Бело дугме (Bijelo Dugme)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Trendafilka, 17 јуни 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    [​IMG]
    Bijelo Dugme е екс-југословенска група која повеќе од две децении била една од најпопуларните на просторот на бившата Југословенска република.
    Основана е во 1973 година во Сараево.
    Во периодот од 1973 - 1989 година издале вкупно 9 албуми:
    1974. Кад би' био бијело дугме
    1975. Шта би дао да си на мом мјесту
    1976. Ето! Баш хоћу!
    1979. Битанга и принцеза
    1980. Доживјети стоту
    1983. Успаванка за Радмилу М.
    1984. Бијело дугме
    1986. Пљуни и запјевај моја Југославијо
    1988. Чирибирибела


    Bijelo dugme настанала од групата Утро, а своето име официјално го промениле на 1 јануари, 1974.
    Фронтмен на групата и единствениот нејзин постојан член бил гитаристот Горан Бреговиќ, додека бендот сменил 3 најпознати пејачи - Жељко Бебек, Младен Војичиќ - Тифа и Ален Исламовиќ.

    Колку ги сакате и слушате Бело Дугме? :)

    Мене морам да признаам ме потсетуваат на детството, моите најрани детски спомени се врзани за грамофонските плочи на Копчињата, ги имавме сите албуми, а највртени и најомилени ми беа
    Пљуни и запјевај моја Југославијо и Чирибирибела. :)

    Мислам дека музиката која ја правеле за тоа време била многу квалитетна, години нанапред од се' останато и многу песни ми се преубави и ден - денеска кога си ги слушам.
    Кога сакам носталгично да размислувам за минатото задолжително си ги пуштам Бело дугме.
    Поради најслушаните албуми погоре, морам да кажам дека најмногу сум навикната да ги слушам со гласот на Ален Исламовиќ, иако сметам дека Жељко Бебек бил подобар вокал.

    Омилени песни имам многу, се' што направил Горан Бреговиќ во оваа ера на постоење е генијално за мене. :)
    Чудесно јутро у кревету гђе. Петровић, Пристао сам бићу све што хоће, Овај плес даме бирају, Успаванка за Радмилу М., Хеј Славени, цел албум Пљуни и запјевај моја Југославијо, Ако има бога, Те ноћи кад умрем и Након свих ових година.

    Има нека тајна веза ме потсетува на вујко ми, како мала ми ја свиреше и пееше на гитара и денеска знам да си заплачам кога ја слушам. ;(
    Исто и оваа песна е прекрасна.
    http://www.youtube.com/watch?v=G5iKsTUG ... re=related
     
    На RockNroLLGirL, Annath и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.233
    Допаѓања:
    74.849
    Пол:
    Женски
    Bijelo Dugme - Бело дугме

    Трендафилке, бубка за тебе и темава, заш' ми помина детството пред очи додека го читав текстот. :* :D
    Не сум дете на седумдесеттите или осумдесеттите, ама мајка ми и татко ми се stuck in the moment, поточно, стак во интервалот кога групава и сите слични од тој калибар биле актуелни.
    Во многу наврати имам спомнувано, дека татко ми е фанатик на екс ју музиката и си има солидна колекција на стари грамофонски плочи, но сепак во одлична состојба.
    Е сега, нескромно ќе си се пофалам дека ги имам(е) и ги чувам(е) сите нивни издадени плочи и верувајте, рутина ни е (а признавам и фаца е :P ) кога сме си фамилијарно расположени да си пуштиме некоја, бидејќи грамофонот ни е уште во солидна состојба, иако е стар речиси пола век. :D
    И ниту еден Ѓурѓовден не ни поминува без акустик верзија на истоимената од Дугме - во моја интерпретација, фала богу. :devil:

    Многу ја сакам нивната музика, првенствено поради тоа што пораснав со неа и уште ја слушам.
    Ма и ќе ја слушам, а сигурна сум дека и моите деца ќе ја слушаат - ако ги имам некогаш, нели. :)

    Не можам да издвојам некоја НАЈомилена песна - сите ми се драги и се поврзани со определени ситуации, случки и личности, ама ете ќе ја издвојам оваа.
    http://www.youtube.com/watch?v=twwtAFFsfXY
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    424
    Bijelo Dugme - Бело дугме

    The best of EX YU!

    Детство, младост и старост, класика.
    Мислам дека песниве нивни никогаш нема да престанат да се слушаат, со еден збор квалитетна музика. Им ги знам сите песни, порано на касети :), па на mp3, сега на you tube. :)

    Со еден збор-ЛЕГЕНДИ.

    Ако имате некои информации за концерт да прават пишете. Мислам дека лани концертот што го имаа им беше последен но... ќе видиме.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.318
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    5.083
  6. pamelche

    pamelche Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    9.553
    Bijelo Dugme - Бело дугме

    Бијело Дугме се еден од моите омилени бендови, а ги има многу.
    Ги слушам често, нема ден а да не пуштам нивна песна, или бар да си запејам.
    Најчесто ги слушам: „Липе цвату“, „Не спавај мала моја“, „Ружица си била“, „Тако ти је мала моја кад љубиш Босанац“, „Ако има Бога“. Инаку и овие ми се убави: „Битанга и принцеза“, „Лоше вино“, „На задње сеништа мога аута“...
    А фемина90 како што рече нема прослава да помине без „Џурџевдан“.


    Инаку од Ален Исламович омилена ми е „30 квадрата“, секогаш ме растажува, ама преубава е.
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Bijelo Dugme - Бело дугме

    Ау многу ги поштувам, многу слатки спомени ми будат браво за темава

    Оваа секогаш кога ја слушнам ми враќа спомени на мојот битанга :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=dXqmAJslfUQ

    Меѓу омиленит ена кои што сега можам да се сетам ми се:
    http://www.youtube.com/watch?v=o3tXvVj6Wtw

    http://www.youtube.com/watch?v=5liEDjwYFvg

    http://www.youtube.com/watch?v=Ce6cTxhYiHw

    Ма што зборувам јас па сите ми се омилени :lol:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Некаде мислам дека прочитав дека оваа песна му била омилена на Бреговиќ од сите на Дугмето.
    http://www.youtube.com/watch?v=ouO-Xjd-ULw
    Многу емотивна.

    Исто и оваа. Ме доведува до солзи.
    Одредени нивни песни ми предизвикуваат толку многу емоции, и верувале или не - ми враќаат спомени на кои обично не се ни сеќавам. До толку се моќни.
    http://www.youtube.com/watch?v=IyawdmDZ ... re=related
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.255
    Еден од моите омилени екс-ју бендови. Ги слушам и тоа многу. Скоро сите нивни песни ми се убави, оригинални текстови и музика. Ги имам слушнато и во живо, преубаво беше.
    Би ги издвоила: Izgledala je malo čudno u kaputu žutom krojenom bez veze, Sanjao sam noćas da te nemam, Bitanga i princeza, Ipak, poželim neko pismo, Na zadnjem sjedištu moga auta, Čudesno jutro u krevetu gđe. Petrović, Pristao sam biću sve što hoće, Pun mjesec iznad Bosne, Evo zakleću se, Ako ima Boga, Nakon svih ovih godina и целиот албум Бјело Дугме.
     
  10. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Една од најдобрите екс-ју групи. Кога ги слушам татко ми е зачуден, од нивно време па до сега се слушаат. Мислам дека тие песни нема никогаш да изумрат, текстовите се оригинални и фасцинантни! :clap:
    Омилена ми е: http://www.youtube.com/watch?v=qTeKC5p_hho
    А би ги издвоила и : http://www.youtube.com/watch?v=F9JcaWGv ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=GRxqPlA2Q1w
    http://www.youtube.com/watch?v=lKfowlVq ... re=related
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Трибјут бендот за Бело Дугме на овогодинешниот Пиволенд 2012 беше срам и ужас за бендот.
    Да звучеа барем една десетинка добро како оригиналот ќе бев задоволна.
    Кога се вратив дома си ги пуштив омилените песни, а воедно читав нешто повеќе за распаѓањето на бендот.

    Секогаш бев под импресија дека бендот се растурил поради Горан Бреговиќ, неговиот нарав и суета, меѓутоа вистината сепак била поинаква:
    Почетком 1989. године Бијело дугме је кренуло двомесечну турнеју. Бреговић је о последњој турнеји изјавио: „Посљедње турнеје се сјећам као врло мучне. Упале се свјетла, а оно препуно српских застава. Као по иронији, сутрадан свирамо у Хрватској. Исто мрак, и из мрака хрватске заставе. Камионе смо имали ишаране са „Србија Über Alles“. Послије то исто у Хрватској. Једва сам чекао да се заврши та турнеја“.[8] После концерта у Дервенти 15. марта 1989., Ален Исламовић мучен боловима у бубрезима је напустио групу и отишао кући у Бихаћ. Турнеја се нагло прекинула, отказани су концерти у Кини и Совјетском Савезу. Прави разлози за распад групе нису никада откривени, али већина људи мисли да је распад СФРЈ изазвао распад групе, јер је група често сматрана за симбол јединства народа Југославије.
    Извор:
    Bijelo Dugme Wikipedia

    Колку и да бил суетен и чудњак, верувам дека го сакал бендот, бидејќи е единствениот кој се задржал од самиот почеток до крајот во Бело дугме, секако му годела славата и целата таа фама.

    Многу ме фаќа носталгија, никој не дава гаранција дека бендот би траел ден-денеска, ама жално е што распадот се склучил под такви лоши околности... :(

    Плус, кој друг може да смисли песна со ваков наслов бе. :D
    Izgledala je malo cudno u kaputu zutom krojenom bez veze
    http://www.youtube.com/watch?v=HwtkMXKH ... re=related
     
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.499
    Допаѓања:
    7.877
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам, и мене ме потсеќаат на детството, со братучедите многу ги слушавме заедно со другите екс-ју групи како Рибља чорба, Дивље јагоде...И ден денеска ги слушам иако не им ги знам сите песни, во план сум сите албуми да им ги симнам.Омилена од нив отсекогаш ми била и ќе ми остане:
    http://www.youtube.com/watch?v=l5h6l60rjBs
    Многу емоции ми надоаѓаат кога ја слушам, дури и очи ми се насолзуваат од што ја сакам песнава.
    Исто така им ги сакам и:
    Ружица си биле, Хајдемо у планине, Напиле се улице (на еден многу убав период ме потсеќа), Има нека тајна веза, Битанга и Принцеза, Не спавај мала моја...
     
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    ГИ ОБОЖАВАМ! :)
    Не можам да издвојам некоја посебна песна,сите ги сакам.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    50.013
    Пол:
    Женски
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    8.874
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека има некој што не ја сака југословенската музика, па дури и тие што не слушаат музика од таков тип.
    Всушност и сѐ што потсетува на можеби најубавиот период за сите ју носталгичари, а тука влегуваат и сите песни од тоа време, а јас како некој што не го проживеал тој период жалам многу.
    Но... барем можам да слушам музика од тоа време. :)
    Колку ги сакате и слушате Бело Дугме?
    - Ги обожавам, секој звук, секоја мелодија, секој текст. Најубав ми е моментот кога заедно со татко ми си ги слушаме, а тој ми кажува случувања за било која нивна песна и што му се случило тогаш и на која возраст бил кога ја слушал.
    Спомени, музика, љубов. Сѐ се.