Постои легенда, постојат наводно и сведоци а јас имам слушнато од стари Охриџани дека на тоа место има многу исчезнато чамци. За преспанското чудовиште немам чуено
Мое објаснување за ова е дека се знае што е тоа ама не кажуваат јавно.. Еве логично е. Нека пратат безпилотно летало и да видиме што ќе се случи....
Самото тоа дека од 1973 се нема случено нова несреќа во тој простор говори дека во прашање не е виша сила, проклетство, зли духови туку замена на старите уреди за навигација со нови, електронски кои магнетните полиња кои го покриваат тоа подрачје не можат да ги изместат, што било случај со старите.
Тајната на Бермудскиот триаголник, односно доказот како функционира може да се објасни на едноставен начин; 1. Исечете парче хартија од тетратка по математика со коцки. 2. Исечете го така што ќе има 13 коцки по 5 коцки. 3. Нацртајте една дијагонална линија по целата должина и од почетокот една линија надолу по петтата коцка, и од дното, една линија нагоре по петтата коцка кои ќе завршуваат со дијагоналната линија. 4. Исечете ги парчињата по линиите и поинаку подредете ги парчињата за да формирате квадрат. Знаеме дека 13 х 5 = 65, но ако исечените парчиња ги наместите поинаку ќе видите дека ако ги изброите коцките нема секогаш да бидат 13 х 5 = 65. Тајната е во тоа што коцките не се совпаѓаат.
/\ Бермудскиот триаголник ја стекнува својата слава после Втората Светска Војна откако ќе биде испратена една авионска ескадрила од авијацијата на САД на вежби во истиот триаголник и ќе исчезне. После тоа ќе биде испратен исто така уште еден авион да трага по овие исчезнати авиони и исто така тој ќе исчезне. И авионите никогаш не се пронајдени. Да се надоврзам само.
Хмм уште луѓе веруваат во ова?Бројот на несреќи во пределот на Бермудскиот триаголник е просечно еднаков на бројот на несреќи што се случуваат на кое било друго место во океаните. Само мал претеризам, многу книги и телевизијата си вршат работа ова да го направат да изгледа некој абнормален чудествен регион.
Интересна работа со Бермудскиот триаголник. Баш сабајле гледав една емисија баш за то. Еден преживеан раскажуваше шо поточно се десило. Викат демек како што бил во авионот престанал да работи сите направи престанале да функционираат и авионот почнал сам да управува. Осетил како да е на некое друго место како во облаци.
Многу лош филм е тоа, пак уште и 5+ саати трае, ама тоа е, зависноста од мистерии ме тера понекогаш да имам трпение и за крајно сомнителни Б филмови Летот 19 со 5 ТБМ Авенџери и веднаш потоа и Мартин Маринер хидроавионот кој бил пратен да ги бара, вкупно 6 авиони и 27 пилоти и остали летачи Без разлика на триаголникот, исчезнување на 6 авиони во такви околности без никаква трага е ненормално добра мистерија
Уште од пред неколку години е разрешена мистеријата Се работи за огромни количини на метан и некои метали на дното што го променале магнетното поле. Се надевам стана појасно
И јас видов на некој портал дека мистеријата за Бермудскиот триаголник е решена . Ако успеам да ја најдам објавата ќе се надополнам .