Сакаме со дечко ми да одиме во бачило Клепало, да изнајмиме апартман, ни кажаа дека е 600 ден., а имате ли информации дали се плаќа од човек или од ноќевање, какво е времето периодов и одприлика колку има возење од градот?
Од човек... Ок е, ама е далечку, бајаги после езерото. 5 мин до граница со бугарија. Зависи што бараш, ние идеме во приватна вила 500ден од човек со кујна дневна спална купатило двор...
15км од Берово е и околу немаш апсолутно ништо Пустелија. Убаво е, да. Ама освен да прошеташ околу, нема ништо за гледање.. Таа цена е по човек. Препорачувам сместување на Беровско езеро па прошетки околу. Има таму кај да се шетне а и градот ти е дост близу Ако ти треба поволно сместување слободно пиши
Фала ти Закажавме за таму, таман да се одмориме. Планираме да одиме и на браната и низ градот. Прв пат ќе ми биде па ќе пишам импресии кога ќе се вратиме
Ќе се изнададете пари за бензин Ама ако..убаво да си поминете Мрс е затворен од инспекција, ама не пропуштајте да јадете компир со сирење на ловното, качамак и торта во манастир и тако даље
Берово...моето омилено место. Гратчето има душа.Питомоста ба луѓето изненадува. Мал плоштад во центарот со два-три кафиќи еден до друг. Неколку дуќани и црква. Стари градби,какви може да се сретнат на сликите каде е дедо Иљо Малешевски. Во градот фали слаткарница или ја има ама на скришно место е. Абланица-посебна приказна.Од вилички со убави дворчиња до куќишта со базени. Аурора -извикана и скапа..убаво средена...на сред природа-урбанизам. Убави патеки околу езеро,тезги со мед и пчелини производи и продавачки кои нудат безплатни домашни сокови за туристи.. На самата граница -Клепало...ресторан и дрвени куќички.Храната убава-цени пристојни.Кој оди,да ја проба домашната шливка и домашното овчо сирење.И мал рибник има,тазе риба на скара. Хотел Манастир-склоп на вкус и луксуз.Кој ќе стапне таму,да проба сирење со пиперче внатре..препорачувам и сомун полнет со селско месо. ...можам цел ден да зборам за овој дел од Мкд...се вљубив во природата и питомоста на народот.
Нема. Имало порано ама не преживеала.. Беровчанки се домаќинки...нив не им треба слаткарница Се зезам..има жени дома што прават преубави торти ама онакви големи, за прослави
Би сакале со дечко ми да одиме на викенд во Берово. Во х. Манастир не е скапо судејќи по вашите коментари и тоа што тие ми го кажаа околу 2600 ден ноќевање со појадок. Но ми кажаа дека доколку не престојуваш во Аурора не можеш да влезеш и да прошеташ дали е точно некој знае ли?! : P
Ако имаат баш тогаш некој семинари ,конгреси , предавања , можно е да не пуштаат . А обично викендите има по нешто . Обичен ден сум била еднаш така на кафе
Како ќе и текне на газдарицата-така прави. Само незнам народ што запнал-се молат да влезат да пијат кафе. Колку други природни убави места има во Берово, па баш на таа ќе и се молам да влезам, како да мислиш којзнае како е таму....пихххх
Често одиме и често шетаме по патеките околу езеро, па имам прилика да видам како на луѓето пред нос вратата им ја затвараат. Срамота и греота. Од мештаните имам чуено дека посебно внимавала Беровци да не влегуваат внатре.
Храната во Манастир е преубава и многу е ефтина Аурора е преценета, да има преубав пејзаж, apart from it - NO. Јас ви го препорачувам хотел Гогов, не е во Берово, ама близу е - во Пехчево. Хотелот е преубав, храната одлична, персоналот услужлив, а цените се ептен прилагодени на мкд стандарди. Имаат и спа и фитнес центар, а организираат и прошетки до Пехчевски водопади, Беровско езеро, авантуристички парк во Пехчево (со адреналински патеки, со zipline со сВе)...
Девојки, никогаш немам идено за Берово а желба ми е одамна. Не сакам хотели, има ли дрвени куќички за изнајмување и како идат цените отприлика ?
Аурора и Вила Лина имаат базен. Незнам точно цени но вила Лина има малку повисоки цени од останатиот смештај, а Аурора се ептен скапи, како за хотел со 5 ѕвездици.