Кажи му за базен, децава да има кај да ни се шлапаат. Да не носам пак ко таа година коа го кренавме цело беровско езеро во воздух Се шалам .. Еве ќерка ми е научена таму,ко дома да е. Може зш е таму напраена, м? Ама серизоно, од прва ме магепса местото. И пак ќе кажам, не само самата вила тука целото место.
Ќе одиме Клепало сега. Па ќе ги видиме и Лејк и Манастир. Јас не пребирам, мебел ваков таков. Само да е чисто и нели да нема мувла, мравки нешто. Поише ни е да го видиме Берово и да поуживаме. Затоа и не ни одбравме Аурора. Ако дозволат, ќе влеземе ќе рашетаме. 118€ за ноќевање со доручек е многу по мене. А секако ќе ораме цел ден низ градот. Осоговски Амиш ми фати око, преслатко е, ама немаше место Моите лани беа во центарот негде, го испофалија цело место, а и се чудеа колку е евтино во споредба со Ск
Сеа читам дека нема ништо. Ќе ме задави а иам и за учење мислев таму да учам. Ама ај пошо сум паметна, ќе учам по пат, па таму ќе шетаме. Е сеа за греење, ваљда ќе има. Моите ми рекоа дека е ладно навечер. Ако не ќе зеам па подебели работи. Он нема проблем со ладно, спие на 18 дома, ја на 23. Ја сум мочлата ај убаво ќе е. Сакам малце природа, ми се смачи од бетонов. кај да идеме кај шо има животни? Знам во Аурора има елени, и коњи, така?
Абе ќе видиш дека малце ќе ви е времето. Значи ептен онака ралаксира. Мислам и во клепало дека имаше нешто животни.
abe malce, ama iam epten za ucenje mislevme i od petok, ama aj.. gleam saboa 21 stepen, nedela 23, kje si zeam ja zimski alista, sloevito da ne se praam parizhanka. Plus ako e udzum, nikoj nema ni da glea so nosam
@Dust а нели има издавање и на соби од луѓе кои живеат таму? Баш се мислам да го посетам Берово, на листата ми е одамна ама никогаш не му дошол редот.
Тоа што тука носиш на 23 степени тоа и таму. За навечер земи си нешто подебело, многу слоеви облека не ти требаат. Е сега не се знае, ние и во јуни баравме греење да ни се пушти ќ.
Ако нема греење. До вечер си идеме. Навечер секако не мислиме да искачаме. Ја за тоа го барам џакузито. Неќам меца да ме вечера
Мислиш Норвешка идете, не Берово Има разлика ама не е толку страшно. Слоевито и за тебе нешто подебело кога веќе си зиморлива.
Седнете во Ловечка куќа на јадење. Мене пријатно ме изненади последниот пат кога бевме. Повеќе ми се допаѓа од Мрс.
Манастир и тие ги качија цените ептен, есента кога бевме за спа ми бараа да си платиме а предходните пати во цената ни беше вклучено. Ако седнувате таму моја препорака дедо иљо малешевски плескавицата и бабината торта да ја пробате. Сме биле моменто сместени за таа цена 50е од ноќ во апартман со кујна. Е сега нема џакузи, но вилата се гледа дека им е доста средена. Пред езерото е, можеш и пешки до него. Исто кога гледавме до неа за сместување и hestia апартманите не беа лоши. Инаку за храна ептен задоволни во мрс, и вкусно и ефтино.
Ловен дом Ќе има греење, тоа порано беше кога не знаеше да стопанисува.. шумски човек Иначе нема ништо.. На километар - два е од границата со Бугарија која што не работи.. Граничен премин Клепало Друго нема ништо, далеку е од градот и навечер само завивање на кучиња може да слушнете апсолутно ништи друго.. Има.. И во градот и горе на езеро. Клепало не е на езеро, од езерото е уште 10км.. Најголем дел се регистрирани издавачи на сместување, можат и по интернет да се најдат. Или да ви ги излистам тука сите На 26 март утринската измерена температура беше -6 (минус 6) Овие денови е до кај 4 во плус.. Преку ден денес бев без јакна низ град, ама сега кога се враќав смрзнав само со дуксер Значи јакна за навечер ако шетате.. Ако идете скоро.. Ние уште грееме.. Во Берово се грее од септември до крај на мај И така.. За повеќе инфо тука сум.. Па и кафе да почастам
Сум била и на двете места, и не е лошо ни на едното ни на другото, кај сакате таму. Клепало е малку подалеку од градот. За јадењето можам да искоментирам, во Лејк палас не ми се баш допадна (конкретно јадев тост и реално дома поубаво си го правам), ама тоа се сепак ситници според мене, во глобала е убаво. Клепало топ исто така. Лани за Велигден фул беше.
А у Клепало, ми рекоа може доле да се јаде. Ја ќе зеам ранец храна само нешо јадеме. Бар грицкалици некои.
Вила Клепало и лани и полани за Велигден, прекрасно. Полани беше 1500, лани 1600 ноќевање за двајца. И храната е убава и не е скапо. Едит:со џакузи е поскапо, не ми текнува колку беше, ама ништо немаше слободно.
Кога идете? Времето оваа недела беше многу топло, по кратки ракави можеше слободно да се шета преку ден, и навечер не е којзнае колку ладно ама пак треба добро да се облечеш, башка ако со зиморлива.