Не сум бела во тенот баш сум црна и тие 6 ми излегоа а незнам зошто вчера ги гледав и забелезав дека уште 2 нови мали ми излегуваат незнам што да правам
Бемките се појавуваат повеќе во пубертетот,а некои се вродени,од раѓање,а и се провоцираат од штетните ултравиолетови зраци,тие се најканцерогени,заради тоа и се определува УВ фактор,исто така многу се предизвикуваат од солариум,затоа е опасен. Кога заприметите бемките да ја изменат својата форма,да станат нерамни,да ја менуваат формата и да се зголемуваат,особено над 6 мм,ако кожата околу нив се зацрвенува,ако почнат да ве болат на допир,треба да одите на кожен лекар што побрзо. И не треба да се чепкаат,да се корнат или слично.
Јас имам една на глава , не ми се познава од косата хаха , а исто така имам и една под десната цицка.Таа ја мразам и одвратна ми е.Не е баш многу мала, средна..
Не знам колку е вистина ова,ама мојата баба ми има кажувано дека на местата каде што имаме бенки тоа значи дека тие места ни се поубави од другите делови на телото.Јас имам една на челото веднаш до косата и баба ми одсекогаш ми велела дека имам убаво чело. Инаку iRiNa12 јас не би ти препорачала да ги оперираш бенките(се разбира доколку е непоходно ), бидејки е многу опасно.Татко ми има една поиспакната бенка на десното рамо и кога бев мала,еднаш на одмор несакајки ја удри на вратата и му се скина .Па после ја лепеше со лепак бидејки е многу ризично да си скинеш бенка. Доколку веќе си одлучила,јас нема што да се мешам.Со среќа,поздрав
Да и јас го имам тоа забележано дека каде што ти е бемката таму тој дел е убав. Навистина, јас како што кажав претходно имам покрај устата а устата ми е прекрасна, пополнета, црвена. Имам забележано кај многу други луѓе слаба уста,без некаква природна мека боја, но сепак и тоа зависи од гените но мислам дека можеби има некаква врска со тоа
Aбе девојки, коа ве читам вака, `јас имам една таму, една ваму`... не знам што да речам за мене имам по некоја на нозете, на стомакот, на рацете.. начи по некоја, и многу на грбот.. ај да не набројувам да не ми се зголемат... само тие шо ми се на грбот мајка ми ми рече дека ми се појавиле не од раѓање туку подоцна од сонцето, него дали некоја од вас има бемки што се по боја црвенки? затоа што јас такви и имам па не знам зошто се појавиле и какви се...
Јас сум бемкаста и ова ако е вистина од претходниот живот,тогаш убаво ме потепале. Најмногу имам на рацете и на грбот.На нозете имам по малце и на предниот дел од телото.А на лицето ги имам 5-6 ама не ми пречат.Имам слушнато дека тие што имаат многу бемки биле убави(без навреда за тие што не сте бемкасти и вие сте сигурно многу убави ).Порано многу се срамев од бемкиве сега немам гајле,дури и не ги ни приметувам,исто како да ги немам.Така поголема бемка немам на телово,имам само една помала брадавица на грбот и таа мноогу ми пречи и планирам да одам да ми ја извадат,а и мајка ми ми го има кажано ова.
Бемки и нивното значење Бемки по лицето Ако бемката е на челото, образите или носот тоа значи дека се работи за мудар човек со остар ум. Овие луѓе се секогаш едно ниво над другите, побрзо мисловно асимилираат и имаат завидна интелигенција. Ако бемката е оклу устата или брадичката, тоа значи дека најубавите денови од животот ги очекуваат после 40-та година. Покасно ќе ја сретнат љубовта и покасно ќе создадат семејство. Доколку имате повеќе бемки по лицето вие сте вистински среќници. Животот ќе ви биде динамичен и среќата ќе биде основен печат на вашата судбина. Бемки по рацете и нозете Бемките по рацете, рамената и дланките се знак дека личноста е многу емотивна. За вас љубовта е на прво место и би направиле се во нејзино име. Тешко поднесувате предавство и лага. Но често ќе ви се наложува, бидејќи вашата судбина е да носите среќа и хармонија на другите. Бемките по нозете и стопалата зборуваат за оптимистична и весела природа. Таквите луѓе често го менуваат правецот во својот живот но секогаш се со насмевка и добронамерни. Ако имате бемка на долниот дел од ногата треба да знаете дека шансите да станете позната личност се големи. Нема да згрешите ако почнете да се занимавате со спорт, шоу бизнис, политика, уметност…Вие сте интересни и екстравагантни но најверојатно одамна сте го забележале тоа. Бемки по стомакот и грбот Бемките по стомакот се типични за луѓе склони кон зависност. Дали ќе е тоа саканиот човек, секс или алкохол. Овие луѓе треба да се многу внимателни бидејќи бурните чувства знаат да бидат опасни. Но ако го знаете ова и ја насочите целата таа емоционална енергија кон нешто продуктивно, таа ќе ви се заблагодари со огромен успех. Бемките по грбот се знак дека сте организирана и воздржана личност, која знае како да се грижи за себе. Таа воздржаност понекогаш работи во ваша штета зошто трупате емоции кои избувнуваат баш тогаш кога не треба. Но како целина вие си тежите на местото и луѓето ве почитуваат. Бемки по градите и интимните делови Луѓето со бемки по градите се умни, со силна интуиција и со специјална мисија во животот. Тие се родени лидери и кога се помеѓу луѓе секогаш се издвојуваат. Нивната специјалност често пати предизвикува завист но тие знаат како да се справат со човечката злоба. Се ќе им се подредува како што треба ако почесто ја слушаат интуицијата. Бемките по интимните делови зборуваат за многу силен карактер кој се стреми секогаш кон најдоброто. Тоа е мачно зошто овие луѓе ретко чувствуваат вистинско задоволство обземени од манијата кон совршенство. Судбината не им е лесна но ако научат добро да ги избираат луѓето во својот живот се ќе биде во ред. Спојлер превземено од Боза.мк
Бемки и нивното значење Бемки по лицето Ако бемката е на челото, образите или носот тоа значи дека се работи за мудар човек со остар ум. Овие луѓе се секогаш едно ниво над другите, побрзо мисловно асимилираат и имаат завидна интелигенција. Ако бемката е оклу устата или брадичката, тоа значи дека најубавите денови од животот ги очекуваат после 40-та година. Покасно ќе ја сретнат љубовта и покасно ќе создадат семејство. Доколку имате повеќе бемки по лицето вие сте вистински среќници. Животот ќе ви биде динамичен и среќата ќе биде основен печат на вашата судбина. Бемки по рацете и нозете Бемките по рацете, рамената и дланките се знак дека личноста е многу емотивна. За вас љубовта е на прво место и би направиле се во нејзино име. Тешко поднесувате предавство и лага. Но често ќе ви се наложува, бидејќи вашата судбина е да носите среќа и хармонија на другите. е точно е
Ако бемката е на челото, образите или носот тоа значи дека се работи за мудар човек со остар ум. Овие луѓе се секогаш едно ниво над другите, побрзо мисловно асимилираат и имаат завидна интелигенција. Ако бемката е оклу устата или брадичката, тоа значи дека најубавите денови од животот ги очекуваат после 40-та година. Покасно ќе ја сретнат љубовта и покасно ќе создадат семејство. Бемките по стомакот се типични за луѓе склони кон зависност. Дали ќе е тоа саканиот човек, секс или алкохол. Овие луѓе треба да се многу внимателни бидејќи бурните чувства знаат да бидат опасни. Но ако го знаете ова и ја насочите целата таа емоционална енергија кон нешто продуктивно, таа ќе ви се заблагодари со огромен успех. Бемки по градите и интимните делови Луѓето со бемки по градите се умни, со силна интуиција и со специјална мисија во животот. Тие се родени лидери и кога се помеѓу луѓе секогаш се издвојуваат. Нивната специјалност често пати предизвикува завист но тие знаат како да се справат со човечката злоба. Се ќе им се подредува како што треба ако почесто ја слушаат интуицијата и точно и неточно
Прв пат слушам за значењето на бемките иначе јас бемки имам на раката и една бемка на десната лопатка и што е најинтересно имам две сестри и сите три имам бемки на истото место само што мојата е најголема најстара сум јас на средната сестра и е малце помала од мојата а на најмалата сестра и е најмала
Имам бемки,но не многу. Имам една одма над устата,ситна малечка.Порано ептен ме нервираше ама сега ептен си ја сакам Имам на нозете,на грбот,една на стомакот,3-4 на лицето. Абе во минатиот живот решето ме направиле.
Немам многу бемκи на телото, на лицето имам една под оκото ама ситна е од ρаѓање и е толκу многу блисκу до оκото што тρеба ептен да ми се доближиш до оκото за да ми ја видиш, и имам една на обρазот од стρана. Ама ситни се овие. А имам и една малκу поголема на κолκот збутана е наκај гзот ама оваа е малκу поголемκа и пρиметлива ама долу е. Имам и на ρамото и на ρаκата. Имам и уште 2-3 ситничκи ама тие се на стомаκот и интимните делови таκа да, небитно. Битно воглавно сум човеκ со малκу бемκи .
Од кога се вратив од село приметив две малечки нови бемки, а се немам сончано, не знам зашто и како одеднаш се појавиле, а баш личат на оние од сонце што се појавуваат. Инаку немам јас многу бемки на телото, 2 од раѓање и 2 после појавени, толку. Зборам за прави бемки а не тие минијатурните точки, мада и такви немам многу.
Имам бемки,ама од оние ситните. На десната рака помеѓу лактот и рамото имам 3 кои се поставени дијагонално една под друга на иста одалеченост.Сакам бемки бидејќи тие не прават поуникатни,секако да не се оние страшните!