Бели пантолони кога имате менстурација Имам 2-3 пара бели панталони, и обично избегнувам да ги носам за време на менструација, особено во првите 3 дена, кои се нели најкритични. Ама неможам да кажам дека не сум ги носела и во тие денови, еве последниот пат ги облеков, ставив тампон и за среќа не ми се случи ништо несакано.
Бели пантолони кога имате менстурација Често носам бели пантолони кога имам менструација. Си се сакам многу во бело Немам некоја обилна менструација така да немам гајле
Бели пантолони кога имате менстурација Немам бели панталони, меѓутоа и да имам, не би ги носела, а посебно не во таков критичен период. Не дека имам некоја којзнае колку обилна менструација, ама шашава е, ја фаќаат матни води, башка посигурно се осеќам во потемните бои, и во никој случај не би изведувала експерименти со тампон и секојдневна влошка - шубе ми е да не случајно претече, па ќе се сликам после таква излочкана.
Панталони многу ретко носам, имам еден пар бели и ги имам облечено само 2-3 пати до сега. Посебно во тие денови не би ми паднало на памет да облечам бели панталони, паметот би ми бил само да не оставам позади мене црвена дамка Инаку и јас обожавам бела облека, се чувствувам најпријатно во неа ама во периодот кога имам добиено избегавам сукњички и фустани во бела боја, за секој случај
Па јас немав баш многу крв последниве 3 месеци и си ставив два-три пати бели пантолони за в чаршија.И се си беше во ред. Инаку да имам многу крв и не би ни помислила
Ау не.Не можам јас да се плашам на секое дан сум со флеки Едноставно не се осеќам пријатно да носам бели пантоли ко ќе имам добиено.Под стрес ќе сум
Кхм, кхм, кхм... тоа не е за мене-не благодарам . Јас се правам лом и во темно, не дао ми Бог да облечам бело, има да бидам како јапонско знаме кога ќе ми се направи црвена точка на мојот задник. Никогаш не е морално да носам бели панталони, поготово не кога имам менструација. Во тие денови избегнувам да носам и сукњи, едноставно црни хеланки или темни фармерки ми се стандарден аут-фит за време на менстрација, во се друго би ми било крајно неудобно.
Нема шанси... имам баш обилно крварење, влошка се познава на бело, со тампони немам пробано.. ама не само првите 3 дена туку цело време додека имам менструација не носам бело. Тоа шо не се чувствувам убаво и пријатно е само пропратна причина, веројатноста дека ќе ми протече е џиновска... а бело обожавам, омилена боја ми е, ја носам сите останати денови од месецот
Па... и јас, како Домино, немам обилен мензис и си носам. Е сега бидејќи се бели, си облекувам боксерици и гајле немам.
Можеби и нема да се направи некоја природна катастрофа ако носам, но што си е сигурно сигурно си е. Преферирам темни бои за време на посетата. Всушност, и не излегувам воопшто во мојот најкритичен ден, ама како и да е, и дома не носам бело
Сум носела посветли бои на пантолони за време кога имам ’гостинка’ ама откако на другарка ми и’ се деси катастрофа се збогував од нив се дур не си замине. Учам на туѓи грешки
Епа зависи од дебелината на панталоните. Ако се малку подебели и не многу проѕирни можно е да облечам ама дури 4-5 ден, првите нема шанси. А ако се оние ултра тенки и проѕирни панталони не ги носам воопшто во тој период.
Ако ми одговараат на некој комбинација си носам, независно кој ден ми е.Ќе си ставам тампон, секојдневна и заборавам дека имам добиено.Досега никогаш немало непријатности
Па искрено и не преферирам бели панталони Но носам светли бои па и да си признаам немам голем проблем тогаш ми тече многу малце така да не е ништо срашно и да облечам
Изгледа само јас носам бели пантолони за време на критичниот период Другарките ми се чудат како фурам бели пантолони и тоа и на прв, втор, трет ден без мака.. Не ми се има десено катастрофа до сега, се надевам и дека нема, но јас добро си поминувам со белите пантолончиња.. Совет: само почесто се проверувам и тоа е тоа
Нема шанса! Страв ми е! А, налето многу сакам да носам бело Еднаш во животот додека бев средна школа, се `бојадисав` носејќи обични фармерки , и оттогаш ми е влезен стравот, па повеќе пазам.
И јас немам проблем да носам бели панталони кога имам добиено. Не знам, дури и повеќе носам тогаш отколку кога немам И како што кажа Name, само малку почесто проверување и внимавање, и нема проблем Барем јас не сум имала до сега.....
сакам да носам бело, но во тие денови ми е страв од некоја несакана ситуација јас како што сум магнет за малери- гарант ќе ми се случи нешто непријатно