Nikogas ne sum bila,no sudejki po komentarite,bi sakala da go posetam i licno da se uveram vo site tie ubavini!
Едно од моите незаборавни патувања.. Спојлер Патувањата се: Берово, Крива Паланка, Маврово, Макригиалос(Грција) Во темата за Маврово реков дека ќе ставам слики др. пат, но од берово сега ќе ставам. Не зборам за градот туку планините околу градот, Суволаки, ова она.. есенско време беше и сите планини и ритчиња околу тебе беа прекриени со есенски бои, и секое дрвце со различна нијанса.. Еве сликињава..
Не сум била а би сакала баш да го посетам сите што биле викаат дека е преубаво, презадоволни се од тоа како си поминале. А сакам и тоа Aurora Resort да го видам, ама скапичко бре
Мојот роден град! Прекрасен како и секогаш, особено Аурора http://www.google.mk/url?sa=i&sourc...ZtN265uI-ePGcWLMDo7y9AcQ&ust=1359669146844388 http://www.google.mk/url?sa=i&rct=j...JO2gHGxtnXMLxPZH0epxzrkg&ust=1359669163923806 :up:
Моето најубаво и најсакано градче.Го сакам најмногу.Живеам во него и никогаш за ништо не би го заменила.Навистина може да се почуствува топлината во него.Душата секогаш ти е исполнета и ти е убаво.Има прекрасни убавини и можеш да се отстраниш од бурниот свет, да се релаксираш малку и да се одмориш.Ви посакувам топло добредојде на сите и кој не бил,вреди да се посети Eве неколку слики
Феминки, би сакала да ве замолам тие што сте од Берово или сте престојувале таму да ми помогнете... Сакам да ве прашам за такси превозот од градот до Аурора ресорт како се движат цените. Или пак дали е препорачливо наместо во Аурора да резервирам во хотел Манастир и гледав на нивната страна за спа услуги. Фала
Имам куќа во едно од околните села на Берово,така да често сум таму Такси превоз од центарот на Берово до аурора ти е не повеќе од 200 ден(јас бев пред некој месец и ми зема 150 од центар до браната,а Аурора е во близина) За сместување,ако си во добра финансиска состојба нормално ќе ти ја препорачам Аурора,објектот е навистина убав,но според мене скап,и малку повеќе преценет од потребното за наши стандарди..како и да е,странците уживаат во него(кога бев имаше многу) А за манастирот,незнам колку е ноќевање и не сум ни престојувала таму,така да неможам да ти кажам. Убав помин
Луѓе гледам многу ја фалите аурора спа а и да многу убава ми стои на сликите . Е сега било доста скапо , неможам да најдам ценовник како се движат цените за преспивање во аурора спа. Па ајде кој бил нека каже или да ми прати ценовник .
Супер е во Аурора ама малце е скапичко, цените можеш да ги симнеш од кај нив на страна http://auroraresort.mk/booking.html оди во rates и ќе ти се симне ексел табела
Оф..е јас изгледа лошо искуство имам од берово (и целото друштво кое бевме). Во Манастирот и Аурора е прекрасно да не дојде до забуни. Но, ние бевме сместени приватно во куќа каде домаќините беа 10тка негостопримливи. Остај шо ни наплатија поскапо од договреното, немаше никаква услуга од нивна страна. (не сакаа да ни дадат нова постелнина кога едната најслучајно ја извалкавме). Местото е преубаво, со живописна природа, чист воздух, ама луѓето - 0!!! Дури и на искачање ми беше чудно, требаше да се напијам т.е. препијам за да си поминам убаво пошо сите наоколу дрво се имаа направени. За разлика од Берово, Пехчево ми беше друга приказна Немаше којзнае што посебно да се види и посети, имаа само еден кафич за младите, и такви други ствари... али има закон луѓенца Се изнасмеав како никогаш до сега. Леле прекраснички се, сакам да ги имам во близина!!! Поздрав малешевци
Здраво, Имам едно прашање за Аурора, дали некој знае какви им се порциите од полниот пансион, дали може човек комотно да се најадува и само таму да седи? (На страната им пишува лесен ручек а не знам какви се и доручекот и вечерата ). И поважно, колку е топло во август таму денски, може ли човек да го користи базенот слободно? Или е ладничко? Само ради тоа и ради што имаат храна би го одбрала ова место, ако има некоја слична варијанта пишете ми! Фала!
Девојки сакаме да одиме со дечкото во Берово на 4 5 дена ама сакаме ако е било како можно да најдеме некое приватно куќиче викендичка па макар и со една соба и далеку од градот само да има многу природа дрвја и по можност да не е многу гужва и да не е многу скапа...Инаку сакаме да одиме околу 1 септември таа неделаа....па би ве замолила ако е некоја од Берово или познава некое такво местенце да ми помогне...Фала однапредд
Само пофалби за беровци. Ми оставија многу убав впечаток, и само така да продолжат. Јас бев во Манастир, ама и таксистите кои не возеа до езеро и продавачите на езеро беа екстра позитивни. Навечер градот беше раздвижен. Ми се допаѓа и ако не сте биле да го посетите. Имаат и убави специјалитети, слатка од шумско овошје, патем си купив маица J love Berovo.
И јас и за Аурора Спа центарот имам само пофалби - обично кај нас такви некои места знаат да бидат специфични, тука луѓето уште од почетокот преку мејл до после цел престој беа многу услужливи, коректни, едноставно кажано добри луѓе!!
Градот е мал, вака-така ќе бидеш во негова близина. Врти-сучи не е град со огромна фрекфенција на луѓе, така да би ти било бучно само ако бидеш сместена на плоштадот кај кафичите/дискотеките. Се што е малку подалеку, зборам ептен малку, ќе ти биде екстра и пријатно за престој. Така да, со оглед на тоа дека ретки се оние кои издаваат таму, би те советувала да си се јавиш кај што ќе најдеш и да си резервираш. Градот изобилува со шума и зеленило. Ако тоа ти е тоа приоритет, би можеле да се сместите покрај браната, во некои од тие бунгаловите. Меѓутоа, верувам дека е поскапо таму, и плус ќе треба да плаќаш такси 150 мкд за да отидеш до центарот.
Толку е таксито 150 ден до езеро, значи 7 км. Инаку пијачките по кафиќи се ефтини. Барем не не поткрадна таксистот како во Охрид, ни кажаа дека толку е тарифата.