Никако без квасец. Знаци и две лазици оцет, ама и квасец. На килограм брашно 1 квасец ти оди. Добро ке расукаш и нема да ти нарасне
Не можам без нив и мислам дека тие ми се најголемиот порок што се однесува на килограмите! Уживам во тестести работи,дали е ѓеврек,бурек,некое лиснато..периодов запнав со форнетки..еве одма ми се пријаде
И јас си ги сакам, ама не сум јадела одамна. Порано во школо кога одев си купував секое сабајле за доручек, исто за викенди. Лиснато тесто, бурек, ѓевречиња, соленки, панцерота, нема што не сакам ! Исто и на мама мајсториите си ги сакам, кифлички пита, зелник.
Без панцерота не можам да си го замислам работниот ден,исто така голем обожавател сум на пица, кифли не јадам некако ми се суви јас сакам така богата кифла а не оние како за наградна игра да има во нив ЗНам да правам само пица мислам и да ја замесам и се за друго не сум пробала.
Зависна-па не сум зависна, ама ги сакам. Најмногу ги јадам кога сум на училиште за време на голем одмор. Бурек, ѓеврек, кифла, пирошка, се јадам, смао да нема спанаќ и такви слични работи во него...
Најубави ми се домашни пецива, направени по мој вкус. Надвор веќе кај и да отидам да купам нешто или е суво никакво или наводно е полнето со нешто ама не се приметува исто како да е празно.
Леле, сликиве! Ммммммм.. Јас не сум некој обожавател на бели пецива, ама за крофни душа давам.. И ја исто би јадела секој ден да можам..
Сум љубител на бели пецива,но не на благи. Јас и онака не сум љубител на благо,а камоли пак и на благи пецива. Од пецива јадам или со сирење нешто или со спанаќ,печурки,кашкавал,такви работи. Не ги јадам многу често,ептен некогаш кога ќе се настрвам или кога ми се јаде,а сакам да ме држи. Ѓевреци не јадам и ништо со сувомесно или виршла или такво нешто. И јогурт,обавезно!
Моментално ми недостига само бурекот,онака од се сум заситена во Италија има и што сакаш и што нејкеш,ама бурек немаа
Леле и јас кој зависник на бели пецива сум! Не проаѓа ден без да кснам нешто такво, со Бучен козјак јогуртче по можност. Мх мх мх.
Ајде некој кој што знае нека пише рецепт за пица бурек и бурек со месо.Ве молам побрзоо ке ми дојдат едни пријателки па да подготвам нешто.
Аааа луда сум по бели пецива! Едноставно ги обожавам. Можам постојано да ги јадам, доручек, ручек, вечера, секој ден! Њамиии!
Потребни состојки: 1/2 кг тенки кори, како за баклава 300 гр сирење /месо 250 мл вода 125 мл масло Сол по желба Начин на подготовка: Во подлабок сад ставете ги водата и маслото и промешајте. Ставете сол по желба, само внимателно, доколку сирењето ви е многу солено не морате да ставате сол. Земете ги корите и секоја премачкајте ја со претходно подготвената смеса од вода и масло. Сирењето згмечете го со вилушка и оставете го на страна привремено. Земете едно тавче за печење премачкајте го со малку масло и ставете две кори, од кои што краевите треба да излегуваат надвор од тавчето. Остатокот од корите поделете го по три кори за секој ред. Ставете три кори, па потоа попрскајте со маслото и водата и ставете сирење. По секој ред, краевите на секоја прва кора од трите стиснете ја навнатре пред да почнете двете останати кори, додека филот секогаш треба да ви биде на третата односно најгорната кора. А потоа, почнете пак со истата постапка се додека не ги потрошите корите. Чувајте една кора како последна со која ќе го затворите бурекот, попрскајте ја со малку масло и вода и со првите две кори односно со краевите кои се надвор од тавчето притиснете ги на последната кора и прелијте го бурекот со течноста која ви преостана. Печете на загреана рерна на 180 целзиусови степени.
Не сум голем обожавател на белите пецива,и многу ретко ги конзумирам,но се случува по некогаш да си купам некоја лиснатица и сл.,инаку секојдневно конзумирам интегрален црн леб,а бел леб во никој случај дали можеби сум се привикнала на интегралниот и сега неможам да замислам бел леб едноставно воопшто не ми е вкусно јадењето со него.