Гледам храната во хотел Манастир многу ја фалат. И во ресторан Мрс. Некој да ми посочи што да пробам од специјалитетите, за целосно да го вкусам местото? И каде да се излезе на обично кафе?
Мрс - ќебапи дефинитивно. На кафе во центарот имаш 3-4 кафичи/кафани, сите се збутани на едно место. Ако имате прашања пишете ми слободно
Во Манастир -Беровска тава,сирење обавезно, никоја од питите ,нешто од скарата. Абе се да пробате,нема да погрешите. Јадењето е пре пре прекрасно.
Тие што биле во аурора со бебенце како поминавте? Маж ми резервирал е сега мене ми е прашањето дали може во собите да се згрее вода на било каков уред? Дали смее плинско дека во некои хотели се уклучува пп аларм.
Мислам дека во собите имаше електричен бокал за вода. Ама пиши им меил или јави им се да прашаш за сигурно.
Дали има некоја од вас идено во Берово во Малешевска куќа, и ако сте биле како сте задоволни? Ние планираме за 1 мај да идеме, односно сабота и недела таму да спиеме а во понеделник вечерта да се вратиме.
Во Манастир храната е типично македонска, тави, скари, пити, ништо фенси. Вкусна е, признавам, ама мене ми сметаше вегетата во храната. Не сметам дека вегета е зачин за ресторантска храна. Во Мрс ќебапчињата им се специјалитет. Ако ве води пат, ако сте со автомобил, на вечера во хотел Гогов во Пехчево. Одамна храна вака не ме оставила без зборови, и вкусот и подготовката и послугата.
Bev denes vo Berovo, na rucek vo hotel manastir a posle na kafe vo aurora. Preprepredobro mesto, manastir so vrvna usluga i predobra hrana so mn prifativi ceni, vi preporacuvam da posetite ❤
Некој да ми препорача вила во близина на Беровско езеро која се изнајмува за дочек на нова година за друштво од 10души?
Соби имаме договорено за периодот околу нова година. Но да ми кажете некое добро место каде да бараме да резервираме за самиот дочек?
Не сум прашала каде ќе има организиран дочек ама ако сте за кафичи, верувам сите во центарот ќе имаат некоја програма.. Ако сте за ресторани прашајте во Мрс, Дионис, во ловниот дом т.е Ристово меанче 2, Манастир ќе има своја програма ама не знам дали ќе биде оваа година од затворен тип (само за гости ), Болеро......
Со мм многу го сакаме берово и минимум еднаш годишно одиме и седиме една недела. Си најдовме мала вила во близина на езерото, двор, природа, тишина, па се погаѓа и сами да сме, абе одмор преубав. Сега здравје боже на пролет ќе одиме со приновата(изгледа и таму е зачната хеех). Не го менувам за ништо на светот.