Предложете ми викендица или хотел за викендов, со бебе сме. Важно ми е само да нема многу скали за шетање со количка и да биде топло. Фала
Искрено, тебе те чекав да ми одговориш Јас би сакала кај езерото, ми кажаа моите имало патека околу него за шетање, но ако мислиш дека е подобра опција со бебе во градот тогаш таму. Како што пишав важно ми е да нема премногу скали и во сместувањето да е топло. На букинг не ми даде некој избор, не знам каде да гледам. Го гледав апартманот на вила Лина бр. 3 убав ми се гледа, друго не знам што да гледам, проблем е што локацијата не можам да проценам дали ќе ми одговара. Спојлер Во Берово последно бев на припреми во одмаралиште значи ептен одамна и тие скалите до езеро ги трчавме доле-горе за загревање и така ми е останато во сеќавање дека се премногу затоа ги потенцирам упорно
@Dust ќе те замолам за препорака за сместување покрај езерото. Некако неодлучна сум дали во градот или покрај езерото? Благодарам однапред
Пред 1ви август бевме сместени пет дена во Хестиа. Хигиена на ниво , башка хигиеничари си имаат , средуваат пред тебе , прашинка, пајажинка немаше. Пречисто, гостопримливост од газдите и дистанца на прием. Не беа сместени во вилата како што ги има некои да те змараат по цел ден. Се слушнавме телефонски , кажавме дека сме со мало бебе, ни ј дадоа првата соба на спрат до рецепција , таму количката ја остававме. Кујната е заедничка доле на спрат, башка маси за јадење за повеќе гости ако има. Имаат и соби со посевна кујна, а разлика во цената со и без кујна беше 200денари. Греење и топла вода има цело време.
здраво, сакам да прашам дали сега се издаваат вили во берово кај езерото, мислам прашувам затоа што има полициски час а сакаме викендов да одиме, и од прилика колку се движат цените за едно ноќевање, благодарам однапред
Zdravo Dali znaete kade ima privatna vila za dvajca znaci ne golema sto mozi da se izmajmi na 2 dena. I da e vo prirodata a ne vo centarot.
Вила лина, вила нешо, има еден куп кои работат на принцип издавање апартмани. Горе се кај езерото сите.
Лина не е премногу голема ама само за двајца е скапа ако сакаат да се сами.. пошо ќе треба цела да ја изнајмат... Во принцип сите вили се на принцип на апартмани, со по 3+ апартмани освен Нешо... Јас ја разбрав дека сакаат цела вила за нив.. Иначе - вила иван, вила марија, марија 2 мислам дека ја издаваат на помалку луѓе, чиплакова колиба и вила чичак евентуално... Ама баш за сами онака целосно сами, нема таква