Комшииве имаат отворено пекара во Охрид и син им работи таму... Секоја недела ми носат пецива за 10 војски!
Леле, што ми требаше да ја отворам оваа тема Најчести јадени ми се: Солена со врат и кашкавал, солена со мнооооооогу салама и кашкавал, панцерота, кашкавалка
20гр. квасец 1 жолчка 200мл. вода 500гр. брашно 50гр. маргарин сол Во брашното направете вдлабнатина и во неа ставете ги пивскиот квасец растворен во малку млака вода, маргаринот и водата. Потоа се замесува хомогено тесто. Додајте уште вода ако е потребно. Формирајте топка, покријте ја со крпа и оставете ја да отстои 2 часа на собна температура. Потоа тестото поделете го на повеќе врвки со дебелина 1 цм и должина од 50 цм. Секоја врвка оформете ја во вид на перек и залепете ги краевите. Переците ставете ги врз плех и премачкајте ги со жолчка, изматена во малку вода. Посипете ги со крупна сол, па оставете ги да отстојат кратко време. Потоа печете ги на 200 степени 30 минути.
Ммм обожавам ѓеврече со мноогу сусам, така крцкаво Или лиснато со кашкавал.. Ех сто ми треба да отварам вакви теми во 12ипол
Порано ми беа омилена храна. Ги обожавав. Речиси секој ден јадев. Сеа ми се одмилени, но се случува да каснам геврече или благо лиснато.
Па веќе некој период не се хранам со пецива. Некако на здрава храна се навлеков која вклучува зеленчук и која не е многу сува. Инаку, поштувам бурек и пити. И кифлички со сирење.
Не ми е јасно, како се прави "зафатен квасец"? Малце ми е можеби глупаво прашањето, ама млада домаќинка сум па незнам доста работи
Се раствора квасецот во млака вода со малку шеќер и брашно. Се остава да нарасне, тоа е зафатен квасец. Во Бт така велат, се зафаќа квасецот, други велат се кисне.
Најубави ми се домашните кифлички, со многу сусам одозгора, топли извадени од рерна, со павлака и јогурт/кисело млеко или за празници со руска салата.