Не поседувам бели панталони, но затоа имам во други светли бои. Како и да е - нема шанса. Не дека не би внимавала, но ќе се замарам на секоја минута да не случајно се имам направено лом. Затоа и си бирам потемни, вака барем колку толку главата ми е по раат.
Сум носела.. ништо чудно. А имам обилна менструација. Најчесто користам тампон и досега сум немала несакано изненадување
Кога имам добиено НИКОГАШ не носам фармерки какви и да се... па дури и во зима.. секогаш носам сукњи или фустанчиња.. едноставно неможам не се чувствувам удобно..
Чисто бели панталони немам, но светли фармерки си носам и кога имам добиено.Со оглед на тоа што не ми е многу обилна, немам проблем.
Може но само до комшилук или на гости кај мои блиски но на подолго патување излегување навечер или ако треба да се задржам повеќе од 3-4 чса нема шанси. Никогаш не ми се случило да ми протече ама едноставно не се чувствувам лагодно, имам чувство како сите да зјапаат во мене и дека нешто не е во ред. Уствари ве излажав, ми се случи еднаш на почетокот кога почнав да добивам на роденден кај една другарка да му помине малку ама за тоа самата си бев крива. Бев детиште некаде 8 одделение и имаше еден тип што ми се свигаше и јас затрескана во него си викам, ај уште малку ќе поседам уште 5 минути... и кога станав имаше што да видам, на ќебето на креветот на кој еден имаше мал круг некаде пречник околу 2cm. Носев темни пантолончиња и на мене не се познаваше ама на кебето Додека излегов никој не забележа ама дури и сега кога ќе се сетам на тој блам пропаѓам во земња. Можеби многу од вас ќе ме осудат или ќе кажат како си можела да дозволиш да ти се случи такво нешто ама со сиот ризик да испаднам глупа и да бидам мета на потсмев решив да ви ја раскажам оваа случка. Кога преживеав тогаш ќе преживеам и сега.
Бели панталони во тие денови нема шанси. Никогаш не ми се случило да ми протече, но сепак не се чувствувам удобно
Мене ми е страв да носам бели и кога немам, па да седнам негде и фиран на гз да се напраам, а не пак кога имам..
Јас сум смотана личност, и кога немам добиено правам лом бели панталони Плус имам дебели бутови, и колковите ми се непропорционално широки, па носам само темни. А штета, многу ми се допаѓа како изгледаат.
Нема шанси. Постојано ми се увртува филм на надојдена река . ,,Кад погледна иде Дунав,, Божем у скеч сум стаена.
За напишаното во првата реченица, ќе ти кажам дека согласувам и се пронаоѓам, а за онаа втората, само ќе се насмеам и ќе ти кажам - те молам, те молам, не си умислувај !