Оваа е многу убава, на роднини на овој мојов е. Ама е 25км од берово, ако одат само за природата ОК.. иначе далеку е од било каква цивилизација @Mmm123
@Dust kako e vo vila klepalo? Moze samo da se sedne na rucek ili? I kako se dvizat cenite. Sakame sirenje da zemame od tamu,pa uspat i eden rucek da izvadime. Ako imas nekoja druga opcija slobodno pisuvaj.
Цените како во просечна скопска кафана.. Може да се седне само на ручек.. само на вечера. Како сакате.. Иначе од кај ќе земате сирење? Од Панковци? Скоро се видов со Божурка ми рече дека уште и е пресно сирењето.. за да го има полниот вкус ќе треба да го почувате дома. Освен ако не ви чуваат некое постаро.. Друга опција за ручек во градот ако сакаш, горе нема.
Дајте предлог за сместување во Берово, за 2-3 дена со мало бебе сме, 8 месеци. Сместувањето да е удобно и храната да е квалитетна ...Што мислите за хотел Манастир и хотел Вип?
Вип не.. Манастир ти е одличен избор. Ако сакаш апартмани - Ани апартмани пробај дали имаат слободно.. Или евентуално Малешевска куќа.. Тие се во градот... А на езеро горе ако сакаш Вила лина, вила хестиа, вила Иван, апартмани природа, лејк палас...
@Dust Резервиравме во вила Лина дури на 23 август. Тогаш беше првиот слободен термин. Е сега ќе одиме и во петок и бараме друго сместување. Се мислиме меѓу Хотел Манастир и Ани апартмани? Каде би ни препорачала?
Епа зависи дали сакаш хотел или апартман И двете места се во градот, 5-7 мин од плоштад.. двете се чисти и пристојни. Ани поефтино дека АПТ.. во манастир би се сместила со бебе, дека има доручек и ресторан одма до/под тебе... карши Ани имаш па аптека..дека со дете зависи што сакаш
Сместувањето од кај 40 до кај 70 евра зависи какво сместување бараш.. Ова за двајца со појадок Можеш да доплатиш за ПП или да си ручаш во ресторанот.. Другите цени како во скопски ресторан
Немајќи место во вила Лина, бевме сместени 4 дена во хотел Вип. Сме биле еднаш сега и никад више. Услуга никаква, доручек колку да се каже дека даваат доручек(сите денови имаше ставено во чинија две варени јајца, маргаринче кое тие го нарекуваа путер, мала пилешка паштета што не ја даваме ни на кучето ние, 3 скиснати меки маслинки и едно мармалатче). И сок од јаболка на Таково. Е за газдите на Вип ова е хотелски доручек и тие го наплаќаат истиот. Ако не се лажам имале своја туристичка агенција цели 24 години и светот го шетале. Не се ниту прости ниту неизживеани па да не знаат како се служи доручек во хотел. Во овој случај изгледа така им чини, прават будали од луѓето. Во апартманот беше онака, креветот никаков, казанчето и тушот расипани итн... Терасите беа преубави, со прекрасен поглед. Во сите 4 дена никој не дојде да праша дали треба нешто, да смени постелнина, ѓубре да земе. Ова е хотел, а не вила и треба услуга во собите. Инаку, си поминавме супер. Бевме во Аурора, Дионис и Мрс. Јадењето преубаво. Последниот ден ручавме во хотел Манастир кој е стварно хотел со професионален однос на вработените, екстра ресторан и хигиена на ниво. Во Берово ќе одиме повторно, ама НЕ во хотел Вип.
Здраво, некој искуство со Hestia Apartments или со Papa Апартмани кои се подобар избор за викенд бегство?
Папа се надвор од берово, на владимирски пат.. неколку км од центарот на берово..нема ништо околу освен неколку други куќи... Хестиа се на беровско езеро.. Јас би избрала хестиа