Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Берово

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од ma4o4female, 15 октомври 2010.

  1. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    Па ако живееш таму не значи дека се знаеш...Вработениот е многу близок па нема зашто да лаже,тоа што ти го гледаш дека го носат е за ужи круг фамилија и некој ептен близок, еве и тоа да ти го кажам;)

    Нема поента да се надмудруваме секој у што сака нека си верува:)
     
  2. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    20.693
    Пол:
    Женски
    Добро, следен пат кога ќе одите во Мрс однесете си свежо месо, нека ви го испечат на скара па нема да ви мириса. ;)
    Игла во сено да се барала еј.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Смешки:rofl: ама ај нека е така..
     
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.874
    Допаѓања:
    13.508
    Штом живееш во Берово, препорачај добра слаткарница или некој што прави торти? За роденден ми е.
     
  5. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    9.282
    Да сигурно треба и на чад да мириса. Набрзина наоравено на нераспалена скара и печена на чад, не на жар.
    Мирисот беше тежок, за разлика од скара на жар која има мирис на печено месо.
     
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.410
    Пол:
    Женски
    Океј е гурмани хранети со скара распалувана со распалувач :)
    ----
    На тема кој како приготвува некои работи, 90% од работите кои ги јадете да знаете како се приготвуваат, ни на воздух и вода нема да сакате да сте :D Не дека е нешто добро ова де и не дека не сте во право дека свашта се приготвува...
     
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.998
    Допаѓања:
    135.371
    Пол:
    Женски
    Вреди ли да се оди овој период во Берово? Што да се види, прошета? Како е со сместување овој период, може ли лесно да се најде смештај.
    @Dust
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    21.986
    Пол:
    Женски
    Секако дека има.
    Има преубава патека едната води до градот, едната води до населба Абланица. Значи патека како од филм.
    Пехчевски водопади се одлични за посета. Берово е убаво секое годишно време.
     
    На Осе, Dust, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    20.693
    Пол:
    Женски
    Плус кај езерото отсекогаш ми било најубаво да шетам сега во летно време, во попладневните часови.:inlove:
     
    На Dust, Cosmic Girl и Цвет88 им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.998
    Допаѓања:
    135.371
    Пол:
    Женски
    Имаш ли предлог за сместување? Вила Иван нема слободно.
     
  11. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    20.693
    Пол:
    Женски
    http://visitberovo.mk/category/беровско-езеро/
    На линкот има повеќе вили за сместување, разгледај.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    21.986
    Пол:
    Женски
    Ние одиме во вила Нешо.
    На друго место не сум била.
    Видете вила Лина, вила Марија тие ми се по ок.
     
    На Dust и Sesil им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.229
    Допаѓања:
    8.770
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека вреди. Времето е убаво, наредната недела ќе биде и потопла, таман таму нема да се варите во жештините.
    Јас бев кога имаше дождови секој ден, па пак убаво си поминав.
    И прошетавме околу езерото и по манастирите и црквите.
    И се рекреирав и се изнаспав во мир и се дружев со нашите пријатели во кафичите.
    Во Мрс храната е одлична, препорачувам.
    Мене ми се виде ефтино, смештај има за сечиј џеб, зависи што бараш. А и во кафич, ресторан цените се ок.
    Бев и до пехчевски водопади, ама за жал патеката некако не беше добра покрај реката, премините преку неа беа разрушени, веројатно била надојдена во периодот пред тоа од дождовите.
    Се што било од дрво направено (клупи, мостови, куќарки) беше оштетено од влага или скршено и разурнато, тоа малку ме разочара. Тешко се движевме и пред самиот крај стигнавме до еден дел кој не можевме да го поминеме, беше стрмен и се беше калливо.
    Така да за жал не ги видов водопадите, само ги слушнав. Се надевам дека сега е подобра таму состојбата и дека е проодно. Ама сепак вредеше да се отиде, интересно ми беше. Ми се виде како авантура некоја :D.
     
    На Осе, Dust, Sesil и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    20.693
    Пол:
    Женски
    Наредната недела на 25, 26 и 27 август ќе има етно фестивал на плоштадот така да полно ќе биде, некој ако сака да дојде може да си планира. :)
     
    На Dust, Cosmic Girl и Sesil им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Сместување тешко:D вила Иван до крај на октомври е резервирана. Вила Марија и она е прилично букирана, се некои стари баби идат да се одмараат, да ги прашаш од што се умориле:D
    Зависи кај сакаш вила, во градот или горе на езеро. Може да ти дадам предлози..
    Сега е најубаво и во зима кога има снег. Ние славиме сега и Богородица и има убава програма..
    За посета... Музејот, Св Богородица, св Архангел Михаил, низ браната има патеки за пешачење, па ако ве носи патот до Пехчево на водопадите..
    На кои водопади бевте? На Црнодолските?
    Таму кај што има скари, летниковци? Тие се "атракција" ама има уште 3 водопади..
    Овој Црнодолскиот е среден, околу 5 метра висина и со грант од Швајцарија се уредување околу.. Ама многу пари а малку музика :)

    На тие на Љутачка река се оди само пеш или со џип. Некои 10 метри е водопадот и е највисок..

    На Скокотот правевме патека до Дебелиот рид:D а нагоре и до Ченгино Кале продолжува и се оди до таму без проблем СО ЧИЗМИ, малку климаво е по пат ама има одбележана патека.
    Тој е 7 метри..

    Има еден пред Равна Река од лево, Спиковски водопад.. Втор по висина на падот на водата е..
    Имаше патека и натаму ама... Ама..


    За тие што сакате да пешачите симнете си ја апликацијата Maleshevija.. Таму ги има сите патеки што ги правевме низ Малешевија:D

    Патеката што ја спомна цветчето е Беровско езеро-Курилово-Берово има кратка и долга патека..
     
    На Осе, mal.ecka, Mrs.Precious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    1.504
    Пол:
    Женски
    Сум била за нова година во Хестиа покрај езеро, сместување и чистота на ниво. Летово бевме во градот во Ани апартмани и исто сум задоволна, во близина плоштад кеј со лулки за децата, во близина продавница, пекари и аптеки.

    Секогаш кога бараме некаде да одиме Берово ми е во потесниот круг, првенствено ради чистиот воздух и природата.
     
    На Осе, Dust и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била па сакаме да го посетиме .
    Дали вреди овој период да се оди ,што е ,,мора да се посети" да не е многу ладно . Со две деца под 3 г сме ,па не би да ги настинам :D
     
  18. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    7.723
    Пол:
    Женски
    Да ги настинеш нема, само соодветно облечи ги. Горе езерото има патека за пешачење и во аурора има дел со животни па може да ги храниш. Се наплаќа тоа, ти даваат храна, сето тоа околу 30мин отприлика трае.
    Него сакам да прашам бебе од 9-10 месеци до која надморска височина може да се носи? Пример до Берово, клепало може да се искачи? Околу 1200н.в му доаѓа клепало.
     
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Дозволуваат да се влезе ,која цена е отприлика?
     
  20. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    7.723
    Пол:
    Женски
    Дозволуваа кога бевме пред неколку години. За цена ич не се сеќавам околу 200ден ако беше ќесенцето. Сега колку е точно не знам. Секако ќе треба да се јавите да прашате во колку часот ги хранат и тогаш ќе отидете. Знам беше насабајле и околу пладне. Не е многу време но моето беше воодушевено .
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.