Секогаш, ама баш секогаш ми се случува да бидам облечена во бели панталони кога така изненадно ќе ми дојде периодот За среќа, никогаш се немам извалкано бидејќи секогаш сум доста внимателна (најмногу при седење). Па така да, не би препорачала носење бели панталони за време на, да речеме првите 3 дена од периодот. Последните 3-4 дена, не се толку критични. Поздрав
Белите панталони за време на менстуарлниот циклус воопшто не ми претставуваат проблем. Секогаш си носам без гајле. Ама пред тоа добро ќе се осигурам за после да не бидам избламирана од неочекувани дамки.
Немам проблем да носам бели панталони кога имам добиено. Едноставно секогаш си носам влошка со мене и да добијам одма ќе ставам на мене
Никогаш! Мене ми тече како на слонче, па и да менувам 65493 влошки на ден, се наоѓа таков момент да претече! И да не е толку обилно, сепак ќе се осеќам непријатно, и само ќе се гледам во некое огледало, дали ми претекло!
Не ми е јака менструацијата , ама не се осмелувам да облечам бели панталони , никако , се е можно , не дај боже да ми протопи
Бели пантолони воопшто не носам, не знам зошто. Ама ете носам кремасти, а за време на менструација нив ги одбегнувам. Не ми е сигурно, па цело време ќе се чувствувам неудобно.
Eee тек тогаш би било хорор! Нема шанси, од причина што имам премногу обилно крварење и сигурно лом би ги сторила а и на нив повеќе се познава и гаќички и се а тоа најмногу мразам, уште влошка да ми се познава
имам носено и тоа вториот ден кога ми е најобилно,и не ми протекло никогаш баш летниов период се изнаносев бело во тие денови
не носам како да не можам да издржам тие денови па мора тогаш бело да носам или др светли бои носам темна облека и ич да не се замарам а не да прашувам цело време да не сум се измацала
Немам храброст да ги облечам.Јас чекам да ми заврши менструацијата за да облечам бели панталони за да бидам сигурна дека нема да се изненадам.Така да нема шанси
Ретко носам бели панталони и не знам зошто секој пат баш кога имам добиено сакам да ги облечам и ги облекувам..пуста желба
Најискрено до сега не сум облекла бели панталони,а обично кога сум со тоа носам црни панталони или фармерки