Еми ја ги ијам за увоз и извоз. Е сега, ако ме питате што е увоз, а што извоз незнам точно. Пошо ќе ги здрк.. ова збркам поимите. Ијам една така по испапчена на левата страна на вратот. х) А на една нога ијам околу 20тина бемки, порано си ги броев. Ама ми кажаа дека не било убаво да се брои.. и јас стигнав до 20 и некоја, и прекинав. Ги имам у разни велични, џуџести, џиновски. Па дури има и различни бои, некои се помаранџести, некои кафеави, а некои кога ке ги погледам дури и мрежести. По форма се различни, коцкасти, ама повеќето се кружни. Иначе ијам и една бемка срце ( )на левата рака, како и да објаснам, мислам дека нема да ме сватите, пошо ни ја нема да се сватам. Е сега ме натеравте да одам до огледало и да видам, на лицето колку имам. Сум имала 6, ама малецки. И то, нема што друго.
Кога последен пат бев на контрола за нештото што ми никна од бемката, при земањето анамнеза му кажав на докторот дека во последен период ми се јавија нови бемки.Ми рече дека не е ништо страшно дека тоа може да се нарече еден вид стареење на кожата кое се јавува после пубертетот, или станува збор за пригментации од претерано изложување на сонце без заштита.Ми препорача да користам 50 фактор заштита за сонце на бемките при секое изложување на сонце затоа што не е здраво да се изложуваат на сонце и соларум без заштита.
Од сеа, не искачам од дома без заштита.... за-против сонце. Ама сега е ладно, ај од догодина. Поготво ја ко што сум бела, с`нцето ме дере. И да не бидам оф топик, еве јас што најдов за бемките, што значат, во кој дел од телото. http://interesno.com.mk/fun/34-interest ... niot-zivot
Бемките на внатрешната страна на колковите предвидуваат љубовни неуспеси Ахам, иде типот/типката нагоре до Одајата на тајните и оп на бемка наидува. И бемката и вака: А, ам вака не бива, ајде сиктер да те нема.
имам 3 бемки... *на задната страна од вратот *на средниот прст на десната рака * третата подобро да не кажувам кај ми е
Само 3? Јас ако не имам 300. На рацете имам направено триаголници од бемки(кога ке се повржат)И сега како и сите ме натеравте да си ги избројам. па вака: На левата рака : 23 еј чудо и на десна имам 23 а на нозете немам многу И само 2 кај градите Али на раце бравоо сега ко некој изрод имам фаца кога избројав колку имам Па мислам дека време беше и јас во нешто да сум прва А тоа за рани рацете ми се како реше али во ребрата знаеле да гаѓаат еј сигурно сум била некој криминалец во минатото. :geek:
Имам релативно чиста кожа од бем(н)ки и сум среќна. Имам само една на челото,речиси во косата( у косата ми била бе,кај тн залисток),една на грбот,една под пазува тако звана мишка и уште една што не ја кажувам,а не е безобразна ( ) и две од нив се минимални,а две онака,не се да не ги приметш,ама не се поголеми од 2 мм. Стварно ќејф сум што е така,зошто ќе ме мава параноја цело време,ќе се мачкам,ќе се пипкам,ќе ги проверувам. Инаку и јас читав за тоа со раните на идивиди чинам,а и една феминка го имаше постирано. Еве го. Бемките се рани од претходниот живот При хипноза, која ги враќа луѓето во минатото, се покажало, дека точно таму, каде имаат бемки, биле ранети. Понекогаш овие рани биле смртоносни. Некои од бемките претставуваат стари лузни од жигосување во некои од претходните животи на човекот. Бемката на главата е најдобриот белег од претходниот живот, без оглед каква големина или формат има. Бемката на главата им помага на луѓето да бидат самостојни. Бемката на рамото, помага за полесно надминување на животните проблеми. Бемката на грбот помага за послесно надминување на заговорот на непријателите. Оној што има бемка на грбот ќе треба да се справи сам со надминувањето на интригите и долгогодишното непријателство. Бемките на лицето укажуваат на непромислени постапки. Бемките на градите се осудени на љубовни маки. Бемките на стомакот се знак дека човек треба да е внимателен кон здравјето. Бемката на задникот зборува за тоа дека човек може лесно да западне во смешни ситуација. Бемките на внатрашната страна на колковите предвидува љубовни неуспеси.
А ако имаш на сите спомнати места што треба? Мене ова ми е смешно и не верувам во истото. Јас имам доста бемки- повеќето се мали, една извадив, и не се замарам со нив- ако ми смета ја вадам и готово. А изгледа многу сум била ранувана во претходните животи според истражувањата- среќа не било со базука како што спомна некој погоре, мене со игли и шајки ваљда ме боцкале
Јас имам многу бемки, вклучувајќи и една мала во средина на левиот образ. Порано ја мразев,сега не толку...Скоро сегде имам бемки,дури имам и измеѓу прстињата на нозете,1на. И..зарем ме ранил некој во сред образ? Како што кажав,сегде имам бемки,значи се ова што го наброја Лилит треба да се важи за мене.Пф.
во тие стории за толкување на бемки се мисли на тие поголемите кај ти се наоѓаат што значат. сигурно не е за секоја на телото зашто мене секое толкување би ми одговарало
Пф далеку од тоа дека е ова вистина,особено пак претходен живот.Глупост е да веруваш во бемка,алооо,утре ќе се најде некоја будала и на бемки ќе почне да гледа.Онака за забава,нешо ко хороскоп. Нема човек што нема барем една бемка на телото. Туку Сесилија,не е зезање вадење на бемки,не им давај идеи за масовно вадење сега .Не секоја треба да се чепка.Ако ептен ти е проблем,те нервира,ти менува нешто,ајде некако,ама и тоа,пре убеди се дека не ти смета,отколку да правиш циркузи. Пффф Каша,аристократија сум онда ако бара специфични,жива глава сум извадила или сум тазе душа на светов,па немам гревови и болки од претходните животи (од друга страна пак ќе се коси со тврдењето на една луџакиња што ми рече дека имам стара душа..одеднаш немам во што да верувам и животот ми нема смисла!!! ).
Имам неколку повпечатливи точкици ,кои сметам дека би било најлитературно ако би се викале беНки.Јас така си ги знам. Невр мајнд ,батали литературата. Имам две под левата веѓа ,една до друга се и изгледаат како лузнички од пирс ( многупати ме имаат прашано дали имам носено пирс на таа веѓа ). Една на десниот образ ,на јагодичната коска ,латерално према увото. На лице - толку. На рамото имам една ,веднаш до лузната од БСЖ кога сум била бебе На лев цицка имам нишан Мал е ,ама пак е нишан ,посебно ако ме нишанел некој на тоа интригантно место На рацете имам по некоја ,од сончање претежно ,како и по некое кератомче ,ама тоа за стандардна беНка не се смета. Е сега најголемата - колку една маслинка ,е лоцирана некои 10-тина цм над десниот глужд. Порано ,кога ќе облечев хулахопки ,сите ми викаа дека ми биле извалкани ,а тоа бенката се проѕира од под нив Врз основа на ова ,ќе имам ли светла иднина или да се снабдам со халогенки?
Тие теориите за значењето на бемките се измислени, и тоа за да на некој начин „се утешат“ луѓето. Ако некој имал на пример впечатлива бемка на одреден дел од телото, наместо да се чувствува нагрден, луѓето и измислиле позитивно значење, бидејќи нели бемките, барем во минатото, не можеле да се отстрануваат.
Нивно значење? Патолошка пигментација, т.е хиперпигментација со меланин. Готова је прича. По оваа логика, јас сум била жртвено јагне. Повоочливи бемки: една на десниот образ така, малку поголема, ми дава посебен шмек, заедно со таа над устата у кабаре стил. И една у бандини филмче, меѓу очите, ама ситна е не се познава многу многу На гради имам две -три и една на задниот сегмент, да не кажам -гз. Некои ептен огромни немам, се си е океј...
Јас во претходниот живот сум била мета на терористички напад. Не стварно, имам многу бемки и сум слушала дека се знак за лепота. Демек побемкастите луѓе биле поубај. А, и имам 2 на стомакот централно симетрични на папокот. Што може тоа да значи??