Бели лаги

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ceca-1, 15 јули 2012.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    5.082
    Дали употребувате бели лаги и дали ги опревдувате?Или сметате дека лага си е лага?На пример другарка ти си купила фустанче но тебе не ти се допаѓа.Дали ќе и ја кажеш вистината иако знаеш дека можно е да ја навредиш или ќе и кажеш дека супер и стои т.е. бела лага?Дали белите лаги имаат некакво значење и што всушност кажуваат за човекот?
     
  2. rikita7

    rikita7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Јас секогаш настојувам да кажам точно и искрено што мислам.Ма да имам приметено дека на постара личности и да не и стои нешто неможам да и кажам,и често знам да излажам,најверојатно ради почит. А вака на другарки секогаш им кажувам со што запазувам да кажам дека тоа е само мое мислење па ти како сакаш. :) Зошто каква другарка би била,ако не и кажам искрено дека изгледа како кловн,или слично?
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    тотално се согласувам со rikita7 и јас исто така :D
     
    На rikita7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    3.208
    Пол:
    Женски
    Ниту бели ниту никакви лаги не практикувам, го кажувам тоа што го мислам, подобро човек да знае што и како мислиш за него или неговата облека сеедно, отколку да го залажуваш, искреноста секогаш е добредојдена. :)
     
  5. Anna-Karenin

    Anna-Karenin Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    289
    Toa е тоа "PIA FRAUS" - добронамерна лага за да не ги повредиме најблиските.
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    3.066
    Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат?

    Секогаш има начин и начин нешто да се соопшти. Генерално, се трудам да кажам што мислам искрено, но при тоа зависно од ситуацијата се трудам да одберам соодветни зборови. Не ми успева секогаш, но сметам дека континуирано климање на главата и кажување само на она што другата страна сака да го слушне не е добро за личниот развој ниту за едната ниту за другата страна.
    На форумов пак си кажувам подиректно што си мислам, па макар моите ставови биле непопуларни кај мнозинството. Од тапшање по рамо нема корист ако бродот тоне или не мрднува од мртва точка.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.173
    Пол:
    Женски
    Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат?

    Кажувам што мислам и чувствувам, но внимавам на каков начин тоа го кажувам,а не она што сакаат другите да слушнат.Бидејки ако им кажам тоа што сакаат да слушнат, порано или подоцна ќе дознаат дека сум ги лажела, без разлика за што станува збор.Нема фајде ако човек кажува тоа што другите сакаат да слушнат, само оставање на лош впечаток за себе си, ништо друго.
     
  8. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    601
    Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат?

    Ако тоа е реалноста немам проблем да го кажам, ама ако пример другарка ми лудува по некој тип а тој не знае за неа дека постои, не ја примеќа не можам да и кажам .. еее јас мислам луд е по тебе..
    Или за гардероба, изглед.. во било која ситуација јас го кажувам тоа што го гледам и мислам оти знам како е некој да ти го кажува тоа што сакаш да го слушнеш, а после да ја откриеш реалноста па да не можеш да се свестиш.
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.390
    Допаѓања:
    29.670
    Пол:
    Женски
    Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат?

    Никогаш не кажувам нешто што сакаат другите да го слушнат, туку едноставно си го кажувам моето мислење
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат?

    Секогаш го кажувам она што го мислам.Значи сум искрена.Не сакам никого да лажам,затоа што не сакам и мене да ме лажат.
     
  11. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат?

    Со некого којшто го запознавам неодамна, знам да прикријам некои работи, меѓутоа, ако се спротивставам со нечие мислење или ако на пр. не ми се допаѓа фустанчето на другарка ми, знам да и кажам, иако сум свесна дека и јас на нејзино место не би сакала тоа да го слушнам. Знам некогаш и да го кажам тоа дрско, иако не било потребно, но ете, таа сум и неможам да се сменам.
     
  12. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Значи додека не се знам уште толку многу со некој, се трудам да имаме слични или исти интереси за повеќе да се зближиме, сепак не користам толку многу глума. А со оние поблиските, во последно време и кажувам се искрено и гајле ми е, прашуваат за мислење- го добиваат. ? |(
     
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    Овие бели лаги како што ги нарекувате воопшто не се опасни зошто на пример другарка си купи фустан и мене ако не ми се допаѓа да и кажам стварно не ми се свиѓа? Ќе испаднам љубоморна или незнам што. Подобро ќе кажам убав е да не и го навредам вкусот зошто секој си има различен вкус нели.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    3.066
    Ваквите ситуации се малце незгодни, ама ако речеш бела лага дека ти се допаѓа тогаш другарка ти или од некого кому таа кажала дека имате ист вкус за фустани - можеби утре ќе ти дадат на поклон таков фустан за роденден и сл.
     
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    Еее да може да биде зезнато па ќе мора да го продадам фустанот после хаа
     
  16. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    221
    Се тоа е ок, но зашто да кажеш лага кога можеш да и кажеш дека е добар само не по твој вркус, дека сепак имате различен вкус и глупо е сеа да и кажеш не е убав кога сепак тоа е по нејзин вкус.
    Нема потреба од лажење и измислување ако сте навистина блиски другарки. Можете едноставно се што мислите да го кажете, а она ако е другарка ке свати. Сепак се работи за различен вкус.. :)

    А што се работи до мене.. Секогаш ја кажувам вистината. Таква сум, најмногу што ми смета е лага па макар и бела била. Сум кажала на сите што треба да знаат дека повеке ке почитувам ако се искрени па дури и да ме повреди тоа. одколку да ме излажат дека е се убаво, добро и такви слаткоречиви зборови. Секогаш искреноста ми е пред се’. :)
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.287
    Користењето бели лаги значи дека си оној вид на „личност“ кој луѓето го нарекуваат „дволична личност“. Нема потреба да се крие вистината. Луѓето кои вредат доволно да ја слушнат вистината нема да се налутат, а оние другите не вредат доволно за да го слушнат моето мислење. ;) ;)
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.840
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    И јас.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.611
    Допаѓања:
    48.911
    Пол:
    Женски
    Сите ги користиме малите лаги, но сепак за мене лага е лага и се лутам кога некој ме лаже. А верувајте дека многу можете да смените ако искрено кажувате се. Кога некој не крие ништо од мене и се ми кажува, тоа ме прави подобра личност, ме замислува и ми е поттик да сменам нешто, да поправам.
     
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Лагата е лага, но понекогаш има моменти каде е неопходно да се употреби бела лага, за да се спаси некоја ситуација. Белите лаги ги сфаќам како незлонамерни. Но, сепак генерално не е добро да се лаже и треба да се трудиме да не лажеме.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.