^^ Исто и ти. Си потроши минута од животот за да ни кажеш како ние си потрошивме по некоја минута. Поента?!
А не,јас мојата минута си ја дадов за благородна цел,а тоа би било да им укажам на евентуалните читатели на темава да не си трошат залудно време зашто оваа теорија за значењето на бемките е чиста глупост. Се надевам ме разбра.
Јас имам бемка на вратот, имам бемка десно од папокот, една на колкот напред на десната нога, и една на коленото на левата нога (оваа на коленото ја имаме заедно со татко ми и сестра ми), и сите четири заедно формираат совршен квадрат.
Имам читано дека колку бемки си имал на телото толку години живот ти претставувале. Некако не ми е верно ова...ама ај.
Јас имам 13 бемки на лицето, од кои 2 се забележителни. Една баш до носот, а една над устата, како Монро. Воопшто не ги сакав до пред некој година, ама сега, важно е да се справам со нив. Да ги прифатам де.
Позиција 21 Каде и да се појавите оставате добар впечаток. Лесно им паѓате во очите на другите. Доколку сте личност која сака внимание ова ќе ви одговара, но ако не сакате да сте во центарот на вниманието вие имате проблем. Позиција 15 Вие сте секогаш расположени за промени. Затоа и многу често имате потреба да промените нешто во домот. Но, за среќа не е така и со партнерот. Кога ќе засакате некого му се предавате целосно.
Девојки помагајте! Во последен период се повеќе и повеќе забележувам бемки на лицето, па и по целото тело. Не се многу забележителни, ама воопшто не ги сакам Имам една над усните забележителна и доволна ми е Ве молам доколку некој знае поради што се јавуваат нека каже Ви благодарам однапред!
ЛоЛ. јас имам една на рачето кај зглобот на вената, да не сум напраила некоја беља во минатиот живот..
Јас имам на левиот образ и на носот доста забележителни се. не ми сметаат, напротив симатично изгледаат
Јас имам една на левата нога, погоре од глуждот, вака однапред кога гледаш на центар во радиус од некаде....3мм
Јас имам две поголемки на стомакот, едната е над папокот од лево и е поголема, а другата е под папокот од десно и е помала. Не знам што значат, ако некој знае нека ми пише.
Јас и не ги обожамвам многу, но се помирив со фактот дека се појавуваат. Имам доста светол тен и претпоставувам е една од причините за нивна појава. На стомакот и на грбот имам и јас ама тие ми се некако интересни. http://www.me-chitash.com/zabava/zabava ... aseto-lice Можеби ќе ви биде од корист ова. Што значи во минатото сни биле многу пати ранети ЛОЛ
Јас имам бемки на лицето на образите една под устата... имам и на грбот и на левата цицка имам и баш се симпатични.
Дебојки нова сум тука и мене ме интирисира оваа затоа што имам 9 бемки над градите 3 се големи .едната од нив е светло кафеава издигната а другата е темно кафеава издигната и третата исто како втората .. сакам да прашам дали може сите 9 да ги отстранам од моето тело и дали операцијата е ризична како одат работите на операцијата ?...исто така сакам и за другите да прашам останатите 6 се ми издигнати ама многу мали и при добир не ме болат ни една... и сите се темно кафеави последните 6 ми се појавија оваа година а вшусност имав само 3 бемки ... кога имав 3 години ми излегоа..и за операцијата сакам уште нешто да прашам дали кога ќе ти ја извадат бемката после тоа ти ја шијат раната или сама си заздрава и дали остава рани?...
Можеби нешто грешам, ама колку што сум јас информирана тоа не е класична операција, туку само ти ги горат, дали со течен азот или незнам.. плус тоа, за последици.. тоа ти е индивидуално, прво мора добро да се распрашаш кај кој доктор би одела, инаку може да ти останат некои бели флеки... сакав да те прашам за тие 6 што ти се појавиле во една година, дали ти се од преголемо изложување на сонце, можеби си бела во тенот..?