Како е во Берово сега со ситуацијата ? Сакаме со мажот ми да одиме крајот на август. Разгледувам сега сместување па добредојдени се сите совети Ги прочитав сите 16 страни наназад и заклучок ми е хотел манастир за сместување. Сакаме да го разгледаме Берово колку што можи повеќе. Затоа немаме ни одлучено колку денови би седеле Ќе одиме со кола така што си велиме дека ќе можиме да опфатиме поголема површина за шетање.Сакаме и градот да го видиме и секако езерото.
Полно е Берово, ако најдете сместување супер ќе биде. Ако сакате да шетате по природа - сместување на браната. Ако сакате да шетате по град - сместување во Манастир, Апартмани Ани, Малешевска куќа и слични на нив..
Дали водата во базенот сто е во ресортот Аурора е доволно топла за д амозес да се избанјас??? васе искуство?
Берово Кога бев мала сите одеа Струга , Охрид некое море ние одевме Берово.Горе на бричките .Бевме сместени во бунгаловите , а ол инклузив јадевме во ресторантот. Моите ловеа риби , а ние се бањавме.Кога ќе уловеа многу носеа горе во ресторанот да ги спржат и по цела вечер се мезеа.Нормално и на вработените даваа.Јас и сестра ми не јадевме риби па имаа вишокБеше знам многу скапо и одеа само видни личности .За сместување фаќавме врски кај владиката г.г Стефан( ова последниов пат).Кога јас бев со моите последен пат беше 2001 г.Природа, шетање, чаеви брање немаше посреќен од нас. Секогаш одевме од 9 до 19 август Моите се стари ама се уште одат во некои од вилите.Тие се таму за да ловат риби.Оваа година ќе скокнат оти се плашат од вирусот.Инаку за нив место има секогаш Кога бев мала Берово го викаа мала Швајцарија
Сакавме во Берово затоа пишувам овде ама не е неопходно може и друго место Дали има некаде за двајца апартмани соби со џакузи?
Примаат. Ама спремете си и резервна опција оти може никогаш да не го дочекате тој ручек. Јас за прва плата отидов таму да частам, на крај моравме да се симнеме во градот да јадеме, оти немаше кој да не послужи. Кога прашав дали може келнер да дојде оти ни масата не бееш исчистена од пред нас ни рекоа „не може баш сега“ Повеќе од пола саат чекавме само масата да ја исчистат, и пак не ја исчистија. На крај си излеговме.
сакам да ве прашам, знае ли некој некое конкретно сместување близу шума/природа, да има две спални и своја кујна, значи за семејство со две мали деца и баба и дедо? најдобро да нема друг никој, да има убаво дворче.. некоја како викендичка за изнајмување? сакаме да одиме негде после 10.09, си мислам ќе намали гужвата.. не мора да е во Берово
Берово само убавина ! А, особено ми е драго што е маκедонсκи κрај. Сега моментално не е место κаде што саκам да бидам но, ми е останато едно преκрасно сеќавање.
Барам сместување за Берово и како што гледам не може да ти биде и центарот и езерото блиску немам ништо појма, никогаш не сум била. Ме интересира каков е центарот? Што има да се види ?