Prasav SE javiv mozi da se kapat I drugi gosti ama cenite mu se uvis,za vozrasen 1800den,a za deca do 12 god 900den vleznica
Таа цена порано беше за користење на спа центарот.. со тоа се користеше и базенот. Ако сега нешто поправиле па само за базен да е..цената им е луда
@Dust ако може помош малку. Некој солиден и чист апартман во градот долу да ми кажеш. Само за петок спрема сабота ни треба. Имаме викендица резервирано сабота со недела, со пријатели ама не ми се трга со дете само за 2 ден од кој 1 во кола ке ни помине. Па со мм збориме од петок да одиме, се викендици ми излегуваат и апартмани некој 4000 од вечер.
Можам да ти ја препорачам Малешевска куќа одма до Мрс е, супер чисто и мислам со ептен пристапни цени е. Најди ги на фб.
Ани апартмани на фб ги има да им пишеш, исто во центарот се. Кога прашував околу 2000 ден ми дадоа цена за викенд, една ноќ.
Ани апартмани Малешевска куќа на мрс Ловен дом Берово Сквер апартмани (нови и убави во центар) Лајф соби.. (соба и купатило сосема ОК за цената.. На сам плоштад) Јас Ани или Сквер би ги одбрала.. Ама за сквер јави им се. Не верувам дека е иста цената со онаа на букинг.
Девојки што ќе ми препорачате интересно во Берово? Ќе бидеме сместени во центарот, каде би можеле со децава да прошетаме?
Покрај Беровско езеро, Музеј на град Берово, црквата Рождество на Пресвета Богородица во центарот, манастирот Успение на Пресвета Богородица.
Ние бевме октомври, имаше надвор лулашки, лизгалка и клацкалки. Неколку зајчиња и голуби, ова во Манастир сеа за надвор не е знам дали ги има уште.
Има во центарот. Помини ги кафичите накај нагоре, и после малата уличка штом ќе ја поминеш, од лева страна ќе видиш една продавница како оние во Скопје што ги направија за сувенири и сега не работат. Во Скопје отстранети се одамна.