1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бемките во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Vetruska, 18 јули 2013.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Имам една бемка која се наоѓа многу блиску до папокот од страна. Беше негде со големина од 2-3 милиметри ама гледам сега со растегнување на стомакот дека се истегна и она и стана долгнавеста и голема скоро 1 сантиметар. Рамна е и многу ми е чувствителна. До пред некој ден кога го мачав стомакот премачкував и преку нејзе ама бидејќи почна да ме боли сега престанав и не мачкам ни врз нејзе ни околу нејзе. Ме фаќа страв, од хормоните и од растегнувањето дали може да се деси нешто со нејзе, да буфне, да направи проблем :(
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Во бременоста поради хормоните доаѓа до зголемена пигментација, а од тоа не се поштедени ни бенките. Се случува да се зголемат, потемнат, да им бидат поизразени рабовите (ако се издигнати). Со тие бемки внимателно, да не ги поткачите. Не ги чепкајте, само следете ги. Јас имам една на грбот што во бременоста прилично ми се зголеми и ја поткачив неколку пати. Бидејќи ми е во ниво на градникот, сакам да ја вадам, ама некако не ми се чепка, што знам, иако неколку пати сум ја поткачила и сега, дури и крварела поради тоа.

    Освен тоа, на вратот, поточно на неговиот корен, се појавуваат мали папиломи (како висечки брадавички) кај секоја трудница, исто под дејство на хормоните. Кај некои може да ги има повеќе, кај други помалку. Непријатни се, не изгледа вратот убаво со нив, може да се поткачат со ланче или огрлица, не се опасни, ама не се ни губат после бременоста, остануваат за цел живот.
     
  3. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Тие мислам и дека може да се горат со течен азот после, дека не се опасни (иако за око не се убави, а и што велиш за ролки, ланчиња и сл. непријатно е).

    Јас за оваа мојава бемка на стомак дека е рамка, а чувствителна и нагло се зголеми ме фати паника да не ми настане некој рак :( ама се надевам дека е од наглото ширење на кожата и дека по породувањето ќе се смали пак како што беше или барем нема да ми прави проблеми...........
     
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.586
    Пол:
    Женски
    јас имав на вратот во првата бременост такви како брадавички ,ми се појавија накрајот можеби дури во 9ти месес ама потоа се изгубија.
     
  5. mamavonajava

    mamavonajava Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    ;( откако сум бремена на вратот имам цели гроздиња со мали брадавички, ама во последно време како да исчезнуваат малите, или сум ги потфатила несакајќи.
    Ама и на другиве делови почнаа да ми излегуваат и мислам дека сега сум со +10 бемки...... е сега се надевам дека после бременоста ке ги снема или ќе може со течен азот да се средат барем дел од нив, во спротивно ќе си останам како новогодишна елка накитена со лампиончиња ...
     
  6. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    јас имам бемка доле на левиот препон одма до вагината од раѓање ми е.. досега е нормална прв пат слушам дека може да дојде до промена на истите ќе внимавам повеќе на нив ,,, се надевам нема да ми е проблем кога ке раѓам.....

    и плус сега примекам дека ми излеваат и како мали ситни брункицки не се брункицки валда се некој ситни бемки не знам дали се брадавици на вратот веднас под ушето.... треба ли да се плашам или сами ќе ми поминат
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Случајно наидов на темава а се пронаоѓам затоа што мене во 5 ти месец ми излегоа висечки брадавици,ситни додуша, на ареолите, една самата се исуши и падна ама ми останаа две. . Да не има некоја трудница соова искуство зашто сепак е на осетливо место поради самото доење
     
  8. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    Јас имав на десната ареола, мала ситна како точка. Во клиника прашав рекоа не било страшно. Дома кога дојдовме, ќерка ми си цицеше без проблем. Сама од себе се исуши стана црна и падна. Ја најдов на мајцата што ја носев.
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас на вратот и околу него сум лом. Бемки и брадавички сигурно имам плус 20-30 и многу ми се познаваат. Сите ми ги приметуваат. Катастрофа сум, ми се појавија некадеоколу 5-6 месец. Се надевам дека после бременоста ќе исчезнат бидејќи страшно изгледам во тој дел.
     
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    I jas imam ista takva, primetiv deka se menuva vo bremenosta. Ke vidime do kraj kako ke se odnesuva.
     
  11. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    и јас приметив ситни бемки и брадавички најмногу по вратот, и горниот дел од носот ми стана како кафеав, се надевам по бременоста ке го снема
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    И мене ми излегоа тие ко брадавички по вратот најмногу и тоа наеднаш и многу. Среќа од коса не се гледат ама мене ужасно ме нервираат и сакам да ги снема. Дури по некоја се најде и на рака, кога, под пазувот. Читав дека е повеќе од нормална појава тоа во бременоста и дека обично ги снемува некој месец по породување, вероватно хормоните кога се стабилизират малку, ама ако во некој случај не ми поминат сами од себе ОБАВЕЗНО ќе барам начин да ги уклонам.
     
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Која недела си? Мислам кога се појавуваат. Јас уште ги немам. Ама имам една испапчена бемка на препона и гледам си расте како си растам и јас.
     
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    33 недела сум. Кога размислувам кога почнале се мислам дека таму некаде од 5 месец највероватно. Ама сега буквално преќу ноќ ги гледам. :|
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Мене ми се појавија нови бемки . Мали се , ама почнале по рацете, стомакот. Тие што ми беа поголеми, се зголемиле. Ми се јавија и пеги на лицето и како кафени дамки.... Ќе видиме дали ќе исчезнат после породување здравје, нејќам такво да ми остане лицето......
     
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    По првата неуспешна бременост двајца гинеколози ми рекоа веднаш да ја отстранам бемката која се наоѓаше на стомак, така и направив, отидов кај др Анчевски таму завршија работа, требаше да го направам тоа многу одамна.... големо олеснување