Мрс последниве месеци е се само не МРС.. Се надевам ќе се поправат.. Ловното порано го бојкотирав поради скопските цени, сега таму порадо одам
Што ми текна, како се движи од-до цена на метар квадратен за земјиште (нива) наспрема градежна парцела? Доколку знае некоја нека сподели повеќе.
Да не е полошо само од кај Пилето, оти гладни ќе останеме . Шала на страна, баш лошо ако се расипале, оти се им беше убаво.
Кој период ќе има сирење за продавање? Никогаш не сум пробал беровско сирење. Не сум имал можност. Од каде препорачувате?
Пастрмајлија ѓон, печурки стари и црни, пепел направени, пилешко корне на саламурено, салата овената... Нарачавме пастрмајлии пилешки и свински, за носење, никако не одгатнавме која е која, цело месо исто беше. А во Ловен дом храната како во Пелистер, вкусна, сочна, мека, тазе, порции големи и убави на лик... Сместени бевме со доручек, доручекот фантазија, ќефови на малото правење секое сабајле. Дефинитивно ќе одиме пак.
Препорачајте место во Берово за со детенце година и пол. За 3,4 до недела дена. Да има и ресторан со јадење или близу нешто за јадење. Да биде интересно за детенце и внатре да е убаво бидејќи и внатре ќе поминуваме доста време. Не ми е важно дали е близу до градот, за мене не ми треба ништо само природа ама со дете сум ограничена за пешачење. Само во Аурорасум била ама скапо ми е за толку денови. Фала ви
Јас би ги препорачала Апартмани Моменто, одма кај Аурора се, ептен се фенси и средени имаат големи тераси и голем двор исто така ќе може да трчка. Мислам дека апартман беше 2500 а соба 1800.