Може кафе зошто да не... Не знам дали и кај сум паркирала, зошто увек у дворот сме паркирале до сама капија. Искрено сакам напролет да ја однесам малава, а и зачната мине таму хахаха, раскажуваше сашо бог да го прости се ни раскажуваше... ептен се поврзавме, ама верувам секаде има проблеми. Те барам за кафе обавезно кога ќе идеме. @Ма.нев не знам дали е нивно и мрс, ама мислам не.
Сирењето кај и да е нема да се произведува. Нема овчари ни за 500 евра плус бесплатно сместување, цигари јадење и пиење..а тие малку што ќе се нафатат, не сакаат да молзат иако тоа е дел од работните обврски. Многу им се гледаат по 150 овци секој ден.. Сточниот фонд се намалува од ден во ден.. На раце се бројат тие што чуваат овци, а тие се претежно стари луѓе 60+ год.. така да за 10год сирењето полека ќе оди во историјата.. Мали субвенции има а големи трошоци. Цената на јагнето е ниска.. Плус за да продава човек со дозвола од АХВ треба да направи мандра а тоа кошта барем 20-30000 евра.. Мрс е на фамилија Пеовски, немаат врска со вилава..
Беровчанки некој добар предлог за меана со скара во Берово и Струмица? Сакам да тркнам на еден викенд таму.
Нема тука турбофолк по кафичите.. Рефреш, Лајф кафе би ти ги препорачала.. и пабот не е лош повеќе рок има навечер.. Во глобала кафичите ти се на плоштадот па преку ден веќе сите се надвор и музиката е измешана.. Што и да те интересира слободно прашај.. ти стојам на располагање. Иако не сум беровчанка, тука живеам веќе некое време па може ќе ти помогнам
Здраво Јас имам едно прашање, се надевам тука има беровчанки. Работам во туристичка агенција и организираме екскурзии, од едно основно школо родителите одбраа 2 дневна екскурзија, со ноќевање во Струмица, но, пауза ручек во Берово и 2 часа разгледување знаменитости. Јас 3 лета по ред одам во Берово, ги имам испробано специјалитетите на сите ресторани, но за децава ќе ни треба брз оброк. Сум јадела и од сендвичари и највеќе ми се допадна од сендвичара Малеш(евија?) што е до црквата, ми се виде најчисто но и најпријатно и бургерот што го јадев таму уште ми се топи у уста уфф Но, не можам да најдам контакт. Им пишав на фејсбук на профил, не ми враќаат (најверојатно не виделе). Дали ќе може помош од некоја феминка беровчанка да праша за телефонски број да можам да се поврзам ? Благодарам
Сендвичара малешевија, беровскиот мекдоналдс Искрено не се лоши, иако има и подобри опции ама не се брзи.. Јас утре ќе одам да го видам (го имаа на врата пишано последен пат) и ќе го пишам. Мислев дека и во телефон го имам ама не можам да го најдам..
Ти благодарам многу Даст.Имав јас визитка, ама сум ја изгубила. Инаку, со 4 то одделение деца, не смееш во ресторан, ќе го кренат на рогови, па затоа нешто брзо но доволно да ги нахрани за да кротат до вечерата
Берово е рај, посебно Аурора спа, прекрасна природа, чист воздух, да се изнаспиеш и да си наполниш батерии, убавина!
Навистина е така. Сум била повеќе пати, а лани летото забележав дека навистина се наспива убаво човек, не знам до што е.
Да, точно е, некаде во 6 се будам и свежа и наспана, што овде и во 7 и 30 часот кога се будам сум како тепана и ми треба излежување. Убаво е Берово, секој нека го посети. Убава е и Македонија, не е сета убавина во Банско или било каде надвор, имаме и ние убави места, само некако не ги цениме и не ги посетуваме.
Искуства за хотел Манастир - Берово? Сакаме да отидеме на еден ден, видов дека имаат и базент. Доволно ли е еден ден или?