Имам две на едниот образ, а имам и помали по телото, повеќе на рацете, ама не ми пречат. Спојлер Имам една и на задникот, таа ми е најголема. Среќа не се гледа, ни кога сум во купачи не се приметува многу.
Ја премногу бемки имам, ама не се замарм. Ги броев ендаш 90 и нешто беа.. А на г'з имам една голема, на исто место имаат и сестрами имајками.. Само нив малку помала им е Иначе ако раните од минатиот живот е вистина, мене лом ме направиле..
Во средината на челото – имате проблеми со авторитети и не се согласувате со препоставените. Левата или десната страна од челото – фокусирани особи полни со енергија. Веѓите – ако имате бемка под веѓите, тоа симболизира изобилство. Ако бемката се “крие” во веѓите е знак на големо богатство, а ако тоа е над веѓи значи дека ќе имате постојан прилив на пари во целиот животот. Очни капаци – бемката на очен капак е знак на родителски кавги и губење на пари. Доколку бемката е веднаш под око, тоа значи дека сте премногу емотивни особи. Образи – бемка на на образите е карактеристика на осамени луѓе кои не можат да се смират и да се започне живот со семејство. Бемка во близина на носот е симбол на нестабилност. Уши – бемките на ресицата на увото значи добар човек со добар углед, бемка во внатрешноста на увото е симбол на долговечност. Ако имате бемка на двете уши, тоа значи дека се влијателна особа . Нос – бемка на врвот на носот е симбол на љубовни проблеми и нестабилност, а на “мостот”на нос симболизира несреќа. Бемката на страната од носот е знак дека добро работите со пари. Брада – вие сте тврдоглави и упорни особи и имате голема желба да патувате. Усни – бемка над горната усна е симбол на привилегиран живот , а на долната усна значи дека ќе имате успешен живот. Врат – овој дел од телото го поврзува духовното и телесното во нас. Бемките на вратот се знак на разочарување и може да предизвика протокот на енергија во телото. Луѓето со бемка на средината врата има малку “див” карактер и често може ненамерно да ги повредат нивните блиски. Раце – бемките на лактовите ги карактеризира сентименталните луѓе. Градите – бенките на градите се симбол на моќни луѓе на високи општествени позиции. Стомак – бенките во близина на папокот се знак за среќен живот. Дланки – вешти сте и знаете како добро да заработите.
Најголемата бемка ми е баш на папокот, друга поголема ми е на левата града од страна и онака спроти неа на внатрешната страна на раката имам бемка со иста големина и кога ми е раката спуштена двете бемки се допираат . А на лицето имам три повпечатливи кои се наредени една под друга на еднакво растојание и кога ќе се насмејам доаѓаат под права линија бидејќи се околу усните и баш ми се интересни, ни со пудра не успевам да ги покријам. Сета среќна не се големи туку како точки само. Инаку сум читала демек колку поблиску до папокот толку повеќе среќа, но не се сметам за толку среќна со обзир каде ми се наоѓа бемката.
Имам бенка на препон. Многу незгодно, страв ми е да не си ја откорнам несакајќи при депилација или слично. Ако се знак на лепота, тогаш само мм ужива во мојава хахаха.
Ако бемките се настанати бидејќи сме биле ранети во предходниот живот тогаш мајка ми е Ахил, има бемка на левата пета Јас имам една на десната града и под неа, други не сум забележала
Еден куп ги имам. Поголеми и поиспакнати ми се на грбот, а по рацете и лицето за украс така -.- од сите највеќеми се свиѓа таа што ми седи на средина од вратот, веднаш под грклен. Абе уникат.
Имам бемка по рацете . На образ. Под усните. На цицка. Среќа па мали се и не се приметуваат Бемките де