Сакам бели и си носам без проблем Никогаш не ми се случило да се исфлекам, секако внимавам.. Еве денес носев бела суќна, а имам добиено
Може, но строго по последните денови од циклусот. Инаку нон-стоп би била на штрек и на секои пет минути ќе треба да се проверувам..
Јас и вака и така не носам бели панталони, не па кога имам добиено. Белата боја ми е премногу одбивна, не знам зошто. Плус сум многу несмасна, така што сигурно одма би ги исфлекала (не мора менструацијата да е причина за флеката).
Имам кратки бели пантолонки, и ги носам често, оти ми се многу комотни. Дали имам мензис или не, нема врска. Иако имам обилна менструација, сепак внимавам да не ми протече.
Не носам бели панталони при таква пригода! По дома си носам и куси панталони и се ама кога излегувам од дома си облекувам црни панталони или фармерки Не би ризикувала до толку!
Неможам да носам бели пантолони кога имам менструација, нема да се осеќам убаво а и цело време ќе мислам на тоа, сеа ќе ги издржам тие денови па после ќе си носам.
Не носам не дека ми е страв да не се извалкам но ете не ми е дошло баш до бели панталони за време на менструација!
Никогаш не ми се случило да ми претече, али јас не би ризикувала. Можеби би носела но во последните денови од циклусот.
ауу дефинитивно не ! би сакала ама не можам. навистина имам премногу за да можам тоа да си го дозволам. а не само бели. не носам ни во други светли бои.
Имам носено и не се плашев да не ми протече. Немам проблем да носам бели или некои светли пантолони во тој период, али у последно време пробувам да носам темни пантолони
Не би ризикувала, првите два дена можам да направам до толку комбинација да одам на потемен тексес или било што во потемна боја.
Не памтам да имам носено бели пантолони кога имам добиено. Не ми пропушта никогаш ( ок де, ретко, скоро никогаш ) но сепак за поголема сигурност не носам..
избегавам да ги носам кога имам добиено, не ми е удобно цело време да се мислам дали сум се направила лом
бели пантолони не никако!..јас цесто и првиот ден сум дома,ем болки ем имам малце повеке.....а мозеби би облекла али некаде последен ден...
не би практикувала да носам бели панталони со добиено ,стално би ја прашувала пријателката имам нешто позади ај види? нема јас да се осеќам убаво како прво а уште кога ќе седнам најубаво си се чувствувам кога сум облечена во црни панталони и да ми се случи некој инцидент не обрнувам многу внимание
Дефинитивно едно огромно НЕ! Еднаш облеков и тоа за до продавница и како за беља лом се направив, а и бев сигурна дека ме забележаа на улица. Срамови И од тогаш памет во глава - Бели пантолони на добиено НЕ!
no way! мене ко што ми е обилна менструацијата па уште бело да облечам колку и да пазам сепак може да се случе нешто непредвидено