И јас потврдувам за тој со лаванда, овој е за комбинирана мрсна кожа, тој што си го земала е за сува кожа
Да знам, го имав тој порачано, наредниот ден ми се јавија и ми кажаа дека го нема повеќе и незнаат кога ќе го има и ме прашаа дали го сакам овој за нормална реков океј зашто претходно знаев дека содржи камилица и реков ајде ќе го пробам, секогаш си земам производи за мојот тип кожа барем свесна сум за тоа.
@koritsaki Девојки, јас го имам пробано млекото за чистење на лице и пената. Млекото беше фино и нежно, но јас лично преферирам пена за чистење. Пената е исто така супер, ја купив за либе првично но ја пробав и јас неколку пати. Исто така е супер нежна а убаво чисти. Јас сум со нормална кожа моменално, тој со масна, па и двајцата бевме задоволни. Јас потоа се префрлив на Новексперт, пената со витамин Ц. Мислам имам пишувано за неа, преубав производ е. Го имам исто така пробано млечниот чистач од Новексперт, но некако како да ми се масти Т-зоната од него. Можеби ќе ми биде добар за ладни денови во зима. Кога сум веќе тука да ја пофалам и мицеларната вода од Новексперт. Исто така преубав, нежен производ, супер си ја врши работата. Не ми се појавува никакво црвенило на лицето по чистењето (а сум имала таква реакција од други мицеларни), баш напротив. Го користам и Витамин Ц серумот, преубав производ. Само да прашам, дали смее да се користи на подолг рок? Да знам дали да нарачувам ново шишенце по ова.
True Alchemy се едни од подобрите линии за скинкер така што кремата и серумот се многу фалени, од гел јас го имав тој со протеини и ми се допаѓаше.
Немам користено пилинг до сега, на Белина видов некој пилинг зелено шишенце со Аха киселини. Имам кожа склона кон акни, дали би ми одговарал?
Девојки имате користено некоја од овие креми да споделите искуство? Ми треба убава дневна и ноќна крема за осетлива комбинирана кожа
Ноќната црната на Натура Сиберика ја имам супер ми е, ми дава хидратација на лицето, кожата ми е мека, без дополнително да ја масти
Црната крема има малку погуста текстура и нуди богата хидратација,ја користам една година и сум презадоволна. Многу ми се допаѓа што не ми го мрси лицето. Ноќна крема е. За дневна крема ти ја препорачувам од истава колекција ко ноќната Софора Јапоника, која е полесна од ноќната но брзо се впива.
Ја имам користено Snow cladonia ,мене многу ми се допаѓаше , иако имам мрсна кожа ми одговараше, хранлива е особено ноќната. Доколку си над 30+ пробај ја таа. И таа Sophora japonica ќе ти одговара.
Здраво, Сакам да прашам дали ги имате користено производите на true alchemy? Како ви се допаѓаат, подетално сум заинтересирана за шампонот за раст доколку некој го има испробано ве молам за мислење
Маска,тоник,серум,крема што било нешто да ми предложите за акни , брунчиња и флеки од акни? Ова сакам да го порачам и плус уште нешто да ми препорачате?
Тоникот и серумот од зелената линија на Береза Сиберика. Ако имаш мрсна кожа можеш и гел-кремот од истата линија како хидратантна крема на крај.
Тоник- Зелениот од береза Сиберика Серум- Ако имаш акни салицилна киселина + хујалуронска киселина Крема- исто од зелената линија гел кремот за лице Серум плус за флеките можеш витамин Ц наутро плус крема со спф,а навечер да ставаш од серумите за акни.
За акни можеш да го пробаш и сапунов маска, ова ми е второто пакување како го користам многу ми се допаѓа. Лосионот на береза сиберика е супер. Друго , можеш ова ако сакаш 3во1 е и гел за лице и маска и пилинг За кремата на Береза , ми беше малку чудна, не знам зошто имав чувство на потење и затоплување од неа..
Кој серум ќе ми го препорачаш? Овај од зелената линија на Береза Сиберика што ми го препорача @Reina.Gitana го имаш ти пробано?