Ја има некаде на интернет? Можеби на berovobooking.com.mk? И каде се наоѓа, дали е во таа населбата Абланица? Контакт нешто? Се извинувам, многу прашања Ти благодарам.
мислам дека ја нема на стараната а за сигурно можам да ти казжам бројче да си звонес и да си питаж со е и како е вилата е прекрасна на првиот спрат има кујна со дневна, а на вториот спрат има 3 спални ако одете во случај одберете ја средната најубава е
мислам дека ја нема на стараната а за сигурно можам да ти казжам бројче да си звонес и да си питаж со е и како е вилата е прекрасна на првиот спрат има кујна со дневна, а на вториот спрат има 3 спални ако одете во случај одберете ја средната најубава е [/quote] Ајде те молам ако не ти е тешко пиши ми бројче и дали е близу до езерото?
Сакам ова лето да одам таму Аурора Берово Кога ми ги покажуваше мајка ми сликите на нет..не ми се веруваше дека ова е во Македонија..
Душава ми плаче за ова место и планираме да одиме до Берово барем на викенд, размислувавме и за приватна вила, ама кој да одолее на оваа убавина?? Абе луѓе дајте зар никоја од вас не била овде да каже како се движат цените
Душава ми плаче за ова место и планираме да одиме до Берово барем на викенд, размислувавме и за приватна вила, ама кој да одолее на оваа убавина?? Абе луѓе дајте зар никоја од вас не била овде да каже како се движат цените [/quote] како што прочитав во аурора цените се движат од 50 е до 120 е а колку е точно незнам најубаво у приватна вила па ке одиш таму ке прошеташ
како што прочитав во аурора цените се движат од 50 е до 120 е а колку е точно незнам најубаво у приватна вила па ке одиш таму ке прошеташ [/quote] Ние имаме одено и во вила (приватно сместување) кајшто плаќавме по 500 денари, а имаме одено и неколку пати во Хотел Манастир. Преубаво е. Во Хотел манастир мислам дека беше 900 денари ноќевање со појадок. Имаш тука поише инфо: http://www.hotelmanastir.com.mk/
Не и не,не можам да најдам сместување за наредниот викенд, цела недела барам, се е зафатено. Сите вилички ги прочешлав, се јавив. Ух, сакам да одам во Берово, поточно на Беровско езеро... Впрочем сум била како мала, ама не се сеќавам. Како и да е, ако успеам да најдам ќе бидам пресреќна.
Ова од кога бев во Берово минатата недела. Сликите се од езерото и Аурора. На сликите ме имаше мене, ама се кропнав, затоа се вакви. Инаку цените во Аурора се скапи. Од слушање вака знам, дека имам роднини во Берово па кажуваа они. Цената на едно кафе -150 ден. За сместување не знам колку се плаќа, ама според тоа како изгледа самото место, сигурно е скапо.
Таман се решивме еден викенд да одиме таму, на сред пат се расипа колата на тетка ми, и ајде назад А баш сакав да го видам, друг пат нема шанси да ги намолам да одиме ..
Пууу, лепоти! Јас мислам дека бев прв пат во Берово сега, ама се воодушевив од природата. Најмногу пискав по пат за овците. Леле види овци, колку се прекрасни. Леле види пак овци Мислев дека на третото „леле види овци“ ќе ме исфрлеше од кола Шала на страна, природата е прекрасна, кротка. Мелем за душа и рај за очи. Беровското езеро и целата природа во околина, ах, воздишка предизвикуваат. А Аурора е нешто као сон на сред рајот, прекрасно! Собите им се навистина луксузни и прекрасни, природата наоколу, стварно местово севкупно е прва лига. Ептен ми се допаѓа како го изградиле. Цените им се малку посоленки, ама вреди да се оди таму. Единствената негативна точка е патот до таму, баш по угорницата кога веќе се качувате кон Берово и хотеливе....така малку ужас. И криво ми е што државава пре ќе потроши на глуп споменик отколку да го направи патот кон едно вакво гратче, кој освен другото е и доста фреквентен затоа што како што приметив, доста туристи одат натака. Е така, сеуште сум под свежи импресии. И овај да, поздрав до Беровчани, прекрасни луѓе
Оф, убавини невидени е Берово! Бев на кратко на почетокот на август, 3 дена, ама свежиот воздух и зеленилото и тоа како ми годеа. Како што кажала Phyramide, езерото предизвикува воздишки, а тек Аурора ресортот... Немам зборови. Престојував таму, во апартман, и поубаво нешто немам видено. Од собите, од природа, од тоа како е се’ уредено и средено, како се’ се одржува... ма феноменално нешто. Скапо, би рекла, ама вреди. Вреди за секој денар. И кога се вратив, толку бев под импресии од Берово, што почнав да го терам татко ми да купиме викендичка таму. Ах, да имам, секој викенд би одела, без размислување. Најубавото место во нашата мила Македонија.
Луѓе споман некој од вас ефтино сместување за во Берово?Јас огласи што гледм по 300 - 350 ден ноќевање, па ај пишете ако знаете за поефтино, нема да е на одмет ако има таква опција. Не сум била воопшто во Берово досега.
Ne veruvam deka ke najdes poeftino od navedenata suma,sum bila vo Berovo poveke pati i sme plakale od 350 den vo vila kade edno kupatilo go koristat poveke familii sto mene voopsto nemi se dopaga, i 600den vo hotel(apart hotel) kade si imame sopstveno kupatilo.
Знам сегде е 350, 400 приватно, ама ми се чини дека сретнав некоја ефтина сум. Добро не е важно, фала ви. позз
Берово е прекрасно за нова година!Лани бевеме 3 пара во викендичка горе кај езерото и преубаво беше имаше и снег и сонце,вистинска зимска идила.Јас пак би идела таму Цените ги креваат за н.г. нормално лани ние мислам дека плаќавме 5000ден за ден,онака да одиш е многу поефтино! еве линк кој можи да ти помогни... позз http://berovobooking.com.mk/
Ја знам странава, туку ме интересираше за нова година како се движат цените. Ти благодарам во секој случај. А може да ми кажеш во која викендица престојувавте вие? Дали ја има на странава погоре?
Ухх.. сум била во Берово, преубаво е.. Езерото.. аww преубаво е се таму.. навистина градот и не ми се засвиѓа толку, ама околината и планитите.. ОМГ
Кога прв пат бев во Аурора ресортот буквално паднав на газ. Која убавина е тоа! Уште да си ја попарват услугата и храната и вреди човек таму да си се луксузира кога ќе биде во можност. Порциите беа одвратно малечки и воопшто не беше вкусно тоа што го јадевме. Плус на ништо не личи да се чека за помфрит, палачинка и салата, еден час и 20тина минути. Срамота. Родителите пред една година беа сместени во Манастир и беа фасцинирани. Иако го поддржувам татко ми дека во хотел правен во таков амбиент не смее да нема турско, македонско кафе. Како милувате. Кој е љубител на слатко нека си купи од Манастир од капини. Мене со нарачки ме пратија од дома. Колку е вкусно, ау. И сакето. Никако да ми здосади. Храната секаде каде што ја пробав беше одлична. Превкусна. Секаде освен во Аурора и пржениот сладолед во Мрс. Палачинчињата во стомак ми израснаа, ама толку беа убави. Цените супер. Кафе 20 денари, час исто. Имаше едно местенце, City pub мислам кое многу ми се допадна. Нешто во стилот на Маракана, за мерак. На страна од тоа, природата е фантастична. Јас одам пак. Не се опишува колку ме опушти зеленилото и кој спокој го пружа.