И јас имам многу бемки по цело тело ама имав 3 поголеми, едната ми беше на стомакот (одма над гаќичките) ама таа ја извадив беше голема колку нокт и испакната. Е сеа другите 2 ми се на грбот одма под вратот и нив планирам да ги вадам посто се како леблебии и испакнати. Сите други илјадници бемки ми се мазни и рамни. Така да не им се секирам многу само што се мачкам со 30+ фактор за на сончање. Вадењето на бемката беше болно на секунда со локална анестезија кога те боцкаат и толку. Ама ми напоменија дека никако не смеат да се сончаат бемките големи што се и испакнати. Така да девојки внимавајте
Имам бемки по телото.На рамената на вратот на грбот на нозете неколу значи скоро секаде.Ама не ми се забележуваат и ми се ептен ептен ептеееееееенн малецки.. Не би знаела што значи ако имаш бемки.Инаку и јас сум слушнала дека тоа се местата каде шо те раниле во претходниот живот.А на бемките не им придавам некое големо значење.
јас од мала имав 10тина бемки,ама последнава година-две буквално по целото теоло имама нови бемки и усте се појавуваат и појавуваат..... ниедна не ме чеша не ме боли ( што значи нее опасна) ама ве молам ако знае некој која епричината зошто се појавуваат нови бемки нека пиши.....ако не можам и можеби најдоброе да појдам на дерматолог...
Јас пак, имам само една со средно-голема на половината а другите ми се малечки.. Не знам зошто ич не си ја сакам ама ајде, моја е.. Мислам дека нема врска бројноста на бемките со убавина или дека во претходниот живот некој не решетал..
Ја имам бемка над устата на левата страна баш како Мерилин Монро.... Ама имам уште една до носот... МНОГУ ИРИТИРААТ! А незнам што значат извините оф топик ако беше
јас имам и од лева и од десна страна на исто место пд пазувите кај ребрАТА...ама баш исти изгледа со мач низ ребра сум била прободена.
Јас имам една бемка до носот во вид на срце,сите се чудат кога ќе видат.Таа ми е највпечатлива. Имам многу и на вратот и рацете,И од долната страна на едното стапало.
jas ima blizu densava grada benmak nogu si ja sakam ama koj i da ja vide ne ostanuva ramnodusen ne znam zasto i pod levoov oko kako od dita fon tis samo mojava prirodna bemka.
Најспецивична бемка имам на вратот. Ем мала ем ситна, но многу ми е шубе од нејзе. А другите ко точки ми се, не претставуваат проблем.
Еве нешто за бемките на лицето и нивното значење Позиција 1, 2, 3 Вие сте креативни, имате чувство за бизнис и може многу лесно и едноставно да ги контролирате луѓето. Луѓето сакаат шеф како вас. Позиција 4 Вие сте импулсивна личност. Но имате харизма и шарм на кој секој паѓа. Сакате да се докажувате и да имате аргументи за сé што зборувате. Позиција 5 Бемката над веѓата значи дека вие едноставно имате среќа во животот. Не ви треба да учите како да бидете успешни, вие едноставно ја имате среќата на лесен начин да го постигнете тоа. Имате голема интуиција која не треба да ја занемарите. Позиција 6 Бемките на оваа позиција симболизираат интегигенција, креативност… Имате талент кој може да ви допринесе да постигнете голема слава. Но, тоа ќе го постигнете само ако покажете малку поголема храброст. Позиција 7 Бемките под веѓата означуваат тага. Вие многу лесно може да паднете во депресија, често се чувствувате тажни… но за среќа може многу мали работи да ве усреќат и повторно да се чувствувате добро. Позиција 8 Ова не е баш најдобра позиција за бемка. Вие имате проблем со финансиите. Тешко ви оди контролата над парите. Позиција 9 Вие сте личност која лесно наоѓа решение на проблемите. Вистински пријател кој е секогаш тука за пријателите. Позиција 10 Вие сте обожавана личност, и во кругот на семејството и во кругот на пријателите. Можете многу лесно да го ускалдите материјалното и емотивното. Позиција 11 Вие сте тврдоглави и своеволни. Ако нешто наумите мора да го истерате по ваше, а често знаете и да покажете револт ако тоа не е така. Позиција 12 Вие имате балансиран живот. Никогаш не сте се истакнувале во друштвото. Можете мирно и сталожено да ги прифаќате работите. Жените кои имаат бемка на оваа позиција се убави и гламурозни. Позиција 13 Бемката на ова место предвидува лош однос со вашето дете. Ќе имате тешка комуникација и многу тешко ќе наоѓате заедничко решение. Позиција 14 Премногу сте чувствителни. Се што се случува со вас или на луѓето околу вас има големо влијание на вашето расположение. Позиција 15 Вие сте секогаш расположени за промени. Затоа и многу често имате потреба да промените нешто во домот. Но, за среќа не е така и со партнерот. Кога ќе засакате некого му се предавате целосно. Позиција 16 Имате проблеми со депресијата. Секогаш решението го барате во храната… а потоа сте незадоволни со изгледот и повторно сте во депресија. Позиција 17 Вие сте многу повеќе отколку она што го мислите за себе. Немате голема самодовреба, но другите го забележуваат вашиот квалитет. Позиција 18 Вие имате желба да експериментирате. Ги сакате адреналинските возбудувања и спремни сте во секое време за забава. Позиција 19 Имате среќа со парите и многу добри пријатели, добро е да се има бемка на ова место. Позиција 20 Бемката на ова место значи или дека имате голем тален или немате никаков талент. Или сте секогаш насмеана и весела личност, или сте личност која никогаш не е насмеана. Пронајдете се во која крајност сте. Позиција 21 Каде и да се појавите оставате добар впечаток. Лесно им паѓате во очите на другите. Доколку сте личност која сака внимание ова ќе ви одговара, но ако не сакате да сте во центарот на вниманието вие имате проблем. Позиција 22 Вие сте неверојатно позитивна личност. Скеогаш сте ведри, насмеани. Се што почнувате го завршувате со голем успех. Позиција 23 Вие имате висок IQ коефициент. Се снаоѓате и во науката и во опшите теми. Ќе имате долг и убав живот. Позиција 24 Додека сте млади ќе имате убав и среќен живот, но со текот на годините животот ќе ви стане помалку поднослив. Позиција 25 Вие сте убави и претставителни. Но… тоа може да ви даде предност во некои ситуации, а некогаш да почувствувате навистина неубаво токму поради вашиот физички изглед.
Извиниама ме пресмеја ................... овоа за позиција 25 познавам една со белег бемка како сакаш кажиго на това место и далеку је од това што је напишано................абе грда је како ѓаволот
Имам 4 бемки на лицето и мнооогу си ги сакам Инаку колку се пронајдов посебно во напишаното за 15 позиција на бемка..хахахах Имам и по телото бемки, но не премногу. Како и да е не се жалам
хехех ме изнасмеа и јас имам една така поголеа на грб и мене сигурно ме имаат погодено со некоја базука....а и на лицево кај носот и устата и таму ме имаат шибнато со некој куршум хихиихх