Јадам, ги сакам, но никогаш не сум побарала од мајка ми да замеси или пака да порачам да ми купат. Јадам сестра ми кога ќе ја изгњави мајка ми да меси, сука и низ град кога шетам, па некако најефтино ми е и најадена сум.
Па после факултет обавезно си појадувам некое бело пециво , а и мама знае дома почесто нешто да ми замеси. Не сум зависна, но некако ми одговараат посебно многу за појадок
И јас мн ги обожавам белите печива и често знам да си направам по нешто или да си купам.Еве некои рецепти ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 милилитри Млеко 1 лажица/ци Маслиново масло 100 грама Маслинки 100 грама Кашкавал 100 грама Брашно 4 Јајца/це малку Сол Време за подготовка: 30 мин. Време за готвење: 60 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Mаслинка (Olea europea), е мало дрво од фамилијата Oleaceae. Потекнува од источните делови на Медитеранот, како и од северен Иран (брегот на Касписко Море). Од нејзините плодови се прави маслиново масло. ПОДГОТОВКА: Помешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Додадете 4 јајца, претходно само малку разматени со вилушка, па со лажица соединете ги јајцата и брашното, мешајќи додека смесата не стане глатка без грутчиња. Потоа додадете го млекото, кашкавалот, маслинките и маслиновото масло, добро измешајте и оставете саат-два да отстои. Промешајте, префрлете во четвртаста тепсија, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете околу 40 минути на температура од 180-200 степени или додека не добие убава златна боја, а средината исто не биде убаво печена. Оставете да се олади, исечете и послужете. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 грама Сирење 250 грама Пченкарно брашно 1 кесичка/ки Прашак за печиво 200 милилитри Млеко 200 милилитри Масло 200 милилитри Газирана вода 250 грама Брашно 4 Јајца/це Време за подготовка: 15 мин. Време за готвење: 30 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Проја со сирење ПОДГОТОВКА: Јајцата се матат и се соединуваат со сирењето. Се додава зејтин, млеко, кисела вода, прашак за печење и брашно. Ако е потребно се посолува и се замесува тесто. Ако смесата е ретка се додава малку пченкарно брашно. Се пече во загреана рерна, на повисока температура. Кога ќе порумени, се вади од рерна и се служи топла.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 грама Шунка малку мала лажица Црн пипер 500 грама Тенки кори малку Сол 150 грама Сирење 400 грама Печурки малку Оригано 30 грама Маслинки 200 милилитри Доматен сос Време за подготовка: 20 мин. Време за готвење: 20 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Пица бурек ПОДГОТОВКА: Долга и длабока тава намачкајте со масло. На дното ставете една кора, намачкајте со масло и на ист начин ставете уште две кори. Сосот од домати измешајте го со сол, црн пипер и оригано и нежно намачкајте по корите. Потоа наредете од шунката (тенко исечена), пиперки, маслинки, печурки и се посипете со сирење (рендано). Повторете ја постапката неколку пати да ги потрошите корите и филот. Најдобро е пред подготовките корите и филот да ги поделите на три дела. На врвот треба да има две кори кои ќе ги намачкате со масло. Пицата бурек печете ја во рерна загреана на 200 степени додека не добие убава црвена боја.
Обожавам! Мајка ми и баба ми се одлични готвачи. Едната баба ги прави највкусните кифли што сум ги пробала, останатите работи не ми ги прави по вкус, но другата баба заедно со мајка ми се господарки на белите пецива! 1.Погачата ми е мислам омилена. 2.Пита со зелка. 3.Кифлички. 4.Пица кифли 5.Стапчиња.
Оф колку ги сакам,нажалост ради линија ги избегавам а сакам све од бели пецива,уф уф колку месеци немам јадено бурек особено кога ќе си го направам сама со готови кор,мислиш масјтор за бурек сум,и најважно сите ми го бендисуваат исто така правам и убви пица стапчиња ммм,а ги обожавам кифличките на мама... Готово ме фати стрвввв
не ти требаа сликиве, посебно последните две, бурекот и баничките , а јас па будала што го отварам овој подфорум.
Многу сакам бели пецива и скоро секој ден ги јадам. Многу се вкусни. Најмногу сакам бурек, кифлички, банички, пита...
Аааааа ги обожавам. Посебно сакам лиснатооо Пробав да намалам..не може. Затоа и не можам да го изгубам мешето
Најубаво ќе научиш доколку ти покаже баба ти или некоја постара жена во семејството. Мене сега баба ми ме учи. Најлесен начин.
Леле ми се пријаде бурек , тирол пита ммммм немозам да издржам уште некој ден. Ми фалат кифлиЧките на мама
Не не не не подалеку од нив,не јадамништо од тоа ни леб,само некогаш јадам ѓеврече тоа р'жано и тоа еднаш во месецот или еднаш на 2 месеци
Голем зависник сум, и благодарение на нив си имам 3-4 кг плус Се си сакам: бурек, баничка со месо или со сирење, потоа вртени, триаголници, плетенки, нема што не сакам. А да не набројувам козињаци, домашни пирошки со салама, сирење , кечап и печурки,ммм колку се само вкусно, и прав зависник сум од ѓевреци . Леле ами ѓомлезе, собено охриѓанки знаат најубаво да го направат, душа давам за ѓомлезе.
Мојот најголем ПОРОК. Кога сум дома и така и така ама во Скопје главна студентска храна ми се. Не памтам да ми се има случено да поминам покрај нив а да не изедам едно...најмалку едно