1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бели пецива

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од aNy-to, 22 јули 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Дали ги сакате и колку сте зависни од бели пецива?
     

    Прикачени фајлови:

    • kolac.jpg
      kolac.jpg
      Големина на фајлот:
      31 KB
      Прегледи:
      2.143
    • lisnata-pta.jpg
      lisnata-pta.jpg
      Големина на фајлот:
      18,6 KB
      Прегледи:
      2.143
    • pletenki.jpg
      pletenki.jpg
      Големина на фајлот:
      37,6 KB
      Прегледи:
      2.144
    • testenini57hrana.jpg
      testenini57hrana.jpg
      Големина на фајлот:
      35 KB
      Прегледи:
      2.144
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Не да ги сакам- абе просто ги обожувам. Тоа е и нашата традиција, питите и зелниците се дел од нашата македонска кујна. Јас секогаш попрво би одбрала некое вкусно пециво, зелник или бурек отколку најубавото месо.

    Знам понекогаш и да замесам нешто, сукам ама незнам да правам зелник со тегнати кори.
    Ако некоја девојка знае слободно нека напише како.
    Јас најдов рецепти за тоа како се прави тестото за тегнење кори- демек се е исто само не се става квасец туку 2 лажици оцет. Продав да правам, корите ми се тегнеа ама зелникот беше ептен тврд. Стварно незнам што му беше грешката или грешките :tmi: :lol:
    Па девојки уште еднаш ќе ве замолам споделете некој рецепт за домашни бели пецива.

    п.с. Браво за темата
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    И јас многу обожавам бели пецива. Особено наутро како ми е убаво да си каснам мх мх :D
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.743
    Допаѓања:
    32.094
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да јадам бели пецива. Пити, бурек, пирошки, кифли, лиснато, перек, ѓеврек, и др.
     
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    i jas.....mmmmmmm
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    додуша само тоа знам да готвам најдобро :lol:
    и секогаш е послатко кога самата ќе го направиш .. :$
     
  7. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    и јассс .. бурек порано колку сум јаделаа, страшно .. затоа сега сум крава :D :D
     
  8. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    ај...едноставно ги обожавам....јадам и бурек и зелник и кифли се што е од бели пецива..... :) мх мхмх....
     
  9. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    обожавам бели пецива особено пица-бурек листано со шунка,кашкавал,печурки и кечап и ѓевреци
     
  10. Tikve

    Tikve Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Обично тесто, брашно, квасец, малку сол, вода, го месиш средно јако тесто и сучиш помали и дебели кори колку пола прст дебелина и ги премачкуваш со слој масло (малку повеке ) и една врз друга, и потоа само ги тегниш на чаршав за да можеш потоа лесно да ја собериш кората.
    Се надевам ме сфати :) и можеби ке направиш во скоро хехе :*
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ОБОЖАВАМ бели пецива!
    Особено тие кифличките мајка ми што ги прави, да ме закопаш во нив ќе излезам.
    И додека одев на школо, секогаш тоа ми беше доручекот - трк до најблиската пекарница.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Тикве ти ова го напиша од гледање или си ги правела така :^) Ако не ти биде тешко објасни ми го целиот процес детално, па да пробам некој ден да ги направам.

    Добредојдени се совети и од други домаќинки за “проблемов“
    :*
     
  13. Tikve

    Tikve Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Правено, докажано и вкусно :)
    Кило брашно, 1 квасец(зафатен предходно), малку сол за печење, млака вода. Го замесуваш тестото не мн јако но и не премногу меко. потоа правиш топчиња колку тупаница од раката и ја расукуваш малку (дебелина колку прстот нека биде, или малку потенка) ја ставас во тава и ја премачкуваш со подебел слој масло. И секоја следна кора ја ставаш една врз друга. Потоа ке почнеш од таа што си ја ставила прва, и ја тегнеш... е сеа внатре можеш да ставиш што сакаш: сирење, спанаќ, кромид итн итн. и ја собираш кората. :) Се надевам овој пат ме разбра, па пробај или припрашај :) не е мн тешко а е вкусно ммммммммм нјам нјам
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Па чекај бе, јас мислев дека стомачево ми е од друго, ама нееее...само од тесто ми е :lol:
    Шала на страна, белите пецива ми се препревкусни, омилени, лиснати, киснати, кифлички, мазници, зелници, буреци, се јадам, се обожавам. И секако највкусни ми се оние на мама и моите, што мераклиски ќе си ги направам сама. Ете вчера имавме киснато, локумчиња по старо, мхмх, со јогурт, или домати, превкусно. Најомилени ми се кифличките внатре со сиренце и озгора со сусам и оригано, пресно извадени од рерна, да чадат, а јас да лакомам :$ :lol: :D
     
  15. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Просто ги обожавам :) Највкусни ми се зелникот,кифлите,суканото,питите што ги прави мама.Исто и јас убави кифлички правам :D Нема пекара во градов јас кај што не сум јадела.И секој град и држава кај што сум била пола впечатокот го создавам од белите пецива :$ :D
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Тикве ќе го пробам рецептот некој ден, па ќе ти кажам критика ;)
    Фала во секој случај.
    Само имам уште едно прашање- дали откако ќе се испече се вади тавчето и се става врз него влажна крпа за да биде меко или се остава така да седи? Јас еднаш не го покрив и беше камен :D Сега да го покријам или не?
     
  17. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Да можам, само ова би јадела!
    Пита со сирење, пирошка, ѓеврек, перек, чешел од Вегера :) , бурек со спанаќ, ама врхунац ми се кифличките од баба ми. Немаше одмор во школо да носам, а да не пробаат сите ;) .
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Од бели пецива, јадам се, буквално се. Најмногу ги сакам кифличките на комшиката :lol:, секогаш кога ќе направи обавезно ми носи, затоа што просто ги обожавам! Исто така сакам да јадам пити, бурек, симит погача, се‘, се‘! :D
     
  19. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Јас ќе ти кажам :D Прво попрскај го со вода,ама малку-не да го потопиш,доволни се неколку капки :D И потоа покриј го и ат тхе енд спремно е за јадење :D :D
     
  20. Tikve

    Tikve Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Може и така, но може и само со крпа да се прекрие и од самата пареа ке омекне. :*