Напишав град и телефонски број, мислев дека ако оди преку карго нема потреба од адреса, досега преку карго јас сум одела да си земам. А сега значи нарачката не ми е направена штом не ми стигна email?
Зависи што опција си избрала до дома или до база? На самиот профил треба да пишува дали е процесирана,ако ја правеше денес може треба ден два да биде процесирана.
Еве вака тоа со црвено ги пополнав и градот долу. А сега кога ја отворив страницата си стојт нарачката во кошничката.
Препорака за спф крема за мрсна кожа? Пробав две тестерчиња на Мадара ама тешки ми се кремиве, кога ќе се допрам ми лепи лицето
За маска, таа од волчји трн. Предобра маска. Пак би ја купила. https://www.bellina.mk/p/595/oblepikha-maska-od-volchji-trn-za-oshtetena-kosa-300-ml?category=27
Јас пробав и тестер од кремата за очи од оваа линија и одлична е, ама уште ја нема во фул пакување. Ја земав таа со капина и таа е убава. Чекам и една ноќна крема да ја добијат ја меркам да ја земам. Мисалм дека имам нов фејворит бренд
Не ги нема сеуште. Јас овие ги чекам, а прашував и не знаеа кога ќе биде нареден увоз од овој бренд А оваа ја користам во моментов и убава е. Убава текстура, убаво се нанесува и убава и мека ја чувствувам кожата по нанесување
@Ano за 3-4 недели ќе добијат нови производи од Mossa, завчера ги прашав. Сакав да ги порачам дневната и ноќната крема од линијава погоре ама ги нема ни двете. Па ја порачав кремата за очи со капина и серумот од линијата на првата слика , па кога ќе ги донесат кремите погоре здравје ќе ги порачам.
Супер ако ги добијат скоро. А сподели од серумот како ќе ти се допадне. Го гледав и јас, ама имам многу серуми за дотрошување и непочнати. Сега сакам тој пукногенол да го почнам, да видам каков ефект ќе има
Да, исто и јас сега користам серум од новата линија Kamchatka на Natura siberica, има супер цена и е баш мат кој има масна кожа и бара серум што е навиатина мат , да го проба овој на kamchatka, а кога ќе го потрошам тој, ќе го почнам другиов на Mossa.
Освен во Белина, каде на друго место има препаративна козметика со добри состојки? Некако со набавка на производи многу лошо стојат, неможам секоја нарачка од еден производ залихи да имам, некогаш со месеци нема некој производ