За колку лица? Пиши ми ЛП ќе ти дадам неколку бројчиња а ти ќе се јавиш да прашаш за цена затоа што различно е според бр на лица
Во која смисла убаво и чисто? За престој или за шетање? За престој смести се на браната или во абланица..никаде не е скапо. А за шетање ако сте по пешачење можете да одите од абланица до равна река пешки по патеката (или со кола од друга страна), клепало ти е на 17-18км од берово, бела вода на 20тина од Берово кон Струмица, има едукативен центар и пешачка патека во Негрево, и тоа ти е толку далеку отприлика.. Или дојдете кај нас на колибата на гости..почисто и помирно нема во цела малешевија
За престој ќе ми треба. За два три дена, и дека никогаш не сум била накај тој крај затоа ништо не знам посебно. Гледав и на групер има за во нешто како вила мислам дека е, се вика Малешевска куќа и хотел вип. За во тоа хотел вип малку сум скептик дека ќе биде океј пошто очекувам дека можеби ќе биде доста гужвесто. А сакаме така потивко да биде.
Дали знаеш колку е за ноќевање во бела вода за двајца? На слики гледам дека местото е преубаво инаку никогаш не сум била.
Малешевска куќа е во градот..не е мирно баш а нема ни природа и зеленило. Ќе ти пишам некои бројчиња во лп па види Вип е ОК ама сега во корона време не знам баш.. врие од народ.. Бела Вода искрено мене само на слики ми е убаво, вака во живо ништо посебно особено кога ќе видиш каква гужва е во ресторанот, а сите тие треба да ги гледаш и кога си гостин со спиење.... инаку е ококу 30 евра зависи кога и во што ќе се сместите, а јас би отишла само на ручек таму.. Ве поздрави виножитцето од некни
Здраво женски Со дечко ми резервиравме во Вила Лејк Палас (Villa Lake Palace) за викенд во Август. Се двоумевме меѓу комплексот Бела Вода и оваа. Со цени беа тука некаде, а ја избравме вилата затоа што нуди апартмани со џакузи Базен многу многу не ни менуваше, ама собата- да. Дали некоја ја посетила вилата Лејк Палас и ако може да сподели искуство Позитивни/негативни критики?
Што треба да значи ова "леви"? Да не влагаат у собите без прашање? Треба да се плашам? Please elaborate Ако не ти е згодно тука, може и во лп
Не..кај смеат да ти влезат жити се во соба без прашање?!...само не се секогаш гостопримливи..зависи на која нога се станати.
Фала ти Баш ќе видам како ќе се однесуваат Се надевам на долично однесување, сепак одам таму за да се одморам и не сакам да трпам нечив bull*it
@Dust местенце за двајца возрасни и дете? Читам рецензии за Бела Вода ,водата била матна за капење по собите, рецензиите се од од пред неколку дена па затоа сум скептик
Последно кога го видов газдата, рече дека е забранета шведска маса поради короната..т.е со новите корона мерки. Така да веројатно сега не е.. јави се и прашај.. Не ме чуди да е матна, била и порано.. ама демек ја средија..Кој ги знае, искрено од лани немам отидено, не е и толку близу од Берово.. Проблем има со водоснабдувањето во туристичките места околу берово.. така е и на езеро горе.. За смесестување можам да ти предложам некои вили, слободно пиши ми ЛП да ми кажеш какво сместување преферираш, каде итн итн.. Ма да последно кога се видов со некои од газдите на вилите ми рекоа дека до средина на август се некои резервирани Позз од мртвата темница од езеро до град И јас го погодив времето за 8км пешадија
Пред околу 1ипол месец бевме во вила Клепало во Берово, подалеку е од Беровско езеро и градот но е одлично место за викенд, собите средени, чисти, терасите предобри со преубав поглед, прекрасно место за релаксација па и погодивме викенд кога немаше многу народ и ресторантот сеуште не работеше и беше баш мирно. Инаку цената е 600 денари од човек од вечер.