Ви ги препорачувам да ги погледнете филмовите за бермудскиот триаголник. Малку повеќе се морничави, ама штом јас како помала ги изгледав, вие сигурно ќе издржете.
Последно нешто што читав сега пред нова година е дека всушност дното на океанот, каде што е бермудскиот триаголник е едно огромно магнетно поле. Кога над него ќе се најдат авиони, бродови, итн, се активира и ги привлекува во океанот...Причината зашто неможат да се најдат остатоци е тоа што дното е многу длабоко и неможе човек да продре до океанот, зашто е темнина....Освен темнината, после одредена длабочина се зголемува притисокот во водата, па нема теоретски шанси човек да преживее. човек всушност може многу малку да отиде во длабочините на водите. После одредена длабочина, заради притисокот почнуваат да му зујат ушите, се ствара една таква врева, да не речам бучава во главата, што е неподностлива. Истото се случува и со рибите....Неможат и они да го поднесат тој притисок. Затоа многу малку и ретки примероци можат да живеат на морско/океанско дно. Коа китот неможе да издржи на такви длабочини, каде би можел човек? Исто така каков и да било електронски апарат, пример камера да се прати, ќе експлодира заради тој притисок...Поради овие причини досега не е стигнато до океанските ЦРНИ длабочини и до тоа дно, кое што крие МНОГУ МИСТЕРИИ
читав пред некое време негде дека е разрешена мистеријата околу бермудскиот триаголник поради нелои хемиски елемент неможам да се сетам што беше доведувало до потопување на бродови и паѓање на авиони и као демек нил присутен само во таа определена зона
Уште од мала ме интересираа различните приказни за Бермудскиот триаголник. Многу чудни работи се случуваат таму, стварно. Ама не верувам во теории според кои има натприродни сили, НЛО и сл. Се' може да се докаже со научни докази. Верував дека постојат магнетни сили кои им прават проблеми на навигационите уреди на бродовите и авионите кои поминуваат таму. Едноставно се потопуваат и пропаѓаат на дното на океанот. Најлогично ми беше. За ова со метанот не сум многу упатена, имам слушнато ама немам многу читано. Ќе се позанимавам, баш ме заинтересира сега. :geek: Пред неколку години гледав еден многу интересен филм за Бермудскиот триаголник. Не документарен туку научна фантастика. Многу ми беше интересен и сега пак добив желба да го гледам. Филмот се вика The Triangle, прочитав дека некој бараше ваков филм..
Денес учевме за бермудскиот триаголник, и наставничката ни рече дека имало некоја жена што останала жива во кабината по една недела икога ја прашувале нешто одговарала како 5 годишно девојче. велат дека е поврзано со нешто што те враќало во минатото или во иднината... Незнам ама многу чудно е ова и уште и ќе остане мистерија.....
Мистеријата е разрешена со тоа што научниците докажале преголема количина на метан на тоа место затоа се случувале такви „наобјасниви„ работи.
Да,да го знам тоа туку не им е јасно каде исчезнуваат бродовите и авионите неможат да ги најдат никаде.... едноставно исчезнуваат...
Па јас мислам дека иако ова со природните појави и се друго, неможе да е до тоа само бидејќи авионите,бродовите и се друго шо потонало не е на дното на океанот, никаде ги нема, се губат...Сепак јас сум за тоа дека низ времето патуваат,иако е помалу нереално. Тоа е тоа. Мое мислење.
Кога ќе ги откријат и докажат црните дупки тогаш ќе ја откријат и мистеријата за патување низ времето. Јас повеќе верувам дека се на дното на океанот, а немаат толку софистицирана опрема за да дојдат и го испитаат дното.
Мислам дека се откриени веќе црните дупки, а за патување низ времето, мислам дека има истражувања околу тоа.Инаку се согласувам со тоа дека се на дното на океанот, па имаат проблем за да ги пронајдат истите, бидејки и да е разрешена мистеријава околу бермудскиов триаголник, би требало да се знае и каде се, што се случило со истите, сепак не е мал бројот на исчезнати таму.
Да, ама сеуште откриваат за тоа дека кога влезеш во црна дупка патуваш низ времето или друга димензија, тоа им е сеуште мистерија
Имам чуено т.е. читано доста варијанти...неможам да речам верувам во оваа или онаа....но како и да е мислам дека ова ќе остане неразјаснета мистерија за човештвото.
многу ми е интересна темата сакам се да знам пред некоја недела го гледав филмот: Journey 2: The Mysterious Island http://www.youtube.com/watch?v=EFW_UVu8sVQ најинтересен филм мислам дека е поврзан со бермудскиот триаголник а и супер смешен е јас го гледав во кино за мојот роденден во 3д со посебни учинки невероватно интересно... вредно е да се погледне
Огромна пирамида од стакло била пронајдена на дното на морето во областа на познатиот Бермудски триаголник.Според научниците таа би можела да биде причина за големиот број мистериозни исчезнувања на бродови и авиони во тоа подрачје. Необичната структура со помош на сонарна технологија ја открил океанографот Верлаг Мејер на длабочина од 2.000 метри. Според она што се гледа на неговите снимки пирамидата е делумно проѕирна, поради што се верува дека е создадена од стакло или од кристали. Научниците проценуваат дека димензиите на новооткриената пирамида се многу поголеми отколку димензиите на оние кои се направени во Египет во текот на античкиот период. Нејзината четириаголна база е долга 300, а широка 200 метри, а врвот и достигнува околу 200 метри над морското дно. На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а низ едната од нив водата поминува со голема брзина и така создава силен подводен бран. Поради него на површината на водата се формираат бранови кои се што е околу нив го повлекуваат кон дното. http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=69410
Бермудскиот триаголник е тотална мистерија. Бермудскиот триаголник е зона во Атлантскиот Океан која се протега помеѓу Мајами-Бермудите-Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе повеќе од кои не биле најдени.Постојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е да се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. А друго, дека има пореметување на земјината магнетосфера. Некои пак мислат дека е дело на пирати. Некои мислат дека е човечка грешка но сепак мистеријата за бермудскиот триаголник станува се поголема и по нејасна од кои лугето копнеат да дознаат со каков над природен проблем треба да се соочиме!Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селеста. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорк и Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија. Се верува дека на местото на бермудскиот триаголник бил исчезнатиот континент Атлантида. 1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди. 1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник. 1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот. 1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“. 1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација. 1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага. 1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници. 1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници. 1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот. 1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“. 1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци. 1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион. 1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“. 1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот. ____________________________________________________________________________________________ Решена мистеријата на Бермудскиот триаголник Според резултатите од истражувањето на двајца австралиски научници, главниот виновник за мистериозното исчезнување на бродови и авиони во познатиот Бермудски триаголник, е гасот метан. Професорот Џозеф Монагхан и студентот Дејвид Меј од Универзитетот Монаш во Австралија, врз основа на океанографските истражувања, откриле дека на морското дно во подрачјето меѓу брегот на Порто Рико, југоисточното крајбрежје на Мајами и Бермудите, кои го сочинуваат замислениот таинствен триаголник, постојат значителни количини метан-хидрат и бројни траги на ерупции. Во спорното тло се случуваат ерупции на метан, кои по тектонските поместувања излегува низ пукнатините на морското дно и во големи меури кои се шират патува кон морската површина. Монагхан и Меј тврдат дека таквите огромни меури, во моментот кога ќе излезат на површината, можат да превртат и големи бродови, а истиот гас, кога ќе влезе во моторите на авионите, кои в тој момент летаат над меурот, може да предизвика тешки оштетувања на моторот и уривање на леталото. Во текот на 60-те години на минатито век, морскиот истражувач Иван Сандерсон ги прецизира сите места во светот на кои се забележани мистериозни исчезнувања на бродови и авиони. Освен во Бермудскиот триаголник, слични необјасниви исчезнувања се случиле во некои делови на Јапонското Море и Северното Море, меѓу континентална Европа и Велика Британија. На сите тие места се спроведени океанографски истражувања на морското дно, кои го потврдиле постоењето на големи количини метан-хидрат и траги на ерупција, кои ги потврдиле тезите на Монагхан и Меј. ____________________________________________________________________________________________ Е ова незнам дали е точно.
Знам еднаш еден човек го ставиле во бермудскиот триаголник за да им каже што има, но го врзале со електронско јаже, што ти знам ја, а кога го извадиле, тој не сакал да им каже што е тоа, но нешто спомнувал минато и иднина. Тоа сигурно е црна дупка бидејќи некој човек изглеа од Америка случајно се вратил од некоја црна дупка (квазар) и кажал дека тој не се извлекол, туку дека всушност влегол во неа и таа го донела во неговата иднина уште во истиот момент кога тој влегол, така што тој всушност се вратил по неколку години, но старост на неговото лице не се забележувала.
Интересно, само како не приметиле тие во своите истражувања на дното на океанот, некакви остатоци, па дури тогаш да кажеле дали навистина исчезнале.Вака, утврдиле присуство на метан, а не утврдиле кои биле последиците на истиот.Што значи не им е решена мистеријата, чим се вели дека исчезнувале, едноставно ги снемувало луѓето, бродовите итн.Можеле поедноставно да кажат дека луѓето не исчезнале во тој предел, туку дека настрадале.Кратко и јасно.
Знаев за Бермудскиот триаголник кога наставничката во 6то или 7мо по географија ни кажуваше за новој триаголник и знаев само дека постои и каде се наоќа.Ми беше мистерија и ме интересираше ужасно.Ама сега веќе копнеам да отидам таму па макар и да не се вратам и најстрашпните бури да ги доживеам само да појдам,и ништо со моето одење да не се дознае- САКАМ,САКАМ,САКАМ.... Искрено повеќе верувам на ануката и повеќе верувам дека има пореметувајне на земјината магнетосфера,отколку тоа дека патуваат во минатото или иднината....ГЛУПОСТИ!!!!-тотално глупо,не ми се верува,а и не верувам во такви приказни ,повеќе верувам на научните откритија поткрепени со докази и факти,отколку кажани и прекажанои зборови.... Кој што сака да иди со мене нека кажи па да се договориме заедно да одиме....