Здраво, Ве молам да ми кажете кој бил сместен во Хотел Вип во Берово и какво искуство има? Сакам да резервирам Нова Година. Ви благодарам
Чисто е, барем беше есента кога шетав по собите за да видам како измениле, последен пат бевме да си го бараме мајсторот кај нив, па таму беше и газдата со жена му и ме прошета по објектот, ама ми се жалеше дека тешко ги загрева. Има убав поглед, ама не е целосно бетонирано до хотелот. Ако има снег, ќе има и кал. Гостопримливи се вработените. Ова го кажувам крајно непристрасно моментално живеам во Берово и немам корист ни да ги фалам ни да ги кудам не сум преспала таму никогаш, ама сум одела од други причини.
Ти благодарам многу И јас имав слушнато дека имаат проблем со загревањето на просторот, затоа незнам што да правам. Не планирам да платам за да се смрзнувам таму.
На Јас бев лани во Јануари и немаше никаков проблем со греењето. Жената што беше таму беше фина, останавме некој ден плус од планираното па ни дадоа и некој попуст. Собите на поткровјето се сон, ако имаш опција одбери си таму бидејки имаат преубав поглед. Собата беше чиста и пристојно средена, но не дојде никој дополнително да смени чаршави и сл. Има земјена патека до езерото и е малку стрмна. Ова е поглед од собата.
Можам да ти кажам дека скоро секој 3-ти ден сум таму... тоа е едно прекрасно градче.. исто и јас го обожавам... кој не бил препорачливо е да го посети штом ќе има прилика
За нова година ќе сме во Берово, ме интересира доколку некој знае маркетите на 31ви како работат? До колку саат? Исто така предлог за ресторан или кафана од каде може да направиме нарачка за храна за вечерта и дали би ни направиле?
За нарачка тешко дека ќе ви направат освен ако не ја подигнете нарачката до кај 6 вечерта.. Зависи што сакате, опциите ви се Дионис, Болеро, Карадак, Мрс, Текила ако работи за н.год.. Манастир не е ни опција За маркетите утре ќе ти пишам. Денес баш поминав покрај кит го ама не забележав, видов само 01.01 и 07.01 пишуваше дека е неработен а 31 дали до 17ч беше не знам.. утре ќе ти кажам. Пакет маркет исто така ти е добра опција..и за него утре инфо, таму немаше ни известување. Тера маркет и останатите ти се далеку..
Еве за пакет маркет раб.време Се наоѓа на плоштадот во старата стоковна.. Кит го ако ме служи меморија дефинитино до 5.
Здраво женски.Ова се цени за хотел Манастир во Берово. Пишува дека цена за 2ца за стандард соби е 40 евра.Дали е тоа од човек по 40 евра или вкупно 40 за двајцата? Може ли да ми препорачате некоја вила, апартман за едно ноќевање што не е толку скапо, до 1000 од ноќ?
По соба Пишува и на самата слика ако прочиташ убаво.. На езерото или во градот? За колку лица до 1000ден? Инаку моментално има снег и е многу убаво
Пробај со вила Иван, вила Марија, вип хотел на групер имаат понуда.. Хестиа и Лина мислам оти се букирани скоро цела зима
Да над кафичот се. 500ден од човек беше летово, веројатно и зимава е исто. Се влегува од страната кај што се влегува за во казиното..т.е од карши вип
Благодарам не знаев. Инаку ми се допадна кафичот, и екстра евтино. Двокреветни или какви соби имаат и дали се средени иако јас немам некоја потреба од луксуз. Последен пат бев во куќа, но може за следен пат да направам промена, зошто да не.
Посредени се од дел од куќите што издаваат соби Има соби со 2 посебни кревети и со брачен.. Мислам најдобар избор ти се ако сакаш во центар да си сместена, кога ќе споредеш према цена и локација.. Спојлер: Фотки Чисто е, за мене е тоа најважно. Следен пат частам кафе ако сакаш
Значи живееш во Берово? Јас во маркер База бев два пати досега и сум задоволна. Не знаев дека има во кафичот соби, супер е што е на сам плоштад.