еее ја барав оваа тема Девојки да ви кажам од искуство го пиев овој 4ај некаде 2-3 месеци можеби е многу, но чајот има многу пријатев вкус што ме занесе по него. Имав доста проблематична кожа а сега почна да ми се стабилизира лицето, освен тоа забележив и дека килажата ми опаѓа. Е сега ви го препорачувам на сите но внимавајте немој да сте алегични на некои од состојките во него бидејќи имам една другарка на која не и позитивно влијае .. Па со среќа и засладете се со вкусот на преубавиот бел чај.
^^ Како што прочитав нагоре пишува дека е околy 100 денари. Денеска ке одам ке земам па ќе пијам,па после ќе ви кажам ако приметам некакви промени
Ќе се самоцитирам. Си го зедов чајот , една недела скоро пијам.НИкакви промени не почувствував бидејќи е многу рано.А за мирис и вкус немам коментар . Преубав е , го земав со вкус на портокал и цимет. Ми се чини поубав чај никогаш немам пробано
Ќе може некој да постира како изгледа белиот чај што вие го пиете? Инаку Како е можно да има бел чај со вкус на портокал и цимет, кога тој си има свој вкус сам по себе?
Ммммм, да.. да. Пиши дали ќе има промени. И јас ќе го земам. Едит : Заборавив да прашам, а знаеш кои други вкусови ги има? Нема ништо на интернет.
Нема Talita други вкусови. Баш сега прочитав дека од Good Nature само овој го има со вкус на портокал.
ме изненадивте со темава за бел чај.утре правец во тинекс да се купи ова. сигурно вреди да се проба. поздрав
Ново откритие ми е чајов и поубав чај немам пиено. Ептен го засакав. Цел ритуал ми стана пиењето чај. Има преубав вкус и многу нежен пријатен мирис. Во комбинација со малку лимонче и медче ми е перфектен пијалок.
И јас го комбинирам со мед. Колку повеќе го пијам толку поубав ми е. Talita си забележала некаков ефект? Инаку прочитав дека поубаво е да се пие од две до четири шолји дневно отколку само една, така да.. навалете.
Ја читав темава и сакам да прашам нешто. Видов сте пишувале дека има бел чај со вкус на портокал. Ме интересира каде може да се купи чист бел чај, без додатоци и ароми? Само тој на Good Nature е со вкус на портокал? Другите (пр. од Цедевита) се чист бел чај? Инаку, сакам да почнам да го пијам и јас, па планирам да го купам деновиве. Секако штета не може да има, само корист Би ви била благодарна ако ми посочите каде да најдам бел чај без додатоци
Едно време носеа чист Бел чај на цедевита чаевите, јас го пиев многу убав вкус имаше како млекце , но сега го нема и јас го барам, ама еве веќе 2 години уназад не го носат, може не се ни произведува. Ако го здогледаш од било која фирма, пиши. Бидејќи и јас сакам чист бел чај. Исто од овие новите Nestea ледените чаеви, имаше леден бел и леден зелен чај. Белиот дефинитивно и како леден е преубав и поубав од зелениот. Eдит: Го произведуваат ама кај нас не го носат очигледно. Еве од страницата на Цедевита. Баш овој го пиев и тоа тука го купував, мислам беше 100 денари. Eве што најдов пак за Жолтиот чај http://www.fitness.com.hr/prehrana/nutr ... i-caj.aspx ист е дури и појак од Белиот и Црниот. Ако нема чист бел па како замена чист жолт чај.
^Фала ти на исцрпниот одговор. Ќе побарам деновиве, можеби во билна аптека има, ќе видам. Ако најдам (не мора од Цедевита, од било која фирма чист бел чај) ќе пишам А успат ќе прашам и за жолтиов, добро звучи А ако некој знае дали и каде може да се најде чист бел чај, нека сподели со нас