Алкалоид и греење на СЕ. Сиромаштијата прави луѓето да горат што најдат. Особено поради цената на дрвата оваа година а и лани.. Плус во последно време нема ни ветер да расчисти. Во градот се осеќа мирисот од оџаците, но горе на езеро воздухот е чист
А со години мислевме дека Берово има чист воздух. Истото го сметавме и за Охрид, а испадна дека и тој е високо загаден. Чисто се сомневам дека и во Крушево има чист воздух. Се труеме, а тоа ќе не чини здравје.
ПОМОШ: Вила Lake Palace Берово, или Вила Клепало? Сакаме со џакузи во соба а да е и во Берово. Изборот падна на овие две. Бил некој негде да каже?
Клепало ти е доста подалеку од другава вила. Другава вила како што гледам е на по ок локација. Но, ако не планирате да идете накај град мислам не е битна далечината. Од она што го знам е дека клепало е со заеднички тоалети, бар кога бев беше така и воопшто не ми се допадна. Местото општ впечаток дека е топ, и вложено и средено. Со голем двор, животни... Другово го немам видено.
Гласам за Lake Palace,сум била и спиење 2..3 дена,во Клепало не сум лично јас била,ама мајка ми и татко ми беа,па им одевме и ние,не е лошо,не знам дали имат со џакузи соби,ама местото повеќе ми се допаѓаше во Lake Palace.
Има слободно и ваму и таму. И двете имаат опција соба со џакузи. Во Клепало се јадело доле во ресторанот. А Лејк Палас е и со доручек. Секако сме за една вечер. Би прошетале малце. Поише ни е да се мафнеме од овде и да сме сами. Затоа и сакам нешто уџум. Ако може и мрежа да нема
Супер тогаш, смениле. Јас кога бев(одамна беше) седнавме на качамак и се гледаше по едно ходниче како од соба излагаат за да одат во вц. Па ми беше лоша слика тоа.
Иу со заедничко вц никако нигде. Му кажав он да пресече. Мене и двете ми се убави а и цените се океј. 3-4000 Аурора 118€ ми бараа за една вечер со доруче. Сфаќам дека е Аурора ама
Јас плаќам 1300 цел апартман во Берово. Со огромен двор. Но, нема џакузи. Проверете дали е вклучено во цената. На пријатели им го наплатиле плус. Не на овие две места, на некое друго.
Јас одма прашувам за со џакузи. Тоа ни е поентата. Иначе би иделе кај шо има базен. За приватноста е ај помош. Од Клепало и Лејк, кое?
Лејк Вила Нешо идам јас. Сега за велигден ја резервиравме. Имаш на фб ѕирни Важно: јас не сакам луксуз и не знам не ти какви пример кревети со сатенски чаршави и лустер од кристали(мала иронија). Јас идам да преспијам а денот го поминуваме надвор. Така да мене секогаш ми е побитно што местото ми нуди надвор. Но, нели секој има различен вкус, на некој му е ок 118евра и аурора, логички, пошо стално е полно.
Види, на природата таму и нема замена. Затоа мислам сосем небитно е. Зависи колку сакаш и можеш да си дозволиш. Добро друштво и се е полн погодок. Ваму кај што одам јас се само 2 апартмани и тоа не влече ептен, идеме со уште еден пар и се е само за нас. Ама нас ни треба двор, за дечкиве да трчаат, за нас скара, паркинг за колите, и топ ни е. Башка што овде секој може различно да пише, она што мене ми е убаво може на друг не му е.
Нас ни е за да иаме време за себе, мир и тишина. Тоа сакаме. Затоа не одбравме пример Аурора пошо е ту мач. Може да идеме до таму да прошетаме. Ја пекам за природа, селца, животни, така порурално. Како дете не ме носеле и ми се иде на нешто такво. И ја неќам некои луксузи, само да е чисто и толку
Веќе сте избрале, каснам малку Јас би ја избрала Лејк палас, поубаво е и поблизу до градот и до езерото за да прошеташ малку.. Ни едните ни другите не се преекслузивни, за мене луксузот има друга димензија. Не ваков мебел и не вакви апартмани.. Сакам да кажам дека за цените од 50тина евра се преценети, бидејќи од другите имаат само една џакузи када од 1000 евра додадено, нема никаков уау луксуз.. Сум била во апартман со кожна гарнитура од 5000+ евра, џакузи од она за 7-8 души големото самостојно што е, сауна во склоп на апартманот, електрични ролетни, кујна и електрични апарати од кои глава боли... И сето тоа за 85 евра од ноќ, во земја каде што платите се едно 5 пати повисоки од нашите.. Клепало ти е на 16-17 км од Берово, околу нема ама баш ништо. Има бачило (панковци) и шума. Толку. Јас горан го бојкотирам бидејќи на времето за греење бараше да му се доплати.. Алоо за греење.. И кој и да ме праша, Лејк палас го препорачувам ма да газдата ни таму не е сјаен ама мене лично ми е местото поубаво.. @Цвет88 е во право.. И вила нешо не е кој знае колку полоша од овие двете. Всушност споредена со Клепало ич не е полоша, само џакузи што нема.. А за тие пари цела ќе ја изнајмиш и приватност за сите пари Треба да му речам на комшијата да даде 1000 евра едно џакузи да напика некаде Ако сте за пешачење, имаме патека близу Клепало одбележана е и на апликацијата ја има