварно изненадена со оваа козметика.
Кремата е навистина одлична , туку кажи ми овој пилингот се суши на лице и се вади како маска или? Како оние peel off маски е нешто? Зошто едно видео гледав на тик ток и така го прикажаа пилингов и баш се зачудив.
Неее. Пилингов е геластни воопшто не прави дури ни пена.Па се мислев дали се плакне Повеќе ми е како гел за миење, што не пени.Повеќе пена прави серумот. Јас сум користела само пилинг со гранулин до сега. @koritsaki Сега прочитав за пилингот. Се нанесува на влажна кожа, да стои 5-10 минути и се плакне со вода.
Не,од оваа линија нема серум. Единствено тој двофазниот, маслениот. Ама само мислам дека не е за мрсна кожа.
Пред два дена кога направив нарачка немаше серум, денеска видов слика и го имале само во ДМ, немале онлајн за нарачка, штета.
Поголемиот дел од производите кои сакам да ги нарачам им се sold out , испратив моја меил адреса за кога ќе бидат available. За колку време ќе бидат во можност повторно да се нарачаат? Зошто не сакам да чекам многу
Здраво девојки првпат направив нарачка од Белина, дали треба да ми стигне на е-mail потврда за нарачката и дали треба да внесам адреса или само градот е доволно?
Треба да стигне email дека е процесирана, и треба адреса и град да напишеш инаку како ќе ти ја достават до врата? И телефонски број за да те контактираат.