База не е многу снабден ама им врши работа на тие што се сместени во Хотел Манастир за грицки, сокови, цигари итн... Поголеми и поснабдени маркети се - Пакет маркет, Кит-Го, Маркет Кулата, Тера маркет, Трено комерц, Алкалоидската продавница одма карши влезот на Лајф собите и уште 2-3 прилично локални маркети (потешки за наоѓање бидејќи се по некоја уличка подалеку од центар).. Имаш неколку месарници од кои ги препорачувам Таз (одма позади собите на Лајф) и месарата во Трено комерц. Се друго што те интересира слобдно прашај..може и на некој друг ќе послужи
Знам дека База не се снабдени. Купував нешто и од кај нив, но и во Кит Го, маслинки купував, имаа по 5-6 видови. Голем избор имаат на производи, дури кога видов креми во ќошот колку имаат.
Сакам да резервирам викенд во Берово само не знам каде. Ние сме 4 и сакам во вилата да ми е топло и чисто и не многу скапо. На групер гледав вип хотел е 2000 денари и ми е скапо а ме привлече апартмани Природа 1390 во близина на езерото. Па сакам да ми кажете што мислиш за таму, или за вила Иван, Хестиа, Лина па да се јавам и таму. Сакам да посетам убаво ресторанче ако можеш да ми препорачате и некој специјалитет. По кој пат треба да патувам? Дали преку Штип? Сакам да ја посетам Струмица исто по кој пат да одам? И нешто друго да ми препорачате да посетам,а сакам и сирење да купам, каде можам да најдам? Манастирец ми е во план да го видам и нешто таму да каснам.
За јадење би ти го препорачала ржаното лепче со свинско и кашкавал сон е мнооогу е вкусно незнам дали го прават на друго место ние го пробавме во х. Манастир. Ние лога одевме бевме преку Штип
Вила нешо, пред аурора е на самиот пат. За јадење во хотел манастир. Се оди преку штип да. За струмица не би ти го препорачала патот од кај Берово, зошто е катастрофа. Барем беше пред 4 години. Планина е со кратери по патот. А блиску е. Берово е преубаво. Природа, чист воздух. Ние секоја година одиме.
Фала душо, а велиш да не одам во Струмица . А за колку часови-минути се стигнува Струмица-Берово? Можеби подобро во Кочани. Сепак благодарам многу.
Абе реално по км е мн блиску. Еве 55км вика. Ама мн лош патот. Кривини, дупки.. се искачуваш искачуваш, и таман викаш толку пак нагоре хахаха... ние као да прошетаме и одевме од таму, ама да ти кажам историја ми се виде.
Горе- долу 1 час, зависи од шоферот. Патот не е толку лош сега, правени се некои обнови. Но самиот терен е планински и лош. Сепак не би бил пречка за патување.
Вила нешо не знам дали моментално ја издаваат, инаку е во непосредна близина со нашата. Почина газдата сега брзо, па сега додека се оправат кој како што... гледам дека не идат гости моментално. Патот не е сјаен ама не е толку лош 40-55 мин се доволни. Ние често го возиме и освен што има кривини, ништо полош не е од било кој друг пат низ Македонијава. Нешто слично како и патот виница берово, од пред лаки па до обозна..
Едно од местата во кои уживам кога сум таму. Уживам, во вистинската смисла на зборот. Чист воздух, зеленило, мир и спокој, фин и убав народ... Оваа пролет одам пак. Топла препорака за ресторан Манастир. Одлична услуга, добар амбиент, одлична храна... Кој бил знае, кој не, ми препорачувам на следна посета на Берово да го посети и ресторанов. За ресторан, како што кажав и над овој пост, Манастир. Не знам од кој град си и од каде ќе патуваш. Јас сум од Скопје и патував до Берово преку Штип (Виница). Патот на некои места е со кривини, дупки немаше многу. Специјалитет некој од тој крај не знам да ти препорачам, но можам да ти препорачам да си купиш боров мед (400 денари од тегла беше лани есента кога купував јас) и сирење (и јас барам) од Берово или Малешевијата. За Струмица, не знам каков е патот и не можам да ти кажам за тоа. Инаку во врска со сместувањето, ако сте со поголем буџет, би ти препорачал да ноќевате во апартманите на Аурора. Лично не сум бил, но многу мои блиски што биле го пофалиле.
Во аурора го плаќаш само базенот и екстра наместените соби.. реално за 70 евра од ноќ, треба да нудат многу повеќе. Ако не иде наваму човек поради базенот и спа центарот, тогаш подобро е да се смести во Манастир за 40 евра со појадок, отколку во Аурора.. А искрено тука треба да дојдете поради природата а не поради спа туризмот и базените.. Тоа го има и во Скопје и на 99% од местата низ Македонија Беровски специјалитети... Малешевска тава, буламач, качамак со клиси, компир во 101 варијанта, бабина торта е една од најкарактеристичните за овој крај. Жежено сирење, има убава крвавица, белото сирење секако, матеница, стригле, традиционален зелник со беровско сирење... Мед, боров сируп, слатко од шумски јагоди кои се веќе тешки за наоѓање Што да посетите... Св.Архангел Михаил и да ја слушнете приказната за неговата изградба која што според мене е интересна, како и таа за Евгенија Музејот Црквата Рождество на Пресвета Богородица каде што пред години гром утепа премногу луѓе а има доста различни верувања зошто ... јас би рекла случајност, ама интересно е да се чујат мислењата на другите.. Браната т.е езерото На лето во Берово се иде и за пешачење по стазите кои се одбележани и мапирани...да се посети некое бачило и да се запознаете со производството на сирење, буламач а и да соберете некоја лековита билка, малини, капини, шумски јагоди, трнки, дренки, чај итн.. Имаме и настани како Берово етно плоштад кој што е и меѓународен фестивал, настанот Малешевијата на дланка, после тоа убаво е да се посети Берово за Голема Богородица, има огромна прослава а годинава што измина и цел политички врв дојде да не види Имаме исто така и Ендуро трка со мотори по планиниве наши убави.. Имаме и меѓународно офроуд рели со теренски возила.. Не, не сум беровчанка.. Само ете патот ме донесе тука да живеам и го сакам местово како да ми е мој прв и единствен дом
Ресторан мрс и ресторанот на хотел манастир Некои од тие работи тешко ќе ги најдеш, како на пример буламачот од овчо млеко. Гледам дека иако ретко се нуди буламач, се преориентирале на буламач од кравјо млеко што за чудо има слична текстура и добро залажува ама нема ист вкус. Овчото млеко има далеку повисока масленост од кравјото па затоа ни во текстура не може да биде идентично а не па на вкус. Стриглето ти е младо сирење што никаде не можеш да го пробаш освен во планините на некое бачило или некоја баба да ти направи. Во ресторан нема.. Слатко од шумски јагоди треба да служат во манастир заедно со бабината торта. Дали секогаш служат или само кога имаат - не знам, ќе те излажам ако гарантирам.. Во манастир имаш ладна даска со сирење, буламач, крвавица, пафлак и жежено сирење.. ете предлог како да пробаш неколку работи наеднаш. Иако морам да кажам дека не се 100% автентични како што ги правиме по дома, повеќе се искомерцијализирани.. сепак вкусот е приближно ист. И во Мрс горе долу истото се нуди.
@Dust знам дека почина газдата.. секоја година одиме кај него. Не сме се слушнале со жена му да видиме дали издава ама на фб е активна со слики и реклами.
Комшивка ни е жена му, ама таму е замрсена работа. Ќе видиш кога ќе дојдеш нареден пат..не значи дека баш она ќе те пречека свашта гази по светов, само тоа ќе ти речам
Абе и јас не ги пратам, кој кој е зет, сестра, жена..овој оној... Како и да е, сите биле коректни према нас, буквално сме се понашале ко дома. Дури и ние имаме гости пречекувано и сместувано..
Супер си се луѓето од таа страна Небитно, муабетот ми беше дека моментално гости не гледам а скоро секој ден сум таму. Спојлер: .. може и во двор кај нас си паркирала Убав провод следен пат во Берово ако сакаш ќе частам кафе на "комшиска" основа
Извини што ќе се вмешам во муабетот, но за која жена точно станува збор? Газдарицата на ресторан Мрс или друго нешто?
Горе пишува - на една од вилите. Газдарицата на мрс фала богу е жива и здрава, а и цела нивна фамилија.. Иако (еве еден поразителен податок) скоро речи секој ден има по еден починат, а нема ни 10тина родени од нова година.. Кај и да е, нема жив човек да остане тука
Жално е на каде оди ситуацијата на цел тој источен крај. На крај нема да остане и кој сирење и мед да произведува. Пехчево е со истата приказна, ако не е и бетер станато.