Чудово толку ме потресува незнам веќе што да кажам... Сликичкиве што некој ги има ставено ко ги видов ќе се онесвестем, ма дај само еден да имаше преживеано да каже кај стигнал, кај не стигнал. И не ми е јасно коако штици од исчезнаетитие бродови се наоѓаат на другата страна на земјата, дека патуваат во минатото или индината е - ГЛУПОСТ ДО ГЛУПОСТ. Во таа работа не верувам, ама сепак мислам дека е нешто натприродно, аман бре, ова делче од земјата да се откачеше некако, па на негово место што сака нек има. Пуф, бре, шо чудо ќе беше. Лелеее, па уште некојн имаше напишано и во Охрид нешо слично Лелее бре луѓе, шо напраивме? Како што гледма на сликите дупка има, и све со све си исповрзувам како и обично: Да не е ова дупката што ја погодила земјата и умреле сите диносауруси? Аха, бе... глупости треескам, ама што е тоа е! А за жртвите за луѓето, уффф....
И јасс не верувам во тоа дека живееле во минато и иднина ама ајјј ,малку нелогично само можеби и така е ...
Јас кога гледав еден филм за бермудскиов триаголник,некој ја имаше спомнато истата сцена на претходните страници,имаше значи потонува бродот кога стигнува во триаголникот,ама од сите патници преживува само едно девојче,и после два саати,ја вадат на површина и таа изгледа како старица,но пак се однесува како 5-годишно девојче и кога ќе ја прашаат колку години има со прстите на раката покажува 5... исто така даваа демек некои авиони што паднале пред неколку саати,обраснати со треви,позелени...како да паднале пред 200 години,а тие пак што паднале пред многу години,нови исти како да паднале пред 5 минути...само проблемот е што нигде нема патници! Значи авиноте таму,некои бродови фалат ама патници нигде нема... Голема мистерија стварно
http://www.femina.mk/out/?id=a17bffa726 ... ojot-zivot Можеби ова е одговорот на вашите прашања погледнете ја статијава интересна е
Го разгледав,ништо ново глупости кој ја стави таму пирамидата или сама никна??Можеби вонземјни дојдоа да ја наместат таму?Господе зошто си толку високо?
Можеби се на дното но не ми е јасно тоа што се зборува дека се потонати многу бродови и авиони пр дупка е и таа дупка од тие бродови и авиони ке се наполни и научниците ке можат да откријат незнам стварно
http://popara.mk/2013/vesti/uzhasno-vrt ... ta-svetot/ Дали можеби ова ги одговара нашите прашања? Бермудскиот триаголник,според мене е пат кон центарот на светот каде што се наоѓаат сите исчезнати земји,острови,бродови,подморници,авиони и луѓе. Јас не верувам во патување низ времето или таа теорија дека луѓето одат во минатото или во иднината Едноставно ми е нереална теорија. Инаку видеово не е монтажа. И сигурна сум дека ќе ви одговори некои прашања и ќе ви создаде дупло повеќе Спојлер Гледајте го до крај !
Бидејќи често читам мистерии оваа мистерија одамна ја имав прочитано и бев запознаена.Се кажува дека оваа мистерија Бермудскиот триаголник е вистинска,имам гледано емисии.Се смета дека околу него имало некое силно магнетно поле па кога поминувале бродовите застанувале , многу авиони потонувале,создавал необични временски појави...
Оваа работа со Бермудскиот триаголник е навистина чудна. Сум читала се и сешто, од магнетни полиња па се до портали за во иднината. Јас иако за некои работи сум скептик сепак мислам дека во овој свет постои нешто натприродно и нешто што не се објаснува со физика, а можеби и Бермудскиот триаголник е една од тие работи. Сепак онаа теорија со магнетното поле и притисокот изгледа најлогична но сепак е навистина чудно зошто да не се најде никаков остаток. И да имам шанса би отишла таму без размислување чисто од љубопитство...
Многу сакам да дознаам што всушност се случува таму Каде може да исчезнат луѓето?Авионите? Едноставно тоа ми е премногу чудно
И на мене истата таа работа ми е чудна. Можеби звучи малку детски ама ако повеќе од 140 брода потонале и не знам колку авиони, не би требало тие да се трупаат еден на друг? Тие многу јасно дека ќе се уништат но сепак мора едноставно да постои некаков остаток!
Па ко наводно, сега таа била виновна за се што се случувало таму, некако ги привлекувала бродовите, авионите.... Што нема да измислат веќе
Колку ми е чудна оваа мистерија ... Одамна имам желба да го посетам Бермудскиот триаголник и да ми се разјаснат сите неодговорени прашања ..... Мислам сега нема некој таков случај како што потонувале бродовите ...
Решена е „мистеријата“ одамна - затоа што мистерија не ни постоела, освен во главата на авторите на бестселерите на оваа тема и нивните наивни читатели. Еве ја мапата на сите „мистериозни“ исчезнувања кои му се припишуваат на триаголникот: Всушност, многу малце се случиле во него, нели? Вистинските исчезнувања се случиле за време на бури и невремиња и се апсолутно објаснети, а повеќето од „мистериозните“ се едноставно - измислени! Единствената мистерија за Бермудскиот триаголник е што сеуште постојат луѓе кои веруваат во неговата мистериозност, иако целиот случај е разјаснет како сензационалистичка измама на неколку автори уште пред 40 години. Кого го интересира вистината за триаголникот, може за неа повеќе да прочита тука.
А што мислиш за нашиот Охридски бермудски триаголник, местото помеѓу Заум, Трпејца и Лагадин(така ли беше)??
Не ми е познат нашиов ни Охридски триаголник, ама мислам дека е реален исто како и Бермудскиот, а у најмала рака, реален барем како чудовиштето од Преспанско.