Ако одиш за базенот, нема да се избањаш базенот е сред ресторан, претежно украсна функција има.. Еден ден е малку за берово иако на прв поглед нема што да се види.. Уствари не знам зошто воопшто би броеле денови на тој начин... ако кажеш што сакаш да видиш за 1 ден ќе ти кажам дали е доволно. Ма да јас живеам тука 2 години и уште не сум видела се иако тоа СЕ е незанимливо за туристи
Аман бре дете. Што толку има за гледање во Берово,та за две год што не си успеала да го видиш? Х. Манастир беше тоа што не водеше на ручек?
Тоа е затоа што јас немам време за шетање како туристите почни да пешачиш по патеките или изрентај точак и по планинските патеки ќе најдеш чуда од рекички, колиби, гостопримливи домаќини.. Има музеј, цркви, манастири и нешто што тие што не се љубители на планина никогаш нема да го видат Манастир е тој, кај што јадевме.. Храната им е добра, собите се пристојни.. базен непристоен Има мини спа, мини фитнес центар... и тоа е..
@Bubce38 @Dust кога ќе частете пита во Мрс далеку ми е од кај мене, инаку таму би ја правел викендицата . . .
Никој не се бања Утре? Кога дојдеш - тогаш. Ако се најавиш Затоа што јас сум некогаш многу далеку од берово а сепак во берово
Некој да сподели искуство за комплексот Бела Вода во Берово? Дали е добар смештајот и храната? @Dust може помош?
Комплексот не е во Берово, се наоѓа на 22-23 км од Берово на патот Берово - Струмица, после Двориште а пред Суви Лаки.. Комплексот сам по себе е ОК место за еднодневна екскурзија ама наоколу нема апсолутно ништо. Дрва, паркинг, комплексот и толку.. Сме биле неколку пати и не можам да де пожалам на лоша услуга во ресторанот, ма да храната не им е нешто WOW.. Смештај не сме користеле, нема логика да плаќаме Се на се, добро е за еднодневна екскурзија според мене. За повеќе не
Суви Лаки се наоѓа меѓу Берово - Струмица или Берово - Виница ? Спојлер: . Или јас сум си ги утнала жичките у глава? Сакам и јас Бела Вода да ја посетам, в Петок со друштво идеме накај Берово и остануваме се до 28 вечерта, па мора еден ручек таму. Имам прашање, дали базенот во Аурора може да се користи ако не си гостин, ами само на рекреативен ручек ? Исто така, ме интересира дали има некое пет френдли место за издавање, за 26 и 27 Август (23 до 26 ти имаме најдено смештај) а јас идам со куче доберманче старо 4 +месеци. Сегде кај што се јавив одбиваат за со куче иако јас понудив да си платам ко за + особа, многу се ментални беровчани поготово приватните сместувања. @Dust help ?
Пребарај за вила Иван и апартмани Природа, не би требало да прават проблем за миленичиња. За точната локација пребарај на интернет незнам во кој дел од Берово се наоѓаат. Во Аурора освен ако не си гостин во хотелот неможеш да го користиш базенот, а тој и често е затворен за други гости ако имаат некои "специјални".
Во Природа прашав, ме издиксаа небаре сум крвна непријателка, па ќе сметало на други гости па ово па оно...
Баш ја отворив на интернет вила Иван и пишува дека е дозволено за миленичиња. Јави се таму. Незнам како може да и претставува проблем тоа.. од толку сместувања никаде да не примаат . Ужас.
Све фул. Инаку примаат, ама да е у двор врзано или ако е мало да е на тераса, одозгора па и да платам како за човек легло а тоа да биде надвор, ццц. Па внука ми да ја однесам 300 бељи ќе направи а они се фатиле за тоа дека кучето може да им расипе нешто у собине шо ги опремиле со треш смештај шо по дома не им треба
Катастрофа. Незнам зошто кај нас се со закржљавени мозоци околу овие работи. Незнам како е во хотелите, и таму ако не примаат алал да им е со толку ѕвезди. На запад од прв до последен има куче или маче и секаде патуваат со него. Што ќе се деси ако нигде не примаат? На крај се знае, за штетите ако настанат ќе си ги поднесеш трошковите дали ги направил човек или животно мање битно. Сведок сум на летување во планина во каква состојба им ја оставија комшиите до нас вилата во која бевме, сите во алкохолизирана состојба. Па тоа ниедно животно нема да го направи. Види ја и Villa Lake Palace, оценети се како pet friendly.
Фала ти. Пуштив пораки на неколку, па да видам. Ама се што беа обележани со пет френдли, или појма немаат самите дека така се обележиле или пак тоа им значи миленикот надвор да е. Па за да е надвор, обезбеди ми бокс за миленици коа веќе за него ти плаќам. Ај белки @Dust знае некој смештај за со миленици, сепак локален жител е. Од простотијата и јас сум запрепастена, од иста причина и у Маврово не отидов. А во хотелите им се солени цените, 3000 денари минимум у Манастир, за со миленик којзна колку би ми наплатиле. Крајно ми е да спијам у комбето на пријателов со кој шо ќе идеме. Миленикот не можам да го оставам у пансион бидејќи скоро го земав и уште се врзуваме меѓу себе, да го оставам цела недела ќе го уништи тоа психички, само мене ме смета дека ме има. Друго е кутре у развој друго е возрасно.
Скапо у Манастир ви кажале. Бевме пред неполн месец само за ручек, а кога прашавме за спиење ни кажаа 40 евра за двајца со појадок. Се надевам дека ќе најдеш нешто.
Суви Лаки е меѓу Берово и Струмица. Лаки е меѓу Берово и Виница Во Аурора базенот е само за гости освен ако не си пријател со некој од менаџментот.. За Богородица(пред и после тоа некој ден) има шанси воопшто да не ве пуштат ни на ручек штом не сте гости. Лани беше така ама ние влеговме.. па немаше ни толку многу гости за да не пуштаат. Манастир и Аурора колку што знам не примаат миленичиња, има исклучоци де ама ни ти ни јас не спаѓаме во тие исклучоци. Во Манастир е 2500 за двајца со појадок т.е 42 евра. Лејк палас, вила иван, вила марија, природа се сите на беровско езеро т.е месноста викана - Браната. Газдите на Природа се ептен надуени, ама тие нека не ви се репер за беровчани..тие се се само не беровчани..па и Лејк палас не се ништо подобро.. Ако сакаш види ги вила иван и вила марија, ќе ургирам за кучето ама да видам прво дали имаат место бидејќи во Марија има гости што ќе седат долго, во Иван нешто слично е.. Ќе ти пишам лп, ќе најдеме нешто се надевам Инаку почна празнувањето кај нас.. од музика не се спие дека сме на 100 метри воздушна линија од плоштадот како пред куќа да е музикава
@Dust Каде е подобро да бидеме сместени,на езерото или во град(со 2 тинејџерки) Јадење каде? Точаци за изнајмување каде? Никогаш не сме биле во Берово.