си купив бел чај од тинекс со вкус на портокал. мммм!!! едвај чекам да се разбудам сабајле за да се напијам ...поздрав мили. .многу сум среќна!!!
Мафи се убедив од тебе да го земам белиот чај и да го пијам ајде денес накај тинекс морам да го купам па ќе видиме за резултатите и штом има вкус на портокал се убедив
хахах . ако не ти се допаѓа вкусот немој да ме караш!! хахахах мене ми е убав, еве моментално пијам..ммммммммммммммммммм!!!!!
Денес во Тинекс купував чаеви,и ми текна на Белиов,ама го немаше чист само од портокал,и ајде тоа ама што немаше ни од една друга фирма освен Good Nature кои се најгадните чаеви што ги имам пробано.Буквално како да пиеш врела вода,со нешто мааааалкуцка арома.И пак се зезнав и земав од гадниот! Значи буквално од ниту една др фирма немаше,дури нема ни од Milford ,Lipton ,,, Знаете негде да има Бел Чај (може и со портокал не мора чисто бел да е) само да не e od Good Nature? Во аптеки можно е да има?
Бел чај прекрасен . го пијам еве веке втор месец, и супер е се навикнав на него, наспроти тоа ми го препорача дерматологот заедно со третманот за лице, И не е скап го зедов 67 ден од аптека.
Си купив бел чај по ваша препорака затоа што имате добри резултати за кожата... Малце не ми се допаѓа вкусот, како да ми нагорнува иако ќе му ставам малку шеќерче, али ај, за лепота се трпи, ги голтам 150 мл. со затнат нос јас земав од тој на Good Nature што е 50% бел чај, и циметот многу се осеќа дали се продава негде 100% бел чај и дали ефектот е ист ако пиеш 50 процентен него ли 100...?
Во почетокот нема да ти е баш убав за пиење но подоцна за некоја ден ке се навикниш. И мене ми беше така но еве втор месец го пијам аа 100% бел чај мислам дека нема никаде, но сепак ако најдиш пиши тука за да знаеме.
Проверете на пазарче кај тие бабичките што продаваат чаеви. Земав јас пред некое време од Бит Пазар, ама не ми беше нешто посебен чајот и и го дадов на комшиката.....сега ми е криво
Дечки јас побарав во аптека бел чај и ми рекоа имаме чај од бел слез...И затоа не го зедов, не знам дали е баш тој...Да ли е тој чај за кој зборувате?
http://www.google.com/search?q=%D0%91%D ... B206%3B138 не не е тој, овај е само Бел Чај пишува со вкус на портокал и го нема во секоја аптека , да побараш и во другите , види и во Тинекс
пиев едно време бел чај од good nature беше мислам..ама не го пиев редовно од време на време само кога ќе ми текнеше и затоа не видов некои си резултати а за вкусот убав беше, со арома на портокал
Во наредниов каталог од Авон мислам на каталогот бр 3 ќе ги има маската пилингот и гелот за миење лице од бел чај и сакам да ги порачам но најпрво сакав да видам коментари и ја пролистав теава неколку феминки ја користеле и задоволни с од нив, но никаде не пишуваше за каква кожа се дали ке ми одговараат на мојата, да не ги земам за џабе п.с. читајќи и мене ме убедивте да земам чај така да утре право во продавница
Здраво јас го пијам веќе долго време го комбинирам со зелениот чај (сенча) еден ден бел еден зелен. Одличен е јас сум презадоволна и двата чаја имаат голем број на антиоксиданти кои се борат против слободните радикали и придонесуваат за поубава кожа. Со белиот чај може да направите и одлична маска за лице. Направете си шоља бел чај и одвоете три супени лажици на страна а остатокот испијте си го. Во тие три лажички што сте си ги одвоиле (откако ќе се изладат) ставете малку брашно од ориз и помешајте додека да добиете убава кремаста смеса ни многу густа ни многу течна. Таа смеса намачкајте ја на убаво исчистено лице и држете ја околу 15 мин. и измијте со млака вода. Оваа маска е одлична за кожата. Јас чајот секогаш го пијам како тревка а не како филтер кесички и го набавувам од ла сој. Од зелените чаеви ги имам пробано сите и најубав ми е сенча има најубав вкус многу сличен на белиот не е многу јак додека банча ми е појак малце. Поздрав.
Мене ми е супер, јас го консумирам со години, на периоди. Многу е вкусен и има големи бенифиции од него.