Точаци изнајмување - никаде. А лани баш им викав дека треба да донесат..ама...цврц..нема Тоа може ако се сместите во Манастир да ви изрентаат некој од нивните (ако сакаат де.. ) Сместување - ако сте за природа, шетање, пешачење - на езеро. Ако сте за кафиња и ресторани - во градот. Јас би се сместила на езерото..ама живеам во градот, јбг Уствари сега овој месец живеам на планина над Берово, кај што нема ни пат...кој е за квалитетен одмор нека повели.. Денес сум во градот и се мрднав од музика Ако сакате совет за смештај - ЛП, да ги оговараме малку вилите и газдите Јадење.... во Манастир на даска за мезе (онаа кај што има буламач и жежено сирење..тоа само тука го има бидејќи од тука потекнува), месо под вршник, Дедо Иљо Малешевски плескавица или пак клиси со праз или качамак, горски компир, бабина торта (што не треба да се пропушти, макар и само на кафе и торта да седнете). Бабината торта е традиционална за Берово, има еден куп слоеви.. Во Мрс на плескавица со кајмак, полнет стек, помфрит со сирење, похован сладолед.. Во Дионис на пастрмајлија и пица Кај Чавката т.е Бифе центар на сладолед и тулумби..па и кафе, сок, пиво Похована даска и печурки во сос во Болеро.. Коктелче некое во Рефреш на плоштадот се наоѓа како и Бифе центар и Дионис Кафе шема во Лајф, карши Рефреш е - значи на плоштад И така..што те интересира слободно прашај тука или по ЛП
Мфмфм, пастрмајлиите во Дионис се TRES BIEN ! MANIFIQUE ! Но, зошто ми изгледа ресторанот некако пре пре "ефтино-циганско"? Спојлер: . На "ефтино" мислам на просто, непопуларно, затаено, запустено, нечисто? А рест.Мрс е врв, келнери врвни, љубезни и комуникативни. Храната, преубава. Плескавица Мрсовица е она што можам да издвојам, печурки печени со биено сирење, буламач салата со краставица ореви и лукче и многу други. Напомена : Во Мрс немојте да се зезнете да нарачате пица или пастрмајлија Ресторан Текила ми е исто ок, ок храна имаат. Хотел манастир ресторанот, исто супер храна, топло препорачувам. Во Аурора ручек не препорачувам, астрономски цени ! Ако ви е за нешто брзо да јадете, фаст фуд Малешевија е на самиот центар, плескавицата е преубава јас секогаш јадам кога одам, па и сега ќе земам, само у гужва ептен тој период кај и да е ќе чекате, и очекувајте нервозни и келнери и продавачи бидејќи не им е лесно ни на келнерите ни на оние у сендвичара или маркет тој период да го издржат, луѓе се и имајте си трпение, знам од ланската и предланската година, во очи воочуваш колку се бесни но се воздржуваат....
Затоа што се цигани вработија како келнери, па и ресторанчето го запуштија... без навреда кон ромите на форумов А газдата ич не се замара, нема каде да јадеш добра пица или пастрмајлија тука, така да секако ќе има гости...сега за сега барем Во Малешевија новата шарска пробај ја А за хамбургери во последно време ми се свиѓаат едни карши школото, одма после кит го што е.. по скалички нагоре е, ама врска немам како се вика, не сум забележала Месото им е поубаво од тоа во Малешевија.. Во Текила ако сте друштво можат јако да ве искрадат кога ќе ја видите сметката ќе сакате да утепате некого..поточно - крадат на пијачки т.е додаваат плус.. Нас ни се случи еднаш, па после газдата ми рече да му ѕвонам ако видам макар и едно пиво плус на сметка and guess what...
Добро, да си знам за Текила А чим шарска имаат на менито во Малешевија (последно ко бев, не сум забележала) тоа дефинитивно ќе пробам. За карши школото знам за кај ми збориш, сум била таму пред да ја откријам Малешевија (Исто и кај сендвичара Терка) ама лепчето суво неизмачкано на поише пати и више не одам, иако ми пријаше жената шо работи таму закон хумор е Ме интересира, исто карши школо имаше сендвичара само од друга страна, како у подрумче влагаш, феноменални пица кифли и пирошки сум јадела години наназад таму коа сме иделе, сеа овие пати коа идам све затворено, да не е преместена негде , или ? Исто така, видов информација дека Пакет Макрет ќе работи деноноќнонтие денови, па можам да кажам ХАЛЕЛУЈА беровчани, најпаметна одлука !
Лепчето сега им е подобро т.е тазе Тоа долу по скаличките, кај што се продава и бурек ли? Син галеб.. таму си беше последен пат кога купував пошо сум си на планина врска немам баш ќе видам утре, ако збориш за нив. За друго карши освен тоа не знам, осбен ако не мислиш на друга страна.. има и на луна гиф таква пекара со лиснати и пирошки, ама не е по скали надолу туку нагоре Во пакет во магацинот има влага се што земав последно, мириса на влага. Особено работите што се во картонски кутии пакувани.. Мирис на картон помешан со влага..епа ми се згади некако Никаде не видов информација за работно време, ама па синоќа во темното се симнав од планина пак неупатена ај утре ќе видам и тоа Во Малешевија нова е шарската, затоа не си ја видела
Абе какво клеветење, чиста вистина е..јас инспекција би им пуштила па ќе видиме кој клевети нека се среќни што сум во некарачко расположение пошо пред некое време се запукавме на фб за услугата низ кафичите, па си земав месечна доза витамин КаВ (кавгаџија витамин) и сега сум мирна Мојов рече дека по кафичите немало да ме служат веќе
Дечки, бев у Манастир за ручек и пробав печено сирење со печурки, домат, сусам у фурна, пробав од пастрмајлијата (океј е), горскиот компир и тавата со качамак и клиси феноменални и најтоп на се беше питата од вишна, што и сама сум покушала да ја праам ама не ми успева Критика за буламачот, шефот мисли дека ако измеша павлака растителна со кисело млеко и ќе додаде сол = буламач, ама ние гурманите не се лажеме П.с @Dust ,после прекрасната акустика на Стефановски, ја пробав шарската у Малешевија, ја беа напраиле тост и првин бев као , па откао пробав бев , не ја дојадов, предебела и претешка беше за вечера, битно одсеа знам дека у Вили и 7 ца коа одам ќе ги терам да ми ги тостираат плескавиците
Сега го читам твојот пост па да ти одговорам За сендвичарата спроти школото по скали што се слегуваше или поточно “Сендвичара Чоч” е затворена веќе неколку години, но да дефинитивно највкусните пица кифли и пирошки ги имаа.
Офф, жално. Ако си од Берово, да не знаеш случајно дали тие луѓе можеби продаваат по килограм ? Пошо пред неколку години жената ми рече прави по нарачка по килограм исто па 2 пати земав.
Како е Берово за зима ме интересира ? Сакам некој ден околу нова година да одиме со дечко ми. Па сакаам мислење. До сега го префериравме Пелистер паа ајде за промена препорака?
Во зима е ладно.. иде до -28 степени. Улиците ни ги чистат колку што можат, до браната гледаат да е нон стоп чист патот.. Има туристи и во зима. Вилите скоро сите работат и зимно време. Не препорачувам во зима на Клепало да се сместите..оваа зима беше делумно исчистен патот поради тоа што нон стоп вееше.. Рестораните и тие работат ... Ски лифт немаме Ски терени немаме.. Ама убаво е за да дишеш чист воздух..
Добри информации најдов на форумов, сакаме да патуваме еден викенд за Берово, но ме интересира дали попуштија цените во Аурора или си држат стандард високи, кој бил скоро, споделете искуство, благодарам.
Екстремно скапо, убаво да но ако размислиме колку чини она што се плаќа воопшто невреди, услугата во ресторан и е катастрофална, за ноќевање имаат попуст од 300 ден на апартман и кога тоа ти го кажуват некој филм ти прават ко демек си имал 35% попуст односно 1700 ден ноќевање од али потоа се воспоставува дека е од особа значи за 2 одосби 3400 само да преспиеш
Гледав има на Групер.мк понуда 1333,00 ден со доручек од лице секако, па ми падна чудно, можно ли е? Од друга страна погоре читам пишуваат дека едно кафе е 150,00 ден. Па се прашувам колку ќе не чини ручекот и вечерата? Хм...
Искрено не е до толку што еве ќе платиш скапо него не добиваш ништо посебно за тоа што го платиш, еве вечеравме еден ден таму ти носи зелена салата (зелка, морков, краставица и патлиџан) за една особа 240 ден, една рибанка домашен леб 60 ден, за главно јадење немаш порција под 570ден, кока кола 90 ден, вода мала 70 ден, кафето еспресото мислам дека беше 130 ден не ме држи за збор, има велосипеди ако сакаш да земеш еден да се провозиш кошта 1000 ден за еден час секој нареден се доплатувало 700 ден...лудница се, она спа и такви работи незнам бидејки се откажавме од таа идеја хаха
Моја братучеда правеше свада и сакаше да направат таму фотосесија и лав стори и побарале 5000 денара за да ги сликаат во комплексот
Баш лудница, хахаха ама не е страшно дотолку, како што викаш. За секое добро се наоѓа купувач. Благодарам на инфото.