Дали некој имал или знае како да ги исчистам белките од по очите.како гумени се не се стискаат и сеа почнаа многу повеке да ми испагаат
И јас имам такви и многу ме нервираат,знам дека на козметичар ги вадат ама страв ми е да не ми се унакази лицето уште не сум се одлучила да одам,а дали може со некои креми поима немам.Ако имал некој искуство со овие нека пише
И јас имам такви еднаш бев на кожно и ми ги вадеа со игла ама ме болеше и после пак ми излегоа и не сум била ни на козметичар ни на кожно .. а и така ако излеваат немозам на секое да одам да ми ги вадат.. така даа како што гледам нема лекк ..
па вака, сестра ми кога имаше бубулицки бесе кај анцевски на третман -микродермоабразија- и после тоа и ги снема тие белките под образот, и плус и даде креми некои со некоја киселина нз не се секавам убаво како се викаа ... ама добри беа, само ако немате проблеми со бубулуцки нема потреба да правите таков третман исто така тие со текот на времето мозат сами да си испаднат, ама за некоја година дена ке се исусат, знам дека не се стискаат, ама бидете стрпливи ...
ако мислите на такви што се како топченца белки и мислите коа ќе ѓи стиснете ќе излезе нешто.. не нема да излезе .. јас така правев имав едно и ми беше чудно немам видено на некој друг и мн време ми стоеше и еднаш го стискав уште што не правев пред огледало и на крајо само бев со црвено лице и ништоо... после некое време само ми паднало и се гледам на огледало и имав како дупче на тоа место изгледаше како да стоело такво топченце (да појаснам како коа станеш од спање и гледаш перницата има дупка од твојта глава ) е така беше и со ова ама такво како дупче ми стоеше околу еден ден и еве веќе немам ништо така што лек по се изгл мош и нема, а мош и има ама можно е и само од себе да си падне
Мислам дека нема некој лек за тие, како крема или лосион. И мене еднаш ми излезе во пределот кај образот, ама се запнав и го истискав некако. Многу боли и точно е дека тешко се вади, ама па не можев да го гледам. Излезе нешто потврдо од обично мозолче, бајаги помасно. И мајка ми имаше со години една на долниот очен капак.. па и таа како јас, еден ден успеала да ја истиска и сега на местото нема ништо, најнормално и е.
Не знам дали збориме за истите, ама знам една другарка имаше такви ситни ко бубулички ама не беа бубулички, појќе накај мали, ситни масни ткива личеа.. Колку ме разбравте не знам, но знам дека татко и со затоплена игра и ги боцкаше и самите излегуваа.. Може звучи како глупост но знам дека на другарка ми сите такви ситни КО бубулички и ги снема...
И јас имам неколку под очите. И кога ќе ги извадам со игла некогаш, стои како мало црвено дупче под очите 2-3 дена. И по 2-3 месеци пак ми се појавуваат. Немојте со игла бидејќи остануваат лузни . Барем кај мене има 2-3 мали лузни како точки мали се.
^^ не е глупаво.. мене често ми излегуваат и само така со топла игла си ги остранувам, ја топлам иглата (не да е жешка) и си ги боцкам.. единствен спас им е само тоа..
Такви излегуваат во случај на покачена телесна тежина, другарка ми беше во Принцес казиното што е , таму имаат отворено козметички салон и рекоа дека спасот е само намалување на тежината, така ќе исчезнат..
Па еве јас сум со нормална тежина и сепак имав едно Ми го извадија на козметичар со игла и оттогаш ми се нема појавено пак. Не ги стискајте сами, оставете на некој што знае.
same here Значи НЕМА шанси со стискање да ги извадите, само ќе направите лузни, а кожата под очите е толку нежна. Пробајте со игла, чиста, само врвот боцнете го од страна, нежно и пополека - треба да се направи само мало просторче за да излези белката (а навистина се како гумени топчиња -.-). Во краен случај, јас на мајка ми и ја препуштам оваа работа.
Mене на козметичар ми ги исчистија, и сега за сега немам забележано ново. Но сепак тие за да излезат мора да узреат, зошто како што ми кажа доктроката не се чепкаат малите. Така да сеуште имам некои малечки. Морам да признаам дека по третманот лицето ми беше како да ме нокаутирал некој, и бидејќи имав доста, имав и мали лузнички раскрвавени кои ми заздравија по неколку дена. Битно си иглата воопшто не боли, иако јас кога ја видов одма станав, крпи фрлив се што имав, мислев дека е болно. Не препорачувам дома да се вадат, ете јас се раскрварив на неколку места, сепак на козметичар е постерило. Друг лек им нема нив. Инаку како што кажа докторката, тие биле наследни, и не се појавувале поради никоја посебна причина, туку од ништо, само ако имаш некој таков ген
Леле, не. Не би рекла дека е до тежина покачена. И јас имам такво ама нешто меѓу корниот капак и веѓата, не е од покачена тежина, барем не е во мојов случај.
ниту јас немам преголема тежина дури сум и слаба ама имам и тоа од секогаш вакви белки само сеа почнаа повеке да испагаат или па мене до сеа не ми сметале значи лекот е само на козметичар да одам друго нема
Коренот на проблемот со белите топчиња лежи во претераното комсумирање на чоколадо и чоколадни производи на кои сум „закачена“. Проблемот го решив вака: умерено јадење на чоколадо и тоа со поголема содржина на какао и поголема консумација на овошје. Забалежително се намалија, всушност исчезнаа, дури не се сеќавам кога ми се појавиле последен пат. А за нивно отстранување дома потребна е една игла која ќе ја потопите во шпиртус, па ќе ја поминете над пламенот од свеќа и внимателно ќе направите дупченце на белката и леснко ќе стиснете. Претходно исчистете ја белката и местото околу неа со памукче натопено во шпиртус. Откако ќе ја извадете белката помите пак со натопено памукче и ако иамте намачкајте некоја маст со антибиотик (кутерид на пример). Така ќе спречете појава на црвенило.
епа нема врска, јас нити сум некоја што јаде многу благо, тоа се случува пред да ми дојде јадам така благо, имам нормална тежина и имам бели такви под очите, и вујко ми ги има, рекоа дека се генетски и дека секогаш излегуваат колку и да ги вадите, и дека и сами си паѓаат. и мене ми е страв да одам на доктор да ми ги чепкаат под окото ми се веднаш мали, кога ќе си ставам пудра не се познаваат само има едно мало се знае малку повеќе
Ја имам вакви веќе два месеци и се чудам што ли е ова ? Мајка ми рече дека се ваделе со игла ... Имам неколкку под левото око скоро и се поврзуваат со носот .
Јас имав исто вакви бели под очите и на образот. Пробав да ги стискам не излегуваше ништо само црвена се направив на местото кадешто се обидував да ги истискам. Го оставив да ми помине црвенилото некој ден и после тоа ги решив со игла. Значи прво исечени нокти, ќе си купите стерилна игличка за шприц од аптека малечка, (2 или 3 ден. е). Ќе ги измиете убаво рацете и лицето. Со игличката боцкате малку со врвчето во белото и после тоа со показалците притиснете за да излезе белото низ дупчето кај што сте боцнале. Малку може ќе се зацрвени и после пак измијте си го лицето и не се чепкајте. За ден два ништо нема да се познава. Јас вака ги отстранив и ништо не ми се познава на местото. Спојлер Инаку мене почнаа да ми се појавуваат кога почнав да користам еден лосион за отстранување на црнки од Орифлејм. Можеби има нешто улога лосионов.
Лелее и јас го имам тоа ... многу ми е глупаво , не се стискаат , сум пробала , морам да се консултирам со козметичарката