Целава работа со Бермудскиот триаголник некако не ми е јасна, има толку случки поврзано со триаголникот, а нема никакви факти...стварно не може да се дефинира. Веке подолго време барам информации околку тоа , но искрено ниедна претпоставка некако не ми е реална... Губењето на незнам колку авиони и потонувањето на голем број бродови и што е најчудно од некои несреки што се имаат таму случено не се пронајдени никакви остатоци. Никој точно незнае што се случува на ова место. Бермудскиот триаголник е зона во Атланскиот океан а уште е познат како Ѓаволски триаголник ,која се протега помеѓу Мајами-Бермудите-Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или се` се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода ,подморници, авиони со повеќе од 1.000 луѓе повеќе од кои не биле најдени. Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селеста. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорк и Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија.Се верува дека на местото на бермудскиот триаголник бил исчезнатиот континент Атланнтида. Теории 1. Првата теорија тврди дека во Бермудскиот триаголник нема никакви паранормални појави кои предизвикуваат губење на бродови. 2. Втората теорија тврди дека физичките сили непознати на науката, кои периодично ствараат дупка на небото, која вовлекува се што ќе и се најде на патот. 3. Третата теорија се однесува на природата на водата во Саркаското море. Се мисли дека за изгубувањето е одговорна некоја непозната компонента на морската вода. 4. Четвртата теорија тврди дека во Бермудскиот триаголник понекогаш се прави временска дупка, во која авионите или бродовите патуваат во минатото или иднината. 5. Петтата и најреална теорија зборува за испарување на природните плиновиод подводните карпикои прават меури на површината кои можат да превртат брод. НЛО: Многумина велат сека бродовите изчезнуваат затоа што ги грабнале вонземјани за нивно проучување. Дупка во времето. По оваа теорија изчезнувањата се случуваат затоа што некаде во регионот на бермудскиот триаголник се наоѓа дупка во времето и дека сите изчезнати се живи само не живеат во наше туку во минатото или идното време. Природни објаснувања: Научниците тврдат дека во бермудскиот триаголник овие инциденти се случуваат поради човековата грешка, лошото време, големите бранови,ураганите и др.Меѓутоа многумина овие објаснувања ги сваќаат како смешни. Постои едно научно објаснување кое тврди дека во областа на овој триаголник се наоѓаат пирати.Ова објаснување би било најблиску до вистината но како да се објасни изчезнувањето на авионите и подморниците? Но многу бродови се пронајдени без посадата но со сите пари и вредности на бродовите. Едно научно објаснување дава илјадници неразјаснати теории за чудната сила во водата која ги застанува моторите на бродовите, но бродовите во 19 век немаале мотори. ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ ЗА ОВАА ТЕМА? п.с стварно не знаев кај да ја сместам темава, па ако треба преместете ја
Бермудскиот триаголник е вистинска мистерија,сум размислувала на оваа тема неколку пати.Нормално дека никој нема да дознае некогаш што се случувало,доколку веќе некој знаел ќе кажел постојат неколку теории за ова место,иако според мене најлогични би биле теориите околу природните појави,додека за нло сум скептик или пак за некакви си натприродни работи.Додека тоа верување кое постои за Атлантида,сигурно не е точно,најпрецизно место за постоењето на Атлантида,потонатиот град би било Грција или околината на грчките острови,според античките извори кои се најверодостојни податоци,отколку сега поновите истражувања и нивното очигледното превртување на историјата.Сепак мислам дека некогаш не би се дознала вистината за Бермудскиот триаголник се додека нема автентични докази за целата таа мистерија
Браво за темава. Многу пати сум размислувала за Бермудскиот триаголник и филмови сум гледала и по нет и се се сведува на теории без никакви докази а многу ме интересира што е финтава со ова...Која мистерија се крие? Според мене е дека постои нешто што ги вовлекува во морето....а што е и како е? не знам Дури и едно време ми беше желба да идам да видам и уште ми е...може ќе ми се исполни
Moжеби има некое силно магнетно поле кое ги дезориентира бродовите,авионите.. и потоа заради длабочината на морето тие никогаш не се пронајдени...
Баш сега пред некој месец, ја открија мистеријата! Се работи за метан во водата, поради која настануваат, ерупции на метански меурчиња, кои имаат сила да потопат брод, и да одат нагоре во воздухот, и да уриваат дури авиони - ако имаат доволно висока густина!
Cега навистина се здрвив кога читав,се наежив целата навистина мистерија,кој знае што се десило со лугето
Језиво е! Ехеее којзнае уште колку вакви неоткриени и чудни работи се случуваат на земјата, а ние не знаеме за нив. И поарно да не знаеме! http://www.byerly.org/bt.htm Читнете на крај, за пирамидата
Неразјаснета мистерија стварно... Не знам ни самата што да мислам, но сигурна сум дека не е нешто натприродно. Сум слушнала за теорија според која на дното на океанот се создаваат метали и многу силно магнетно поле што ги вовлекува авионите, бродовите и подморниците. Се чини како многу веројатна, исто како и онаа за метан во водата. Во секој случај, трагично е што многу животи се изгубени, а никој не може да помогне.
* 1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди. * 1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник. * 1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот. * 1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“. * 1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација. * 1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага. * 1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници. * 1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници. * 1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот. * 1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“. * 1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци. * 1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион. * 1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“. * 1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот. ова беше превземено од википедија многу ми е необјасниво, епа кај се сега тие бродови, авиони, тие луѓе? еднаш даваа еден филм на сител за бермудскиот триаглоник, го гледав, ама беше нешто како хорор со гадни лица.. а јас си помислив некој научен филм, како документарец нешто а оно некои глупави сцени што немаат врска со реалноста .. кое ќе биде решението на оваа мистерија а сателитите не ли можат да го видат тоа, или и нив ќе ги "голтне" ?
Веке две години се интересирам за бермудскиот триаголник ги имам гледано и филмовите (кои инаку се прилично нереални и се тешки хорори) Интересна мистерија е ова триаголников и покрај тоа шо открија за шо се работи (метан во водата) мене сеуште не ми е јасно како е се тоа можно :/ ....
http://www.bosnic.com/Igra-macke-i-mi%C ... 21907.html Еве на оваа страна има убаво објаснето ако не ве мрзи да читате ,само на Хрватски е ама се разбира Добра е странава, има интересни работи за читкање
се заинтересирав за темава и само што го прочитав ова некаде и ептен ме зачуди Се зборува дека еден маѓепсан триаголник на оној Бермудскиот постои и на Охридското Езеро – поточно на југоисточниот брег: трите точки се следниве: Првата се наоѓа нешто појужно од селото Пештани, Втората се наоѓа кај манастирот Свети Наум и Третата е на 6 км во езерото.Бермудски триаголник Првиот знак е ако над Галичица се појави густ, хоризонтален облак во вид на легната греда. Одеднаш почнува да дува силен ветар, водата станува темна и се подигнуваат високи бранови. Изгледа како површина на езерото да врие, па во еден момент се создаваат страшни вртлози, а во другиот од исто место се креваат водени столбови како по експлозија. Забележано е дека еден албански брод, што превезувал железо од Охрид за Подградец, после Пештани се нашол во вакво невреме и дека исчезнал. Никогаш не нашле ниту човек, ниту најмал остаток од бродот. Или за човекот кој успеал да се пикне под превртениот чамец и така да се спаси, додека неговите сопатници ги снемало за секогаш. Многумина ја изгубиле главата на ова опасно место, а оние кои ја преживеале, по правило, подоцна се многу внимателни кога пловат по истата маршута. Што се однесува до поново време не се забелеани несреќи, што е веројатно резултат на брзите моторни чамци. дали има некој слуснато или прочитано за вакво нешто или се само измислици??
Ѓаволовиот Триаголник или попознат како Бермудскиот Триаголник, покрива површина од 19.200 кавдратни милји или 32256 квадратни километри која е енормно голема површина.Тоа е едно од двете места на светот каде што магнетниот компас покажува кон вистинткиот север. Се шпекулира дека поради тие магнетни зрачења дека и самиот Никола Тесла во соработка со Американската влада вршел некакви испитувања.Уште е познато и дека тој дел од океанот е преплавен со многу јаки бури и урагани кои се предизвикани од голфската струја која во тој дел на океанот е најсилна и е наречена Океанска Река.
Јас имам разбрано и дека бродовите,авионите кои исчезнувле некогаш биле пронаоѓани на сосем спротивната страна на Земјата. Но сепак верувам во тоа што е докажано, според филмовите најреално е тоа со Временските дупки или Worm Halls како што ги викаат тоа може да ги влече оти нема доказ кај одат луѓето ..
многу ме интересира што всушност се случува таму, инаку слушав кога кажаа дека мистеријата е разрешена, но сепак оваа теорија со метанот на документарките ја кажуваа уште одамна. А може ли некој да ми помогне со наслов од некој филм за бермудскиот триаголник, но да не е документарен? Дури страв ме обзема кога размислувам за ова
Уште од кога знам за себе се интересирам за Бермудскиот триаголник. И верувам дека има нешто натприродно. Не ми е некако логична теоријата со метанот, затоа што бродовите и авионите не се пронајдени, а и од толку луѓе не е можно никој да не преживее. Научниците постојано се обидуваат да го негираат верувањето во натприродното, но за некои работи едноставно не можат да пронајдат одговор.
Ми се допаѓа темава сум гледала филмови и емисии истражувања и до ден денешен никој не нашол објаснување кое држи вода . Од НЛО па магнетно влијание па се до проколнато место затоа и е познат како Ѓаволски Триаголник Нз ајде да речеме дека е магнетно онака пореално да биде отколку НЛО или некоја сила.. Ама девојки бе како е можно ништо од таму да не излезе ? ! ни една штица ни едно парче од толку бродови и авиони ? некако стварно е многу чудно ... Моја проценка е дека уште доооолку ќе остане загатка за нас и кој знае дали некогаш ќе успеат да докажат и истражат среќа што е далеку од нашава државичка уфф језивоо