Ваква тема барав барав ама не најдов ако има избришете ја... феминки дали кога имате менструација првите 3 дена како најкритични имате носено бели пантолони и сте се чувствувале пријатно... јас немам носено баш заради тоа па сакам да видам ваши мислења
Бели пантолони кога имате менстурација Да, ако знам дека за брзо време ќе се вратам дома или пак тампон му е мајката
Бели пантолони кога имате менстурација Ау, не. Еднаш памтам како свежо менструирана особа на 13 години облеков бели пантолони и се најде една паметна од маало да ми ја примети влошката. Од тогаш немам облечено. А и онака сум огромно пискало за такви работи. Јас темно носам па само чатам како осеќам дека ми претекло, па треба по 10 пати во пола саат да ме убедуваат дека нема ништо.
Бели пантолони кога имате менстурација Имам само едни бели,и тоа се за лето,односно кратки пантолони. И нема шанси да се решам да ги носам додека имам менструација. Едно,јас нема да се осеќам убаво,цело време таму ќе ми биде паметот,друго не сакам да мислам дали некој ќе ме забележи,па ова па она.. Памтам,еднаш мајка ми кажуваше,порано кога била во Белград и седиме вика сине,на една клупа со една нејзина другарка и поминува една бомба,јазикот да ти падне,скоцкана,се,али носела бела суќна. И вика,како помина,кога ја видовме позади,имаше што да видиме. На,волкава црвена лочка,а таа преубава..
Бели пантолони кога имате менстурација имам носено голем љубител сум на белата боја така да сум носела и во тие критични денови, но сепак повеќе обрнувам внимание кога сум во бело одошто кога носам некои потемни панталони
Бели пантолони кога имате менстурација Јас тампони носам ама нема шанси светло да носам, оти и тампоните знаат да протечат, па ако се изместила секојдневната улошка случајно и ете ти срамови. Мене еве со набиен стаж од менструирање никогаш не ми протекло на облека, ама ако облечам бело гарант баш тогаш ќе најде да се деси. И да не се деси јас по цел ден ќе се вртам кон огледала од страв, ќе се мислам, на штрек цело време, не бе, не си ја барам бељата, си седам мирна и тие денови не носам светли бои.
Бели пантолони кога имате менстурација Јас носам без проблем. Немам обилни крварења и носам и светли мантолони за време на менструација. Значи не стално, ама ако има потреба да облечам бело или општо светла боја можам, без притоа да се вртам, допирам и мислам цело време...
Бели пантолони кога имате менстурација Hосам ако сум на кратко излезена,иначе неможам на подолго време не заради нешто друго туку умот ми е цело време тука,и ќе морам на секое да прашувам дали имам нешто...
Бели пантолони кога имате менстурација Имам носено и бели панталони и бела сукна ама само со тампон. Ако не сакате тампони не облекувајте бело оти може да ви се оцрта знамето на Јапонија одпозади... а баш грдо изгледа
Бели пантолони кога имате менстурација многу ретко зато што имам доста обилни крварења а со тампон не ми е баш удобно
Бели пантолони кога имате менстурација користам always не ми прпуштило коа сум излезена среќа ама бели панталони кога имам сепак
Бели пантолони кога имате менстурација Какви бели, уште тоа ми фали, по пижами цел ден Не, немам облечено тогаш, а и не ни планирам, што си е сигурно, сигурно. Барем првите три дена, за после не е никаков проблем.
Бели пантолони кога имате менстурација Аууу..никогаш не сум носела и нема ни да носам. Јас и црни панталони кога носам , цело време таму ми е паметот, а не па со бели. И плус многу обилно крварење имам, така да не ми е сигурно
Бели пантолони кога имате менстурација Немам носено првите 3 дена, ниту ќе носам. Секогаш носам или фармерки или црни пантолони. Првите 3 дена е проблемот, потоа немам гајле
Бели пантолони кога имате менстурација Не не не фала! Ни бели панталони ни сукња ни фустан, ништо бело, дури и крем избегнувам и други светли нијанси. Не се чуствувам убаво да имам мензис и да носам светло. Не можам јас да ја регулирам менструацијата, од кај знам која обилност ќе ја имам тие саати кога ќе сум излезена Секогаш одам на она сугурно си е сигурно, а белото во случајов нималку не е сигурна опција.
Бели пантолони кога имате менстурација и јас исто не сум носела бело кога имам добиено ниту пак ќе носам, и кога носам фармерки на пример ми е страв нешо да не се познава а не па со бело нема шанси
Бели пантолони кога имате менстурација Ниту носам бели паналони/сукња, ане пак кога имам менструација. На црни панталони се правам целата лом, цели столови во школо ги правам( да се има трага од мене, како ) .
Бели пантолони кога имате менстурација Јас немам обилно крварење и носам и светли бои но само со тампон и секојдневна влошка
Бели пантолони кога имате менстурација Никогаш нема ни да се осмелам А и немам бели панталони не сум голем обожавател на бели алишта,мене страв мие кога носам црни потемни бои панталони да не ми се види нешто а камоли бели да ставам,секоја чест на тие што се осудуваат