многу сакам мазник,зелник,лиснато со спанаќ,кифлички со сирење на мама,пица,геврече, НО не јадам затоа што само од нив качам на килажа,немам повеќе од пола година каснато ништо од бели печива,сега пред недела дена почнав со интегрален леб со рж на жито лукс да јадам, а само како би јадела сега бурек со јогуртче
бели пецива уопшто не конзумирам у мојата исхрана ради линија ,а иначе да можам да јадам нонстоп би јадела и би станала стокааа ..... A како омилени би фи издвоила следниве: кифлички од "smile" пицааааааа симит погача геврече перече
Јас уште не научив да правам зелник/комат со тегнати кори Нема кој да ми покаже, никоја од жените што ги знам не знае,баш денес пробав еден рецепт од списание за готвење и немаше врска, утре ќе му пишам на уредникот- кога објавуваат рецепти барем нека проверат дали навистина успеваат Еве ме сега во 2 и 16, пекам за такво нешто, нејќам да си купам бурек, сакам сама да си направам, онака мераклиски цела голема тава и да си јадам, ич нема да ми биде гајле за калориите- само нека успее. Домаќинки, ве молам просветлете ме рецептот и постапката за стасување, колку време е потребно да стаса тестото, колку пати се размесува, и после битното (доколку дојде до тој момент, се разбира), кога ќе се извади од фурна дали треба да се покрие со влажна крпа или не? Ах брееее, препекав за ова, ептен сакам да можам да го правам
http://www.youtube.com/watch?v=UNkjh2aw ... re=related Ова ти е поедноставна Сеси, со една кора. Направи го прво ова, па премини на таа со по 10 кори, пет за долниот дел и пет за горниот Токму е рецептот, само што.. јас и женициве во мојата фамилија, откако ќе се испече, ја попрскуваме малку со вода (ладна.. со прсти). Со нож поткрени ја исто за малку вода да се слее и на долниот дел, па, покриј ја со крпа да отстои малку, да омекне. Ако не испадне, верувај не е до рецептот, него до мајсторлукот. Имаше доста утки дур да ја погодам.
Ги сакам ама не сум зависна од нив. Во последниов период секојдневие ми се, ама па и фала богу што ги има иначе ќе треба да се думам што за јадење, а вака готово само избери. Малце ги избегавам лиснатите и тоа без некоја посебна причина...ама не викам дека не јадам, туку помалце. Дали се благи или солени, купени или домашни ги сакам.
Жапче, фала ти многу, значи секој рецепт што го гледам е различен- во оваа нема квасец воопшто, а нема ни оцет, а пак се тегнат корите . Штом велиш дека е успешен рецептот ќе го пробам деновиве, можеби утре, па ќе видиме што ќе испадне. А каква е таа со 10 кори горе- доле ? И ме интересира дали и охридскиот комат (кој што исто така се прави со тегнати кори), се прави по овој рецепт? Колку многу прашања
Питите што ние ги правиме, не се става нити квасец, нити оцет. Рецептот е тој еден ист. Само; вода, сол, брашно, зејтин. Количината е зависно колку пити сакаш да направиш. Но, има различни пити да. Дури и начинот на кој се прави. Таа со 10 кори: Спојлер се замесува исто како и на она претходното. Исто се остава да стаса, по што, од целото тесто правиш 10 топчиња. Колку една тупаница да речеме, твоја- е секое топче. Ги оставаш да се одморат (ко шо вика мајка ми цц) на набрашнета подлога и врз нив ставаш брашно... за да не фатат кора. Покриј ги со крпа. Потоа, едно по едно размеси ги малку топчињата со рака, а потоа и со сукало разсукај ги направи еднакви кругови.. мали, сосема малку, сеедно да го натапкаш топчето, не знам дал ме разбираш. На секое стави зејтин- лажичка, размачкај го, пак врз него другa кора(топче), врз него зејтин, пак кора... така пет. Спои им ги краевите и почни да го разсукуваш од средината кон краевите терај Се друго ти е исто, како и на оној линкот, како ја развлекува жената кората. Оваа кора, ја ставаш на премачкана со зејтин тава, плех четвртаст пример, попрскуваш малку зејтин и ставаш зајре, дали урда со јајца, мелено месо, праз... небитно. Другата кора ја правиш по истиот начин исто со пет топчиња. И кога ќе ти е готова ја ставаш врз кората со зајрето. Ги спојуваш крајчињата, веројатно имаш видено пита таква со крајчињата какви им се мотани Ставаш зејтин одозгора и во рерна, исто ко на она видео. Ако си близу до погодок на питава, дур се пече ќе ти се издуе тестото. Ако не се издуе, нешто има утка со корите, предебели се пример... ти се направиле ко леб нема да се испечат добро. Откако ќе се испече вадиш, со виљушка една ја сплашнуваш тумбата на питата, попрскуваш со вода и ставаш крпа врз неа. Не можам да најдам линк, да видиш како, но еве приближно, исто со топчиња, како се извадени, но ова е друг начин, тука секое топче посебно се развлекува во кора... всушност погледни го да не објаснувам. Тоа ти е трет вид, а охрицкиов јас не знам кој е, каков е, тоа охриѓанките. http://www.youtube.com/watch?v=4LbiDfLK ... re=related За бурек.. Спојлер само нека не те плаши делот, како ја врти у воздух. Тоа ни мајка ми, ни баба ми не прават, не па јас, побогу (ете ти, ги гледаш спласнатите парчиња тесто, како кругови наредени, е така и за онаа од 10 кори треба да ти е секое натапкано топче, кое го редиш едно врз друго со зејтин измеѓу цц) http://www.youtube.com/watch?v=IlIQhtvY ... re=related ЕДИТ> Ајме мени, еве линк како Албански бурек бе http://www.youtube.com/watch?v=zqrcYX0D ... re=related
Фала Жапче за одвоеното време и помош, ќе го пробам тоа прво од првиот клип, и тоа баш со 400 грама брашно за и да не се погоди да ја фрлам .
Многу сум возбудена- ми успеаа . Ги правев со кило брашно, по едно лажиче сол и шеќер, мало филџанче масло, пола квасец и вода од око, да се замеси тестото. Направив неколку топчиња, ги расукав малку и ги премачкав со масло од двете страни и ги оставив да постојат така 10тина минути. Направив со сирење и јајце, а од преостанатите кори пица-бурек Еве го крајниот резултат, пола што го нема е во мојот стомак, за дегустација де
Ги обожавам.Зелник,бурек и останато ми е дел од омилената храна.Како би јадела сега,штета што сум на диета .Обожавам и од оние што се продаваат полнети со печурки,сирење,кашкавал.Преубави ми се.
Најчесто јадам бурек или панцерота инаку знам да направам кифлички, баник, мали панцеротки, само што ме мрзе па не правам често
Мојата омилена храна Можам да ги јадам секој ден,за доручек,ручек и вечера Повеќе сакам солени,зошто од благо си обожавам чоколади.Во комбинација со јогурт прсти ќе изедам
Колку калории има една кришка полубел леб? И колку калории има една кришка полубел леб направена во тостер како двопек?
Jadam recisi se od beli peciva,a najmnogu obozavam pica burek,piroski,razni polneti kroasani(so sunka,kaskaval,pekurki,krastavicki,kecap),varen gevrek i domasni kiflicki...a da ke zaboravev krofna so krem