Фала богу, скапо е да, и како што се на ниво со цени треба да бидат на ниво и со услуга да се почуствуваш нешто посебно, тоа е таа работа која и фали, тие дури сакаат да те убедат дека тоа така требало (ко што го прават тие) а не онака како ти размислуваш, сепак локација, природа, мир од мене оцена 10 додека услуга 2
Па јас со мојот телефон ќе ги сликам брачедите за еден ручек со компири во Берово. Подобри слики ќе направам и покреативни, отколку тој фотографот. А што е најбитно, не барам пари.
Јас живеам во Берово последниве 2 ипол години, се преселив од СК...колку да знаеш дека од памет не зборам.. На групер имаш понуда и таа е навистина добра цена за Аурора, затоа што освен на групер обично не ги спуштаат толку цените. Така да ако сакаш баш во хотел да спиеш тоа ти е супер понуда затоа што во Манастир е 2400 за двајца ноќевање со појадок. Со понудата на Групер во Аурора испаѓа 2666 за двајца.. Не е точно дека кафе нема испод 130 и порција испод 570.. Цените се како во подобар ресторан во Скопје и за нијанса поскапи од Манастир.. Собите им се ОК, спа центарот мал. Се на се ако не сакаш да се сместиш во апартмани, 2666 ден од ноќ е подобро од 2400 во Манастир.
Фала ти Dust, во меѓувреме уплативме во Аурора преку Групер.мк за почетокот на Декември, да го видиме Берово во најубаво светло
Убаво место е Аурора, ама сепак сметам дека е преценето. За два дена плативме околу 8000. И тоа без спа и само со доручек. Нареден пат ако идам за Берово ќе барам некоја куќичка или вила.
Следен пат кај нас во вилата Толку е во аурора, 70 евра од ноќ за двајца. Затоа реков дека ова со групер понудата е ок ако сака човек баш во хотел да е.. Спа центарот се доплаќа а е мал и нема човек што не се пожалил.. Убаво дс ди поминете. Имам пишувано наназад за кај да се јаде и шета За што и да треба, слободно пиши и прашај
Само едно: Дали на патот кон Берово (да не е Ск) има некој ресторан со игротека, за родители кои сакаат барем два залака на раат да јадат? Фала
Се што напиша @Dust е апсолутно точно. Од моја гледна точка убаво искуство сакам да споделам со вас. Аурора ресорт е едно прекрасно место, чисто, убаво средено и комплетно организирано. Многу пари е вложено за онаа тврдина да изгледа како што изгледа. Секое катче има душа. Собата одлична, претопло, да не сакаш да мрднеш од неа. Храната се јаде со очи, и вкусна и убаво стокмена на чинијата, цените како во поскап скопски ресторан, амбиентот беше веќе новогодишен, сите елки во дворот беа украсени. Доручекот во глобала се домашно, кифлички, пити, салати, ајвар и пинџур, мармелад од шумско овошје, мед, крофнички, лења пита со вишни, бајадерки, многу многу имаше избор... ова што пробав се вкусно, превкусно. Ми се допадна што тревниците уште беа зелени, милина, децата најмногу им се радуваа на животните, поголемата јаваше и коњ. Персоналот многу услужлив, сите културни и секогаш на услуга. Како што треба Браво! Спа центарот ми создаде клаустрофобија, ама децата уживаа и во тоа па се придружив и јас. (не се доплаќа) Обожавам парна сауна, а во тој мини простор имаше се, и најубаво е што се закажува термин па сами сте внатре. Има и надворешна игротека и внатрешна соба за деца во склоп на ресторанот, само побарајте клуч. Се на се, многу убаво поминавме. Нема да згреши кој и да посака да го посети. Со понудава од групер се исплати во целост, по редовна цена многу е, ама пак вреди. By the way - jас сум воодушевена од Ресторан МРС, местото е чиста 5ка.
За кога? 12 возрасни? 12 со се деца? Посебни апартмани, заеднички/посебни купатила? Тешко ќе најдеш вила со 6 спални, како куќа да е.. најчесто се апартмани за 2-4 лица Додека не помине коронава имаме забрана за издавање на туристи по берово
Има ли најава од кога ќе смеете да пуштате гости? @Dust Сакам летово јуни пример да одиме пак екипата од зимово... Не ни треба шетање низ градот и продавници, ми треба воздухот и природа...
Пред некој ден со градоначалникот кога зборев, ми рече околу крај на јуни ама да не те лажам, не знам за сигурно. Кога ќе ми кажат, ќе пишам..