Дали некогаш сте го посетиле ова мало, малешевско гратче? Дали сте биле сведоци на убавините на природата сместени на мала површина покрај Беровското езеро? Дали е излишен зборот „Македонската Швајцарија“? Сакам да знам што мислите за ова дел од Македонија кој се' уште не е истражен. Јас да кажам дека Берово го обожавам а се надевам и вие!!!
Од Берово си или имаш потекло од таму И јас многу го сакам Берово имам поминато убави моменти таму. позз
Си ја сакам Малешевијата -Берово убав град носам убави спомени од таму сум била во хотелот''Манастир'',во манастирот''Св.Михаил и Арангел''кафичот''Калипсо''шетав и по чаршијата.Мината год бев на големиот празник Богородица и на етно фестивалот.Потеклото ми е од Пехчево и кога одам таму топлина во срцето чуствувам.Ве сакам малешевци мои.
Еј лани на Богородица беше феноменално колку само убаво си поминав Баш ми е криво што оваа година не бев, отидов за Крива Паланка ама врска немаше, не може во никој случај да се спореди со Берово.
А бе знам дека беровчани се закон луѓе.. отворете на фацебоок беровски бисери и се ке ви биде јасно хихихихих
Кој не бил во Берово не може да зборува, а кој еднаш отиде, повторно ќе сака да се врати Луѓето ги сакам, пола од нив ми се роднини и така
Сум била во Беровско, тоа е место кое многу релаксира. Градчето е мало и нема многу што да се види и каже за него, ама околината е преубава, воздухот е чист имате чувство дека се наоѓате во некоја алпска земја. Еве ви некои слики од Берово
мислам дека темава е моја слаба точка ..од бероово сум но живеам во прилеп ..секој распуст одам во берово и неможам да се наситам на свежиот воздух дури и ладното време , снегот тишината добро ми доаѓаат за да се одморам од секојдневните обврски .насабаље знам да станам и да џогирам околу езеро .. едноставно супер е мора да го посетите ако не сте го направиле тоа сеуште ке се изненадите колку ќе видите поопуштени ке ви се наполнат батериите .
Уф, Берово е еден од градовите што ми е во срцето. Си го најдов мојот мир таму. Горе на браната е прекрасно место за размислување, за средување на чувства... Мислам дека ни еден друг град од Македонијава не го сакам како Берово
Беровското езеро ми е идеална дестинација за комплетен одмор Се е преубаво и релаксирачко, зелено, мирно.........милина Сеси браво за сликите, баш убаво доловено
Порано кога бев помала на 1ви мај секогаш со семејството одевме на Беровската брана.... Скоро секоја година и стварно многу ми се допаѓа не е многу далку од Каменица па затоа и почесто одевме... Многу е убаво
Го обоЖавам Берово,особено во летниот период кога темпертаурите се високи,а во Берово се спие со јорганЧе,а летово бевме сместени во едно ново хотелЧе кое сто има поглед на целото езеро и браната,и прекрасната борова сума.. колку прекраснооо Исто така бевме пред извесен период кога Скопјево бесе прекриено со магла,а во Берово сонцето греесе и бесе некаде 15С идеално за спорт Хотелцето се вика ВИП а има и универзален спортски терен.(тениссс) На сите од форумов ви го препорацувам а и цените се прифатливи(100 или 150 денари поскао од обицните вили каде сто на две или три соби имате едно купатило, а во хотелцево секоја соба си има свое)
И јас сум била во Берово и стварно прекрасно место за одмор и рекреација....никој нема да згреши ако го посети.....тоа е едно од моите најубави места во Македонија
сдп дали во берово е само хотел манастир или има и други, ај ве молам некое линкце акоимате од хотели, сакам да го посетам местово барем на 3, 4 дена
Беровоо...што и да кажам ќе биде премалку за ова место! Место исполнето со убавини, мир, природа! Сум била неколку пати до сега и едноставно воодушевена сум! Изгледа дека и јас живеам во планина и ме потсеќа на моето место!
http://www.wiphotel.com.mk/berovo/Zanas.html во постот погоре имам написано несто повеке погледни ја целата галерија и ке видис во каква природа е сместен хотелот, во берово има два хотела манастир кој се наога во градот,и вип кој сто е сместен над самото езеро и глетката од хотелот е прекрасна,до сега бевме 2-3 пати во вип презадоволни сме погледни го линкот и цекам одговор
Во Берово, освен Браната постои и туристичката населба „Абланица“. Одиш таму, си изнајмуваш вила за колку дена сакаш и уживаш http://berovobooking.com.mk/ Еве ви линк за секој што е заинтересиран
прекрасно е, значи ептен сум задоволна од тоа што го видов на сликите, не па да отидам таму сакам барем на 3 4 дена одмор без замарање, ама мислам дека во оваа убавина ќе ми биде малку!
Pa ne e samo berovo povelete i vo pehcevo na 10 kilometri od berovo imame nogu ubavi vodopadi.pozdrav [mod-kirilica:2fmupxzc][/mod-kirilica:2fmupxzc]