Ти ја препорачувам Вила Лина 2, прекрасна е. Се наоѓа малку погоре од Аурора, т.е. за Аурора патот те носи десно, а вака продолжуваш право. Собите се пространи, чисти, дворот е прекрасен, со мало базенче, клупи, многу дрвја, лулашки. Јас бев зимно време, има камин, кој создава посебно чувство на топлина на душата. Женичката е многу фина и за се што ќе ви затреба излегува во пресрет. Побарај ја вилава на фејсбук, има и контакт телефон оставено. Инаку 1200 од вечер е, за цела соба.
Во Аурора е прекрасно и јас не знам како некој може да каже „ еее, па не е ова за 5 ѕвезди„.Супер е, скапо е ,ама тој што вложил сака да си ја поврати инвестицијата. Убава храна, љубезни луѓе. И пак си купив од продавачите надвор сокови од шумско овошје. Толку се фини што просто и да не ви се купува ќе купите. Инаку со нас беше еден од “браќата“, леле луѓе колку го потенцуваше Берово дека било пустелија, дека било село, дека имало народ колку едно ниво село. Мене ми е симпатично и кога би можела и по 3 пат би отишла до крајот на годинава. Треба да си го цениме она што е наше и да му ја затвориме устата на тој што ќе каже “па вакво, онакво“.
Девојки, јас резервирав во Аурора за во февруари. Ајде споделете ( оние кои биле таму) кои СПА содржини вреди да се платат таму? Дали кафематуите функционираа (гледам има во собиве) )И гледам некои луѓе се жалат дека собите не биле загреани доволно? Има некоја од вас феминки вакво искуство со студени соби? Ви благодарам однапред и се надевам фино ќе си поминеме...
Јас кога бев собите беа топли, таман пријатни. Кафиња и чаеви секој ден ти оставаат во соба за да си направиш. Додека си излезен зачистуваат, што не беше случај во Попова кула.
здраво можеби е несоодветно но доколку некој е заинтересиран да купи купон за аурора нека ми пише во лп со попуст ке го продадам да не ми пропадне ми излезе не предвидлива работа
Сега зависи за какво приватно сместување, ако мислиш на вилите покрај езерото, околу 500-600 денари од човек за ноќ.
Бев претходниот викенд. Времето беше топ. Ја посетив Аурора спа центарот. Покрај езерото гледам направиле патека за пешачење. И требаше таква патека таму. Патокази за до езерото си има насекаде. Така да неможе да се утне.
Низ градот живо пиле нема. Мислам дека еден кафич работи за Нова Година и прави пречек. Ама не е нешто нај нај. Ова ти го кажувам од искуство на еден другар. Освен ако сакаш убава мирна и романтична Нова Година.
На 8 март се мислам меѓу Берово и Крушево и кажете ми дали на релација Скопје- Берово сообраќа еден превозник или повеќе за резервирање на повратна карта. Да се организирам кога во сабота ќе стигнам и кога во недела ќе треба да тргнам назад.
Во Хотелскиот комплекс Манастир бил ли некој од тука? Како е, цените како им се движат од прилика? Сакаме за Нова Година да одиме па да ми сподели ако има некој искуства.
Сум била 35 евра по човек. Јас бев онака не за Нова година. Имаат мали соби, поголеми, едни како студио. Убаво е.